Мароко и Тенерифе

цена од
1.599
EUR ,00
сега од
1.399
EUR ,00
траење
10 дена
Барање
Барање

Мароко и Тенерифе – патување низ контрасти, култури и незаборавни пејзажи!

Мароко, земја на контрасти: од песочни плажи кои ги заплискува Атлантскиот Океан, преку врвовите на планината Атлас покриени со снег, до бескрајната пустина Сахара. Со Мароко владееле три берберски и три арапски династии, оставајќи богато културно наследство и јазична разновидност што се чувствува на секој чекор. Сместени сме во „Црвениот град“ – Маракеш, престолнина на сите династии, основан во 11. век од Јусуф Ибн Тахфин од династијата Алморавиди. Градот е опкружен со 12 километри долги бедеми со девет капии и напреден систем на подземни канали.

Во срцето на Маракеш се наоѓа Медина – Стариот град, лавиринт од тесни улички исполнети со живописни сукови каде можете да најдете сѐ „од игла до локомотива“. Гужва, мириси на зачини, мотоциклисти што се провлекуваат низ масата, туристи со фотоапарати – сето тоа создава уникатна атмосфера. Марами, кожни ташни, накит, керамика – вистински рај за сетилата.

И токму кога мислите дека оваа авантура не може да биде подобра – продолжуваме кон магичниот остров Тенерифе! Замислете црни песочни плажи, драматични „месечеви“ пејзажи, скриени заливи и зајдисонца што ќе ги паметите цел живот. Да, и тоа е Шпанија – но со тропски дух и посебна енергија.

Без разлика дали сакате да се изгубите во ориенталната магија на Мароко, да ги истражувате вулканските врвови на Теиде или едноставно да уживате со чаша освежителна сангрија покрај океанот – ова патување нуди по нешто за секого.

Jungle освојува уште една дестинација – спој на Африка и Европа во едно незаборавно искуство.

Спремни сте? 🌍✈️


Рута
Скопје
Истанбул
Маракеш
Тенерифе
Касабланка
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел, Guesthouse
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Африка, Европа, Мароко, Шпанија
Видови патувања
Далечни Патувања 🌍
Код на патување
MA17
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Состанок на патниците на Меѓународниот аеродром во Скопје. Лет од Скопје до Маракеш со преседнување во Истанбул. Пристигнуваме во попладневните часови во Маракеш и имаме трансфер до хотелот. Се сместуваме во хотелот и имаме слободно време за истражување на Маракеш. Ноќевање. 

Превоз

  • Индивидуален авио билет од Скопје до Истанбул (Turkish Airlines) во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет од Истанбул до Маракеш (Turkish Airlines) во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Hotel Ayoub & Spa 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Маракеш

Се будиме во единствениот Маракеш. Започнуваме наутро со прошетка низ Мел (еврејскиот кварт), во кој се сместени најстарата синагога во градот, како и еврејски гробишта. Ја посетуваме Ел Бахија, палата од 19 век која со децении, служела како резиденција на големите везири. Нејзината градина се смета за една од најубавите во целиот Мароко и градина на која сите везири биле особено горди. Ја посетуваме и палатата Ел Бади, односно Величенствената палата. Изградена е во времето на султанот Ахмед Ал Мансур во втората половина на шеснаесеттиот век. Тој бил современик и сојузник на кралицата Елизабета I на Англија. Влегол во историјата на светот како еден од најмоќните и најбогатите султани. Важел за голем дипломат, градител, освојувач и заштитник на уметноста. Вистинска ренесансна личност длабоко во подножјето на митската планина Атлас. Султанот Ахмед Ал Мансур потекнувал од династијата Саади, чии гробници се наоѓаат недалеку од самата палата. По палатата, истражувајќи влегуваме во улица, покриена од сонцето, преполнета со тезги и луѓе што брзаат некаде, секој со својата работа. Кој нема да прозборува тука арапски или берберски, исто како да не бил во Мароко. Стотици улични продавачи ги продаваат своите ракотворби. Жените со тетоважи ни ја покажуваат уметноста нацртана на рацете и на лицето, нудејќи ни ја нивната уметност, додека безброј скутери се обидуваат да се пробијат низ толпата луѓе. Шетајќи низ Казба, пред нас се појавува најубавата порта на градот - Баб Агнау. Таа е една од 19-те порти на Маракеш и е изградена во 12 век за време на династијата Алмохад. Ја завршуваме оваа наша авантура со автентично мароканско кафе и се враќаме назад кон хотелот. Ноќевање.  

