Њујорк Getaway

цена од
2.499
EUR ,00
сега од
1.999
EUR ,00
траење
8 дена
Барање
Барање

Њујорк што го знаеме од филмови, конечно во живо 🗽

Times Square, Broadway, Fifth Avenue, Central Park, Brooklyn Bridge и Статуата на Слободата се места што сите ги препознаваме уште пред да пристигнеме. Овојпат не ги гледате на екран, туку сте сред нивната енергија, светла и ритам. Тоа е оној Њујорк што со години го замислувате, само што сега навистина сте таму.

Хотелот ни е во срцето на Manhattan 🏨

Престојуваме шест ноќи во VOCO Times Square South New York by IHG, на локација што ве остава сред самата енергија на Manhattan. Блиску сте до Times Square, Broadway, Fifth Avenue и дел од најпознатите места во градот, па и по завршувањето на организираната програма можете лесно да продолжите со прошетка, шопинг или самостојно истражување.

Times Square и Broadway by Night - БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ 🎭

По пристигнувањето ја започнуваме авантурата со организирана вечерна прошетка низ Times Square и Broadway, без дополнителна доплата за излетот. Неоните, огромните екрани и енергијата на градот што никогаш не спие се првиот вистински контакт со Њујорк.

Од Fifth Avenue до SoHo, го запознаваме вистинскиот Manhattan ✨

Програмата не застанува само на најпознатите знаменитости. Од Carnegie Hall, Plaza Hotel и Rockefeller Center, преку Greenwich Village и High Line, до Hudson Yards и SoHo, гледате колку различен може да биде Manhattan од кварт до кварт.

Статуата на Слободата, Wall Street и Brooklyn Bridge во еден ден 💯

Одиме до Liberty Island и Ellis Island, а потоа продолжуваме низ финансиското срце на градот со Wall Street, New York Stock Exchange, Charging Bull и One World Trade Center. Денот го завршуваме на Brooklyn Bridge, со еден од најпрепознатливите погледи кон Manhattan и East River.

Central Park и ден за музеи 🌳

Сред целиот градски ритам, доаѓа време и за Central Park, Bethesda Terrace и малку поспоро уживање во градот. Потоа можете да изберете меѓу MET, American Museum of Natural History и MoMA, зависно дали повеќе ве привлекуваат уметност, историја или наука.

Крстариме покрај светлата на Менхетен 🌃

Навечер го гледаме Њујорк од сосема поинаква перспектива, од вода. Осветлените облакодери, Manhattan skyline и Статуата на Слободата создаваат онаа сцена што изгледа како филм, само што овојпат сте дел од неа.

Њујорк го гледаме и од височина 🌆

Со Roosevelt Island Tramway добивате панорамски поглед кон Manhattan уште додека се движите над градот, а потоа ја посетуваме и легендарната Grand Central Station. За оние што сакаат уште една перспектива, Top of the Rock нуди поглед кон Central Park, skyline-от и Статуата на Слободата во далечина.

Од Times Square до Белата куќа 🏛️

Со факултативниот излет до Washington D.C. добивате уште едно големо американско доживување во истото патување. Белата куќа, Capitol, Washington Monument, Lincoln Memorial и Smithsonian NASA Museum ви ја покажуваат сосема поинаквата, монументална страна на Америка.

Бевме и сè видовме со оваа програма 🇺🇸

Со оваа програма ги поминуваме иконските места, најпознатите квартови, музеите, погледите и атмосферата поради која Њујорк е толку посебен. Од Times Square и Статуата на Слободата до Brooklyn Bridge, Central Park и Washington D.C., на крај останува чувството дека навистина сте биле и сте виделе сè што вреди.

Сè ти е средено 🤍

Летови со Turkish Airlines и вклучен багаж, аеродромски трансфери, сместување и појадок се однапред организирани. Програмата е составена така што ќе ги доживеете иконските места, квартовите, музеите, погледите и атмосферата поради која Њујорк е еден од најпосакуваните градови во светот. Тебе ти останува само да го доживееш Њујорк, овојпат не на екран, туку во живо.


