Етиопија – Добредојдовте во Африка и нејзината изворна форма!!
Jungle авантура која ќе ве однесе од урбаната џунгла -- Адис Абеба до неверојатните предели на Долината Омо – дом на најфасцинантните племиња на планетата.
Ќе ги сретнеме жените на Мурси, симбол на храброст во Етиопија, жени кои се препознатливи по глинените дискови во нивните усни. Го посетуваме и племето Хамар, каде момчињата стануваат мажи скокајќи преку бикови, а жените гордо ги носат своите лузни како симбол на љубов и почит. Ќе се изгубиме во суровата, но магичното секојдневие на племето Дасанеч, ќе нѐ фасцинираат тетоважите на племето Карo, а сосема на крај ќе ни се насмевнат децата на племето Бена -- кои гордо пешачат на дрвени штаки. Го посетуваме и племето Консо, племе по кое долината го добива своето име. Ќе видиме како векови традиција се преточиле во уникатен начин на агрикултура и единствен општествен систем.
Исполнети од дружбата со уникатните африкански племиња се селиме во Арба Минч, еден од најживописните региони на #целсвет! Уживаме во нашиот зен додека пловиме по езерото Чамо. А се разбира ни остана уште една дружба со шареноликите народи на Етиопија. Го посетуваме народот -- Дорзе, можеби и најсреќниот народ на #целсвет, кои не хипнотизираат со нивните бајковити куќи и енергичен танц.
А на самиот крај, се вратиме во Адис Абеба – во веќе познатиот градот во кој секој агол мириса на највкусното кафе, а улиците танцуваат во афрички ритам.
Патување во срцето на Африка, каде што времето застанало, а приказните живеат.
‼️‼️ СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ‼️‼️
- Код на патување
- ET2
- Тежина
- Погодно за деца
- Не
План и програма
Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Лет од Скопје со Turkish Airlines, со преседнување во Истанбул. Преседнување на лет за Адис Абеба. Авантурата може да започне!
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Адис Абеба (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Скопје
- Истанбул
Пристигнуваме во вечерните часови во еден од најхаотичните, живописни и пулсирачки главни градови на Африка – Адис Абеба. По слетување, трансфер до нашиот хотел и ноќевањ пред вистинската авантура која е пред нас.
Сместување
Caravan Hotel Addis Abeba 1 ноќ
Место
- Адис Абеба (Addis Ababa)
Check out и трансфер до аеродром. Утрински лет кон Јинка – порталот кон една друга реалност. По пристигнувањето возиме кон Националниот парк Маго, каде нè чека првата средба со легендарното племе Мурси – препознатливи по жените кои носат глинени дискови во усните. Секое патување во долината Омо има една точка каде што тишината станува гласна. Тоа е во Мурси. Длабоко во Националниот парк Маго во југозападниот дедл на земјата, близу границата со Јужен Судан, каде патот исчезнува и само прашината останува, живее едно од најфасцинантните и најконтроверзни племиња на планетата – племето Мурси.
Жените на Мурси се симбол на африканската необичност - носат глинени дискови во долната усна. Што поголем дискот, толку поголема убавина. Толку поголем статус. Толку поголема храброст. Дисковите можат да достигнат и до 12–15 сантиметри во дијаметар! Но овде ништо не е „за слика“. Овде, сè има значење. Лузните на телото се приказни. Добредојдовте во Африка и нејзината изворна форма!
Сместување
Nassa Hotel 1 ноќ
Место
- Адис Абеба (Addis Ababa)
- Долината Омо
Храна
- Континентален појадок × 1
Сè е живо: прашина, гласови, бои, погледи. Тргнуваме на југ, кон Турми. На патот застануваме на еден од племенските пазари (Кејафер или Димека). Ќе го посетиме племето Хамар, каде младите мажи сè уште скокаат преку бикови за да докажат дека се возрасни, а жените ги носат лузните од љубовта и гордоста!
Хамар племето е едно од најпознатите во Долината на Омо, и со право се смета за едни од највпечатливите чувари на традицијата во Етиопија. Тие живеат во ридовите и долините околу Турми и се препознаваат по својата уникатна култура, украсување и спектакуларни ритуали.
Жените лесно се препознаваат по своите фризури со мали плетенки, обложени со мешавина од црвена глина и путер, кои им даваат карактеристичен изглед. Носат и кожни здолништа украсени со школки и монистра, како и тешки метални ѓердани кои често ја симболизираат нивната брачна состојба. Во ова племе и мажите и жените користат монистра и разни украси, но мажите дополнително се гордеат со лузни на телото, кои ги стекнуваат во борби или лов – симбол на храброст и зрелост.