Сместување

Hotel Ayoub & Spa 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон аеродромот во Маракеш и имаме лет до Тенерифе. Пристигнуваме Во Тенерифе и имаме трансфер до Хотелот во кој ќе бидеме сместени. Слободно време за уживање во градот. Ноќевање. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Маракеш- Тенерифе, во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Puerto Palace 1 ноќ

Место

  • Маракеш
  • Тенерифе

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадокот, започнуваме со нашата прва авантура на незаборавниот Тенерифе. Се искачуваме во облаците во Националниот парк Теиде, дом на највисокиот врв во Шпанија и неверојатни пејзажи. Посетуваме неколку видиковци и уживаме во незаборавните глетки. Оттука продолжуваме во Икод де лос Винос (Icod de los Vinos) -- една од најпознатите и најживописните долини на Тенерифе. Оваа долина е позната како домот на познатото Змејско дрво (Dragon Tree) -- дрво кое изгледа како да е искочено од некој филм. Тука го пиеме и познатото шпанско вино кое поттекнува од овој град. Продолжуваме кон две прекрасни села -- Гарачико (Garachico) и Маска (Masca). Започнуваме со Маска -- прекрасно село вклесано во планината, кое наликува како на некој Дизни цртан. А нашата авантура ја завршуваме во Гaрачико (Garachico) -- еден од најживописните крајбрежни градови на Тенерифе кој е вклесан во вулканска карпа. Пешачиме низ неговите шармантни улици со калдрма, а потоа завршуваме на плажа -- уживаме со сангрија и коктел во некој од локалните beach барови. Се враќаме во нашето сместување и имаме слободно време да го истражиме градот. Ноќевање.

Сместување

Puerto Palace 1 ноќ

Место

  • Тенерифе

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Овој ден ја доживуваме душата на овој фасцинантен остров. Започнуваме со истражување на колоритните улици на Ла Лагуна, град под заштита на УНЕСКО, полн со историја и шармантни колониални згради. Оттука продолжуваме во Канделарија, град познат по Црна Богородица и статуите на Гуанчите кои се наоѓаат покрај самиот брег. А потоа заплови во урбаниот ритам на Санта Круз (Santa Cruiz), најпознатиот град на Тенерифе. Град кој изобилува со уметност, шопинг и модерна атмосфера.

Сместување

Puerto Palace 1 ноќ

Место

  • Тенерифе

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Овој ден имаме слободно време за плажа во Пуерто де ла Круз или пак можност за посета на Ла Гомера -- еден од осумте канарски острови. Место кое наликува како да припаѓа на некоја сосема поинаква планета. Започнуваме со истражување на шарените улици на Сан Себастијан, а потоа продолжуваме со кратка прошетка низ националниот парк Гарахонај. Еден од најфасцинантните места на овој остров, се качува до познатата панорама -- Мирадор де Абранте, од каде имаме незаборавен поглед над целиот остров. Нашиот ден го завршуваме во типичен Jungle стил на плажата Плаја де Сантиаго (Playa de Santiago) -- плажа со црн песок и кристално чисто море. Имаме слободно време да се одмориме од нашата авантура. Во вечерните часови се враќаме во нашето сместување. Ноќевање

Сместување

Puerto Palace 1 ноќ

Место

  • Тенерифе

Храна

  • Континентален појадок × 0

Факултативни излети

По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон аеродромот во Тенерифе. Имаме лет до Касабланка. Штом слетаме на аеродромот во Касабланка, имаме трансфер до хотелот. Се сместуваме во хотелот и имаме слободно време за уживање. Ноќевање. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Тенерифе- Касабланка, во економска класа со вклучен багаж

Сместување

Relax Hotel Casa Voyageurs 1 ноќ

Место

  • Тенерифе
  • Касабланка

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадок започнуваме со истражување на градот Казабланка (Casablanca) -- град кој станува познат по истоимениот филм со Хамфри Богарт. Ја посетуваме џамијата на Хасан II -- најголемата џамија во Африка и една од најпрепознатливите на #целсвет! Продолжуваме кон познатото кафуле -- Rick's café (каде е сниман филмот во 1942 год.). Ја посетуваме и медината - најстариот дел на градот, се движиме по стари арапски улици и пазари. Се сместуваме во нашиот хотел. Вечерта имаме слободно време да го истражиме градот. Ноќевање.