Рута
Скопје
Истанбул
Њујорк
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Видови патувања
Далечни Патувања 🌍
Дестинации
Северна Америка, Соединетите Американски Држави
Код на патување
US11
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 28. 4. 2027

Состанок на Меѓународниот аеродром во Скопје, два часа пред летот. Разговараме за футуризам, хедонизам и нова димензија додека со нетрпение го чекаме нашиот лет. Лет од Скопје до Њујорк со кратко преседнување во Истанбул. Одиме на западот во градот кој што никогаш не спие!! Авантурата може да започне!!! Пристигнуваме во Њујорк во попладневните часови, имаме трансфер до нашето сместување. Вечерта ја започнуваме со прошетка низ срцето на градот, познатиот Times Square. Светлата, неонските реклами и живата атмосфера создаваат уникатно доживување што никогаш нема да го заборавите. Одиме на вечера но и на пијачка на некој руфтоп, I love you New York! Ноќевање.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Њујорк (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместување.

Сместување

VOCO Times Square South New York by IHG 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Њујорк

Денот го започнуваме со посета на места кои го раскажуваат духот на Њујорк. Првата станица ни е Carnegie Hall една од најпознатите концертни сали во светот, каде што настапувале музички легенди како Тосканини, Елвис Присли и The Beatles. Вистински симбол на уметноста и културната елеганција на градот. Продолжуваме по единствената 5th Avenue улица на луксузот, модата и стилот, каде што ќе го видиме и иконскиот The Plaza Hotel, симбол на стара холивудска гламурозност и раскош. Тоа е тој ретро град. Ќе застанеме пред величествената катедрала Свети Патрик, архитектонско ремек-дело и оаза на духовен спокој среде модерни облакодери. Следна станица е култниот Rockefeller Center симбол на динамиката на градот, познат по зимското лизгалиште, новогодишната елка. Потоа се упатуваме во Greenwich Village квартот на уметноста и креативноста. Шармантните улички, уникатните кафулиња, книжарниците и џез баровите создаваат атмосфера што инспирира и опушта. Продолжуваме со прошетка по модерниот High Line урбан парк изграден на стара железничка линија, кој нуди прекрасни погледи кон новиот кварт Hudson Yards и футуристичката структура Vessel, која го освојува вниманието со својот уникатен дизајн. Денот го завршуваме на Pier 57 нов модерен центар исполнет со културни и гастрономски содржини. На неговиот rooftop не очекува спектакуларен поглед кон реката Хадсон и хоризонтот на Менхетен. Дали и ти ја почувствува оваа урбана магија? Ноќевање.

Сместување

VOCO Times Square South New York by IHG 1 ноќ

Место

  • Њујорк

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Авантурата ја започнуваме со Островот на слободата (Liberty Island), дом на светски познатиот Кип на слободата симбол на Њујорк но и на САД. Овој монументален подарок од Франција претставува добредојде за милиони имигранти што успеале да стигнат во светот наречен Америка. По посетата, продолжуваме кон Островот Елис (Ellis Island), каде се наоѓа поранешната имиграциска станица и музеј што раскажува безброј лични приказни на оние кои го започнале својот нов живтен пат токму овде. По враќањето на Менхетен, следува пешачка тура низ финансискиот кварт каде што ќе ја видиме Wall Street, Њујоршката берза од 1903 година, Федералната резервна банка каде се чуваат околу 10% од светските резерви на злато и познатиот Charging Bull, симбол на финансиската моќ и оптимизам. Продолжуваме низ Lower Manhattan, местото каде што Њујорк бил основан уште во 1620 година. Со своите фасади од тули, челични противпожарни скали и пареа што се издига од шахтите, ќе се чувствувате како во сцена од филм. Токму тука ќе видиме безброј колонијални цркви, рано американски споменици, и супермодерни облакодери меѓу кои и One World Trade Center највисоката зграда во западен Њујорк со височина од 541 метар. Во близина се наоѓа и Националниот меморијален центар 9/11, посветен на жртвите од 11 септември 2001 година тивко, но моќно место. Одиме кон шармантниот кварт SoHo, некогашно прибежиште на уметници, денес урбан центар исполнет со дизајн, мода и одлични гастрономски специјалитети. Денот го завршуваме со прошетка по легендарниот Бруклински мост (Brooklyn Bridge), најстариот висечки мост во светот кој од 1883 година е дел од препознатливиот пејзаж на Њујорк. Тука уживаме во незаборавниот поглед кон skyline-от на Менхетен и East River. Враќање во сместување. Ноќевање.

