Еквадор

Еквадор

Неверојатниот свет на Јужна Америка во Еквадор! Во Еквадор,Андите, Пацификот и Амазон се наоѓаат на релативно мала територија, така што ќе имаме можност да ги истражиме најактивните вулкани на планетата, богатите шпански колонијални градови, пазарите на Инките, културата на Инките, тајните на Андите, племињата во џунглата, тајните на Амазон, одмор во Пацификот, учиме сурфање... Одлична мешавина да се запознаеме со целата култура на Латинска Америка на едно место ... Инките, Амазон, Андите и Пацификот ... Кито е главен град на Еквадор и се наоѓа на 2800м надморска височина. и е втор највисок град во светот. Сместено е на источните падини на Пичинка, активен стратовулкан на Андите. Историскиот центар во Кито е еден од најголемите и најдобро зачуваните историски центри во Америка со сите урнатини на античките Инки. Како такво, за прв пат беше ставен на списокот за светско наследство на УНЕСКО. Ние исто така ќе се упатиме кон Бањос, опкружено со водопади кои се спуштаат од Андите и привлекуваат авантуристи од целиот свет. Исто така се нарекува и „Порта на Амазон“, и ќе уживаме во адреналински активности - рафтинг, кајак, пешачење, велосипедизам, јавање на коњи, банџи скокање, zip line. По возбудливите активности се одмораме во hot springs со масажи. Покрај прекрасното колонијално наследство, наместо Куенка, ќе продолжиме по трасата кон Монтањита, мал град на пацифичкиот брег на Еквадор познат како сурферски град, каде честопати се организираат фестивали, наречен и латиноамериканска Ибица. Jungle tribe ве води на неверојатни авантури во оваа магична земја!

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Еквадор

1. ПОШТИ ПОДАТОЦИ

Република Еквадор е држава во Јужна Америка. Главен град е Кито, додека најголем е Гвајакил. Еквадор вкупно има нешто повеќе од 13,000,000 жители. Се граничи со Колумбија и Перу, излегува на Тихи Океан.

Површина на земјата: 283560 km2

Број на жители: 13 miliona

Главен град: Кито

Националност: мнозинство Местизоси

Официјален јазик: Шпански, кечуански

Вероисповед: Католици

2. ВИЗА

За државјаните на Р. С. Македонија не е потребна виза за престој во Еквадор до 90 дена.

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА

Временската зона е UTC -5

4. КЛИМА

Во Еквадор има повеќе климатски подрачја и времето е доста променливо. Температурата е летна (висока) на брегот на Тихиот Океан во текот на целата година додека во областа околу Кито и на планините може да виде доста поладно во текот на ноќта и во преодниот период. Врнежите од дожд се чести во подрачјето на Амазон и на планините. на големите надморски висини, воздухот е тежок и тешко се дише. Постои опасност од висински болести и се препорачува бавно движење.

5. ХРАНА

Храната е многу разновидна и богата. Има многу пченка, грав, ориз, риба, пилешко, овошје и зеленчук. Исто така, има многу зачинета храна, како и големо влијание од европската кујна. Во големите градови и туристичките места има многу ресторани со интернационална кујна. Внимавајте ако не јадете луто, треба тоа да го потенцирате на келнерот. Има улична храна, но не толку многу, најмногу се наоѓа на локалните пазари. Цените во рестораните се на ниво на цените во Европа. Свежо овошје и исцедени овошни сокови ќе најдете на секој чекор од патот, и тоа по многу разумни цени. Важно е да се напомене дека треба да се пие флаширана вода!

6. ВАКЦИНИ И ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА

Вакцинација не е задолжителна освен за патниците кои одат на Амазон. Нашите патници индивидуално одлучуваат дали ќе се вакцинираат. Најдобро е да се консултирате со институтот за јавно здравје и да проверите. Пожелно е да понесете лекови за стомачни тегоби (пробиотик), фервекс или некои лекови против болка и покачена телесна температура, Аутан или слични средства против убоди од комарци, за секој случај.

7. ОСИГУРУВАЊЕ

Осигурување не е задолжително но е секако препорачано. Можете да го подигнете во која било осигурителна компанија или да го уплатите во агенцијата најдоцна 5 дена пред поаѓање.

8. БЕЗБЕДНОСТ

Ситуацијата во Еквадор е генерално стабилна, безбедна и мирна. Се советува внимание од ситни кражби и џепароши во големите градови и туристичките места. Прошетката по улица е слободна и без проблеми дури и во вечерните часови во сите туристички места, додека во доцните вечерни часови не е препорачливо само во вонградските општини на големите градови. Дрогата е нелегална појава, и како таква е казнива со закон и затвор.

9. ОБЛЕКА

Спакувајте колку што е можно помалку и полесни работи! На повеќето места, алиштата може да се исперат. Со оглед на високите температури, понесете лесна гардероба. Потребна ви е дуксер или некоја лесна јакна и некои долги пантолони бидејќи времето често се менува брзо и навечер може да се постуди. Понесете неколку удобни патики за трекинг. При посета на културно-историски места, конкретно катедрали, храмови, имајте во предвид дека е задолжително да ги покривате нозете и рамената, затоа внимавајте при пакувањето. Ако заборавите нешто, од облека, козметика, обувки, без грижи, имате сè да купите таму.

10. ПАРИЧНИ СРЕДСТВА

Во Еквадор се користи американски долар.

Банкарскиот систем е широко развиен, така да ќе најдете бројни банки и банкомати на секој чекор. За провизијата на користење на банкоматите обратете се во Вашата банка. Наша препорака е да понесете готовина. Користењето на платежни картички е можно, но тоа морате претходно да го најавите во Вашата банка за да не дојде до блокирање на картичките.

11. КОМУНИКАЦИЈА

Нашите мобилни мрежи функционираат во Еквадор, а секако можете да купите и локална SIM картичка. WiFi има во сите сместувања и ресторани, така што на тој начин можете да контактирате со семејството и пријателите.

12. ТОПЛА ПРЕПОРАКА

Еквадор е една од природно најбогатите земји во светот со над 80 активни вулкани и бројни хидрографски места. Постојат многу можности за секаков вид активности, бидејќи дестинацијата ги исполнува сите видови на потребите од најразлични туристи, сè е добро организирано, па може да се каже дека оваа земја има една од најкомплетните туристички понуди во светот (развиени градови, одлична инфраструктура, богато културно и историско наследство, бројни музеи, прекрасно и чисто море, песочни плажи, врвен ноќен живот, планини над 6000 метри надморска височина со бројни патеки за трекинг, вкусна храна, кањони и реки за екстремен туризам...). Исто така, постојат многу уникатни работи во Еквадор, како што е центарот на светот (линијата на Екваторот), слегувајќи во вулкан кратер исполнет со вода, разгледување на китови...