Сместување

Relax Hotel Casa Voyageurs 1 ноќ

Место

  • Касабланка

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот, се одјавуваме од хотелот. Имаме слободно време да купиме по некој сувенир, да испиеме кафе и слично. Ни следи трансфер до аеродромот во Касабланка од каде имаме лет до Скопје со преседнување во Истанбул. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Касабланка- Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Касабланка
  • Истанбул

Храна

  • Континентален појадок × 1

Лет од Истанбул до Скопје. Пристигнување во Скопје и крај на патувањето!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје(Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Важна напомена: При самото пријавување за овој аранжман, агенцијата веднаш ги купува и издава сите локални авионски карти потребни за реализција на патувањето (пр. Маракеш - Тенерифе и Тенерифе - Касабланка). Од таа причина, во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот/патниците, средствата уплатени при пријава (200€ по лице, во денарска противредност) се нерефундабилни!

Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.

Што е вклучено

Сместување

Hotel Ayoub & Spa Пример 2 ноќи
Puerto Palace Пример 4 ноќи
Relax Hotel Casa Voyageurs Пример 2 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет од Скопје до Истанбул (Turkish Airlines) во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет од Истанбул до Маракеш (Turkish Airlines) во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Маракеш- Тенерифе, во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Тенерифе- Касабланка, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Касабланка- Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје(Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

7 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Мароко

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Маракеш City Tour

Маракеш City Tour
Цена: 35,00 EUR

Го започнуваме нашиот факултативен излет низ Маракеш наутро со прошетка низ Мел (еврејскиот кварт), во кој се сместени најстарата синагога во градот, како и еврејски гробишта. Ја посетуваме Ел Бахија, палата од 19 век која со децении, служела како резиденција на големите везири. Нејзината градина се смета за една од најубавите во целиот Мароко и градина на која сите везири биле особено горди. Ја посетуваме и палатата Ел Бади, односно Величенствената палата. Изградена е во времето на султанот Ахмед Ал Мансур во втората половина на шеснаесеттиот век. Тој бил современик и сојузник на кралицата Елизабета I на Англија. Влегол во историјата на светот како еден од најмоќните и најбогатите султани. Важел за голем дипломат, градител, освојувач и заштитник на уметноста. Вистинска ренесансна личност длабоко во подножјето на митската планина Атлас. Султанот Ахмед Ал Мансур потекнувал од династијата Саади, чии гробници се наоѓаат недалеку од самата палата. По палатата, истражувајќи влегуваме во улица, покриена од сонцето, преполнета со тезги и луѓе што брзаат некаде „како муви без глави“. Кој нема да прозборува тука арапски или берберски, исто како да не бил во Мароко. Стотици улични продавачи ги продаваат своите ракотворби. Жените со тетоважи ни ја покажуваат уметноста нацртана на рацете и на лицето, нудејќи ни ја нивната уметност, додека безброј скутери се обидуваат да се пробијат низ толпата луѓе. Шетајќи низ Казба, пред нас се појавува најубавата порта на градот - Баб Агнау. Таа е една од 19-те порти на Маракеш и е изградена во 12 век за време на династијата Алмохад.

Ја продолжуваме нашата авантура и ја посетуваме една од најубавите џамии во градот. Тоа е џамијата Кутуби која како светилник, посочува излез на сите оние што залутале по тесните улички на стариот град. На огромното плато околу џамијата, гледаме остатоци од еден стар храм и палати на владетели од династијата Алморавид, втората мароканска династија по ред и една од најмоќните африкански династии досега. Пред џамијата, туристите ги пречекуваат кочијаши со украсени кочии и моќни арапски коњи, но ние продолжуваме со лежерна прошетка низ Црвениот град. Кочијашите се сметаат за исклучително умешни преговарачи, а ние го имаме целиот ден за да го совладаме ценкањето во овој град кој никогаш не спие. Пригушениот звук се засилува додека се приближуваме кон јадрото, и на крајот ја гледаме заслепувачката светлина и срцето на стариот град. Огромниот плоштад на Џема ел Фна, симболот на Маракеш, се наоѓа точно пред нас. Поради неговата автентичност, самиот плоштад се наоѓа на списокот за светско наследство на УНЕСКО. Многу туристи се заљубиле во Маракеш поради плоштадот и се враќаат во него одново и одново. Смртните казни некогаш се изведувале овде, а плоштадот следејќи го тоа го исткајал својот дух. Денес има безброј тезги на местото на страшните џелати, каде ќе купиме свежо исцедени овошни сокови, кои се подготвени на лице место од насмеаните продавачи. Ќе навлегуваме подлабоко во суковите на медината. Во овие улички можеме да купиме скоро сè, од игла до локомотива. Искусните преговарачи можат да излезат со цела вреќа со сувенири за одлична цена. Уметноста на договарањето е исклучително тешка, а продавачите на Маракеш се дефинитивно господари на нивниот занает, затоа мора да бидеме упорни, непопустливи и храбри. На крајот, некој секогаш некој попушта, на обострано е задоволството. Враќање во сместувањето во попладневните часови. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • професионален лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз според планот и програмата
  • влез во палатата Ел Бахи