Сместување

VOCO Times Square South New York by IHG 1 ноќ

Место

  • Њујорк

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Денот го започнуваме со единствениот Централ Парк, зелената оаза на Њујорк. Одиме на прошетка низ Бетесда терасата и фонтаната, еден од најфотографираните делови на паркот. Шетаме низ паркот а од таму денот го резервираме за посета на богатата културна сцена на Њујорк. Одбираме помеѓу еден од трите најпрестижни музеи во светот. Ако ве привлекува класичната уметност, The Metropolitan Museum of Art (The MET) е вистинска ризница со над два милиони експонати, од древни египетски артефакти до ремек-дела на Ван Гог и Пикасо. За оние што ги фасцинираат науката и историјата, American Museum of Natural History нуди патување низ времето, со импресивни фосили на диносауруси, вклучувајќи го и познатиот скелет на Тираносаурус. Доколку пак сте љубители на современата уметност, Museum of Modern Art (MoMA) е срцето на модерниот свет, каде ќе ги видите култните дела на Ван Гог, Дали и Ворхол. Полни со знаење заслуживме и пауза во Bryant Park. Време е да се опуштиме, да испиме кафе и да размениме впечатоци пред да продолжиме понатаму. Вечерта кулминира со магично ноќно крстарење околу Менхетен. Од вода, ќе уживаме во спектакуларниот поглед на осветлените облакодери, силуетата на градот и величествената Статуа на Слободата. Ова е совршен начин да го завршиме денот носејќи незаборавни спомени од Њујорк. Ноќевање.

Сместување

VOCO Times Square South New York by IHG 1 ноќ

Место

  • Њујорк

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Рано наутро тргнуваме на факултативен излет до Вашингтон - главниот град на САД. Започнуваме со посета на International Trade Center (Mеѓународниот Трговски Центар) и зградата на Роналд Реган (Ronald Regan Building), околу овие две згради се наоѓаат сите главни атракции на градот, како Капитол зградата (Capitol Building), Белата куќа (White House), споменикот на Вашингтон (Washington Monument) и споменикот на Линколн (Lincoln Memorial). Шетаме по најпознатата авенијата во градот -- авенијата Пенсилванија, каде се наоѓа споменикот -- Иво Џима, Меморијалот на корејските воени ветерани и споменикот на виетнамските воени ветерани. Нашата авантура ја завршуваме во познатиот Smithsonian NASA Museum -- каде се запознаваме повеќе со работата на оваа позната инститиуција и свеленската трка. Ноќевање.

Сместување

VOCO Times Square South New York by IHG 1 ноќ

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ајде да го откриеме Њујорк од една поинаква перспектива, комбинирајќи спектакуларни погледи со посета на едно од најголемите архитектонски достигнувања на градот. Денот го започнуваме со возбудливо возење на Roosevelt Island Tramway, легендарниот кабелски воз кој нуди неверојатни панорамски погледи кон Менхетен и реката Хадсон. Ова е уникатна можност да ги видите градските облакодери од сосема нова перспектива. Потоа, ќе го посетиме Grand Central Station, симбол на елеганцијата и историјата на Њујорк. Ќе бидете воодушевени од импресивната главна сала и сиот нејзин раскош. За оние кои сакаат дополнителна авантура, постои можност да се искачите на Top of the Rock. Од оваа точка ќе уживате во еден од најспектакуларните панорамски погледи на Менхетен, вклучувајќи го и бескрајниот Central Park, но ќе ја видите и Статуата на Слободата во далечина. Ноќевање.

Сместување

VOCO Times Square South New York by IHG 1 ноќ

Место

  • Њујорк

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме нашето сместување. Имаме слободно време да прошетаме низ Њујорк, да докупиме уште по некој сувенир и да посетиме уште некое култно место или руфтоп. Вечерен трансфер од хотел до аеродром.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром.