Во цената на излетот не е вклучено:

  • ручек

Teide, Icod de los Vinos, Garachico и Masca

Teide, Icod de los Vinos, Garachico и Masca
Цена: 80,00 EUR

Се искачуваме во облаците во Националниот парк Теиде, дом на највисокиот врв во Шпанија и неверојатни пејзажи. Посетуваме неколку видиковци и уживаме во незаборавните глетки. Оттука продолжуваме во Икод де лос Винос (Icod de los Vinos) -- една од најпознатите и најживописните долини на Тенерифе. Оваа долина е позната како домот на познатото Змејско дрво (Dragon Tree) -- дрво кое изгледа како да е искочено од некој филм. Тука го пиеме и познатото шпанско вино кое поттекнува од овој град. Продолжуваме кон две прекрасни села -- Гарачико (Garachico) и Маска (Masca). Започнуваме со Маска -- прекрасно село вклесано во планината, кое наликува како на некој Дизни цртан. А нашата авантура ја завршуваме во Гaрачико (Garachico) -- еден од најживописните крајбрежни градови на Тенерифе кој е вклесан во вулканска карпа. Пешачиме низ неговите шармантни улици со калдрма, а потоа завршуваме на плажа -- уживаме со сангрија и коктел во некој од локалните beach барови.

 

Важна напомена: За реализација на излетот се потребни минимум 15 пријавени патници

La Laguna, Candelaria и Santa Cruz

La Laguna, Candelaria и Santa Cruz
Цена: 75,00 EUR

Овој ден ја доживуваме душата на овој фасцинантен остров. Започнуваме со истражување на колоритните улици на Ла Лагуна, град под заштита на УНЕСКО, полн со историја и шармантни колониални згради. Оттука продолжуваме во Канделарија, град познат по Црна Богородица и статуите на Гуанчите кои се наоѓаат покрај самиот брег. А потоа заплови во урбаниот ритам на Санта Круз (Santa Cruiz), најпознатиот град на Тенерифе. Град кој изобилува со уметност, шопинг и модерна атмосфера.

Важна напомена: За реализација на излетот се потребни минимум 15 пријавени патници

La Gomera

La Gomera
Цена: 135,00 EUR

Посета на Ла Гомера -- еден од осумте канарски острови. Место кое наликува како да припаѓа на некоја сосема поинаква планета. Започнуваме со истражување на шарените улици на Сан Себастијан, а потоа продолжуваме со кратка прошетка низ националниот парк Гарахонај. Еден од најфасцинантните места на овој остров, се качува до познатата панорама -- Мирадор де Абранте, од каде имаме незаборавен поглед над целиот остров. Нашиот ден го завршуваме во типичен Jungle стил на плажата Плаја де Сантиаго (Playa de Santiago) -- плажа со црн песок и кристално чисто море. Имаме слободно време да се одмориме од нашата авантура. 

Важна напомена: За реализација на излетот се потребни минимум 15 пријавени патници

Casablanca City Tour.

Casablanca City Tour.
Цена: 20,00 EUR

Казабланка - белиот град, како што посочува и самото име. Градот е основан од Португалците во 1755 година, а не од страна на Шпанците, како што многумина би помислиле заради името. Денес, Казабланка е најголемиот град во Мароко, главно пристаниште и економски центар. За разлика од другите поголеми градови, како што се Маракеш и Фес, тој нема голема медина, но во градот доминираат модерни населби со силен француски печат, наследство од колонијалниот период. Старата медина е препознатлива по својот лавиринтски стил, па губењето во истата е несомнено лесно и со одредена претпазливост ги откриваме убавините, доживувајќи го ритамот на секојдневниот живот, каде што децата трчаат по тесните улички и луѓето седат во кафулињата. Ќе се упатиме кон Кралската палата, која се наоѓа во близина на новата медина. Се карактеризира со огромен отворен плоштад пред себе, многу чувари и убава фасада што ги остава сите без здив. За жал, влезот во палатата не е дозволен, но вреди да се види призорот на восхитувачкат архитектурата однадвор. Џамијата на Хасан Втори се наоѓа во населбата La Corniche, шеталиште што се протега долж брегот на Казабланка. Кога е сончево, тоа е едно од најатрактивните места во градот, и карактеристично е тоа што малку отстапува од мароканската традиција на која сме навикнати. Ќе имаме можност уживаме во ова место со прошетка на плажа, сончање па дури и пливање во морето. 

Ја завршуваме нашата прошетка со прекрасната џамија на Хасан Втори. Таа е една од најимпресивните џамии и се смета дека има најголемо минаре во светот. Изградена е над Атлантскиот Океан, а морското дно е видливо од стаклениот под во големата сала. Претставува верски и културен комплекс и целата приказна започнала во средината на 1980-тите години кога кралот на Мароко, Хасан Втори, го признал значителниот недостаток на архитектонски и историски локалитети во Казабланка. Градот имал голем број станбени згради, канцеларии, но многу малку културен живот за да му го понуди на брзиот раст на туризмот. Интересно е што од Италија се увезувале само витраж и лустери, додека сите други материјали, како што се кедар, мермер и гранит, биле донесени од различни делови на земјата. Џамјата на Хасан е изложба на најдобриот марокански занает што ќе не остави без здив. Риков кафе - е ресторан, бар и кафе отворено во 2004 година со желба да потсеќа на Хамфри Богарт и Ингрид Бергман и филмскиот класик Казабланка. Сместен е во стар дворец, изграден по критериумите на старата Медина во Казабланка. Исполнет е со архитектонски и украсни детали кои потсетуваат на филмот - заоблени лакови, скулпторски бар, балкони и автентично Pleyel Пијано од 1930-тите години. Денес, Риков кафе продолжува да ги воодушевува страсните фанови и на момент навистина ќе се чувствувате како да сте во филмот.

Во цената на излетот е вклучено:

  • лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз по предвидениот план и програма
  • влезница за џамијата Хасан II

Во цената на излетот не е вклучено:

  • ручек

Сместување

Hotel Ayoub & Spa

Hotel Ayoub & Spa
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Ayoub & Spa е сместувачки објект со 4* (по локална категоризација) во Маракеш, Мороко. Хотелот располага со базен, џакузи, ресторан, бар, фитнес и спа центар и летна тераса. Сите соби се пространи (25m2) и располагаат сo сопствено купатило, минибар, фен за коса, телевизор со сателитски канали и сеф. 

Вебсајт https://www.hotel-ayoub-marrakech.com/

Адреса Rue Ibn Qodama
Marrakech 40000
Morocco

Puerto Palace

Puerto Palace
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Puerto Palace e сместувачки објект со 4* (по локална категоризација) на Тенерифе, Шпанија. Хотелот се наоѓа на одлична локација на Тенерифе во Пуерто де ла Круз (Puerto de la Cruz), на само десетина минути од плажа, и на 5 минути од La orotava. Хотелот располага со голем базен, сопствени лежалки, ресторан, pool bar и обичен бар, спа и фитнес центар. Хотелот располага со дво-креветни соби. Секоја соба има сопствен тоалет, мини-бар, сеф, фен, бесплатен Wi-Fi и клима уред.

Вебсајт https://www.puertopalace.com/en/

Адреса Calle Doctor Cobiella Zaera
2
38400 Puerto de la Cruz
Santa Cruz de Tenerife
Spain

Relax Hotel Casa Voyageurs

Relax Hotel Casa Voyageurs
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Relax Hotel Casa Voyageurs e сместувачки објект со 3* (по локална категоризација) во Казабланка, Мороко. Сите соби располагаат со сопствено купатило, електричен kettle, минибар, сеф, телевизор со сателитски канали и клима уред. 
Услугата е на база ноќевање со појадок. 

Вебсајт https://acollectionhotels.com/en

Адреса Bd Ibn Tachfine
Casablanca 20250
Morocco

Останати поаѓања за Африка

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.