Место

  • Њујорк

Храна

  • Континентален појадок × 1

Лет од Њујорк до Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Њујорк - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Њујорк
  • Истанбул
  • Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. 

Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.

Што е вклучено

Сместување

VOCO Times Square South New York by IHG Пример 6 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Њујорк (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместување.
  • Трансфер од сместување до аеродром.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Њујорк - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

6 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за САД

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Њујорк City Tour #1

Њујорк City Tour #1
Цена: 50,00 USD

Денот го започнуваме со посета на места кои го раскажуваат духот на Њујорк. Првата станица ни е Carnegie Hall една од најпознатите концертни сали во светот, каде што настапувале музички легенди како Тосканини, Елвис Присли и The Beatles. Вистински симбол на уметноста и културната елеганција на градот. Продолжуваме по единствената 5th Avenue улица на луксузот, модата и стилот, каде што ќе го видиме и иконскиот The Plaza Hotel, симбол на стара холивудска гламурозност и раскош. Тоа е тој ретро град. Ќе застанеме пред величествената катедрала Свети Патрик, архитектонско ремек-дело и оаза на духовен спокој среде модерни облакодери. Следна станица е култниот Rockefeller Center симбол на динамиката на градот, познат по зимското лизгалиште, новогодишната елка. Потоа се упатуваме во Greenwich Village квартот на уметноста и креативноста. Шармантните улички, уникатните кафулиња, книжарниците и џез баровите создаваат атмосфера што инспирира и опушта. Продолжуваме со прошетка по модерниот High Line урбан парк изграден на стара железничка линија, кој нуди прекрасни погледи кон новиот кварт Hudson Yards и футуристичката структура Vessel, која го освојува вниманието со својот уникатен дизајн. Денот го завршуваме на Pier 57 нов модерен центар исполнет со културни и гастрономски содржини. На неговиот rooftop не очекува спектакуларен поглед кон реката Хадсон и хоризонтот на Менхетен. Дали и ти ја почувствува оваа урбана магија?

Liberty Island, Elise Island & New York City Tour #2

Liberty Island, Elise Island & New York City Tour #2
Цена: 60,00 USD

Авантурата ја започнуваме со Островот на слободата (Liberty Island), дом на светски познатиот Кип на слободата симбол на Њујорк но и на САД. Овој монументален подарок од Франција претставува добредојде за милиони имигранти што успеале да стигнат во светот наречен Америка. По посетата, продолжуваме кон Островот Елис (Ellis Island), каде се наоѓа поранешната имиграциска станица и музеј што раскажува безброј лични приказни на оние кои го започнале својот нов живтен пат токму овде. По враќањето на Менхетен, следува пешачка тура низ финансискиот кварт каде што ќе ја видиме Wall Street, Њујоршката берза од 1903 година, Федералната резервна банка каде се чуваат околу 10% од светските резерви на злато и познатиот Charging Bull, симбол на финансиската моќ и оптимизам. Продолжуваме низ Lower Manhattan, местото каде што Њујорк бил основан уште во 1620 година. Со своите фасади од тули, челични противпожарни скали и пареа што се издига од шахтите, ќе се чувствувате како во сцена од филм. Токму тука ќе видиме безброј колонијални цркви, рано американски споменици, и супермодерни облакодери меѓу кои и One World Trade Center највисоката зграда во западен Њујорк со височина од 541 метар. Во близина се наоѓа и Националниот меморијален центар 9/11, посветен на жртвите од 11 септември 2001 година тивко, но моќно место. Одиме кон шармантниот кварт SoHo, некогашно прибежиште на уметници, денес урбан центар исполнет со дизајн, мода и одлични гастрономски специјалитети. Денот го завршуваме со прошетка по легендарниот Бруклински мост (Brooklyn Bridge), најстариот висечки мост во светот кој од 1883 година е дел од препознатливиот пејзаж на Њујорк. Тука уживаме во незаборавниот поглед кон skyline-от на Менхетен и East River. 

Museum Day

Museum Day
Цена: 60,00 USD

Денот го започнуваме со единствениот Централ Парк, зелената оаза на Њујорк. Одиме на прошетка низ Бетесда терасата и фонтаната, еден од најфотографираните делови на паркот. Шетаме низ паркот а од таму денот го резервираме за посета на богатата културна сцена на Њујорк. Одбираме помеѓу еден од трите најпрестижни музеи во светот. Ако ве привлекува класичната уметност, The Metropolitan Museum of Art (The MET) е вистинска ризница со над два милиони експонати, од древни египетски артефакти до ремек-дела на Ван Гог и Пикасо. За оние што ги фасцинираат науката и историјата, American Museum of Natural History нуди патување низ времето, со импресивни фосили на диносауруси, вклучувајќи го и познатиот скелет на Тираносаурус. Доколку пак сте љубители на современата уметност, Museum of Modern Art (MoMA) е срцето на модерниот свет, каде ќе ги видите култните дела на Ван Гог, Дали и Ворхол. Полни со знаење заслуживме и пауза во Bryant Park. Време е да се опуштиме, да испиме кафе и да размениме впечатоци пред да продолжиме понатаму. Вечерта кулминира со магично ноќно крстарење околу Менхетен. Од вода, ќе уживаме во спектакуларниот поглед на осветлените облакодери, силуетата на градот и величествената Статуа на Слободата. Ова е совршен начин да го завршиме денот носејќи незаборавни спомени од Њујорк.

Washington D.C.

Washington D.C.
Цена: 170,00 USD

Jungle авантура во Вашингтон - главниот град на САД. Започнуваме со посета на International Trade Center (Mеѓународниот Трговски Центар) и зградата на Роналд Реган (Ronald Regan Building), околу овие две згради се наоѓаат сите главни атракции на градот, како Капитол зградата (Capitol Building), Белата куќа (White House), споменикот на Вашингтон (Washington Monument) и споменикот на Линколн (Lincoln Memorial). Шетаме по најпознатата авенијата во градот -- авенијата Пенсилванија, каде се наоѓа споменикот -- Иво Џима, Меморијалот на корејските воени ветерани и споменикот на виетнамските воени ветерани. Нашата авантура ја завршуваме во познатиот Smithsonian NASA Museum -- каде се запознаваме повеќе со работата на оваа позната инститиуција и свеленската трка. 

Roosevelt Cable Car, Central Station & Top of the Rock

Roosevelt Cable Car, Central Station & Top of the Rock
Цена: 30,00 USD

Ајде да го откриеме Њујорк од една поинаква перспектива, комбинирајќи спектакуларни погледи со посета на едно од најголемите архитектонски достигнувања на градот. Денот го започнуваме со возбудливо возење на Roosevelt Island Tramway, легендарниот кабелски воз кој нуди неверојатни панорамски погледи кон Менхетен и реката Хадсон. Ова е уникатна можност да ги видите градските облакодери од сосема нова перспектива. Потоа, ќе го посетиме Grand Central Station, симбол на елеганцијата и историјата на Њујорк. Ќе бидете воодушевени од импресивната главна сала и сиот нејзин раскош. За оние кои сакаат дополнителна авантура, постои можност да се искачите на Top of the Rock. Од оваа точка ќе уживате во еден од најспектакуларните панорамски погледи на Менхетен, вклучувајќи го и бескрајниот Central Park, но ќе ја видите и Статуата на Слободата во далечина.

Напомена: влезница за TOP OF THE ROCK не е вклулчена, истата може да изнесува од 40 до 70 USD.

Сместување

VOCO Times Square South New York by IHG

VOCO Times Square South New York by IHG
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот се наоѓа во срцето на Менхетен, во непосредна близина на Times Square, Empire State Building, Hudson Yards и High Line, на само два блока од Penn Station и Moynihan Station, како и бројни метро и автобуски станици. Хотелот располага со бесплатен Wi-Fi, 24-часовен фитнес центар, ресторан Finches Den со сезонска надворешна тераса, додека собите се модерно и удобно уредени и располагаат со клима-уред, бесплатен Wi-Fi, како и сеф.

Вебсајт https://www.ihg.com/voco/hotels/us/en/new-york/nycvm/hoteldetail

Адреса 343 West 36th Street New York
NY 10018 United States

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.