Ритуалот „скокање преку бикови“ (Ukuli Bula) е најпознатиот обред на племето Хамар. Младите момчиња за да станат мажи мора да истрчаат и да скокнат преку редица бикови (понекогаш и повеќе пати). Ако успее, се смета дека е подготвен за брак и за преземање одговорности како возрасен маж. За време на овој обред, жените од племето самите се камшикуваат со гранки, оставајќи лузни на своето тело како симбол на лојалност и љубов кон семејството. Дефинитивно „скокањето преку бикови“ е искуство кое се памети цел живот!
Племето Хамар е познато и по своите колоритни локални пазари во Турми, каде што мажите и жените доаѓаат облечени во најубавите традиционални облеки и украсени со монистра и бои и претставуваат голем социјален настан.
Сместување
Evangadi Lodge 1 ноќ
Место
- Долината Омо
Храна
- Континентален појадок × 1
Авантурата ја започнуваме со племето Дасанеч, крај самата граница со Кенија. Дасанеч племето е едно од најфасцинантните во југоисточна Етиопија, сместено покрај бреговите на реката Омо, во една од најдивите и најавтентични области на земјата. Живеат во исклучително сурови услови, во средина со малку дожд и чести суши. Сепак, се приспособиле со комбинација на сточарство, риболов и земјоделство. Добитокот им е најголемото богатство и симбол на статус. Нивните куќи се изградени од гранки, трска и кал, често покриени со кожа или метални плочи. Дасанеч имаат специфични церемонии, меѓу кои најпозната е иницијацијата на момчињата во мажи. За време на оваа церемонија, младите мора да издржат физички предизвици и ритуали кои симболизираат храброст и зрелост. Посетата на Дасанеч племето е како патување низ времето. Тие живеат далеку од модерниот свет, но со неверојатно чувство за заедница и прилагодливост. Секој контакт со нив е прилика да се види колку различни начини постојат за да се живее и преживее, и колку културното богатство на Етиопија е длабоко и автентично. Продолжуваме кон племето Каро!
Карo племето е едно од најмалобројните, но и највпечатливите племиња во долината на реката Омо! Вистински уметници на телото и мајстори во создавање визуелна уметност со која го изразуваат својот идентитет и гордост. Користат бела глина, црвена окра и јаглен за да создадат комплексни цртежи по телото и лицето, најчесто инспирирани од природата и животните околу нив. Секој украс на телото има своја симболика – белите линии можат да претставуваат движење на реката, додека точките и кружните форми често асоцираат на ѕвезди или на сонцето.
Иако се мирољубиви, мажите често носат копја или калашникови, наследство од минатите конфликти во регионот. За време на нивните ритуали и танци, оружјето станува дел од настапот, симбол на сила и храброст. Средбата со племето Каро е како да присуствуваш на жива уметничка изложба. Нивните тела се платно, а секој дизајн носи приказна.
Сместување
Evangadi Lodge 1 ноќ
Место
- Долината Омо
Храна
- Континентален појадок × 1
Го напуштаме сместување и продолжуваме Арба Минч – градот меѓу двете езера. Ќе поминеме низ територијата на племето Бена препознатливо по децата што одат на штакли! Посетата на Бена е како да откриеш тајна приказна скриена во срцето на Етиопија! Во срцето на Долината Омо, каде што животот е суров, а културите се спектакуларни, ова племе ќе ви измами насмевка и ќе ви го стопли срцето.. Нивната гостопримливост и шаренило потсетуваат колку различни и уникатни начини на живот постојат на светот. Нивната традиција на движење на тенки стапчња е начин да се издвојат, да привлечат внимание на пазарите и да покажат вештина и рамнотежа. Најмладите од ова племе се вистински акробати! Додека нивните врсници во други земји трчаат по игралишта, тука децата гордо чекорат високо над земјата, балансирајќи со неверојатна леснотија. Тоа е нивната игра, нивниот начин да се истакнат и да донесат боја и радост во секојдневието. Кога ќе ги сретнете, ќе почувствувате чиста детска енергија и ведрина – нешто што ретко се гледа во суровата реалност на пустинската Етиопија.
Продолжуваме кон селото Консо, што е буквално како патување низ жива историја. Ќе видите како луѓето со векови успеале да создадат одржлива заедница со неверојатна посветеност кон земјата и традицијата. Консо е едно од највпечатливите и најорганизирани традиционални села во цела Етиопија. Ова место е толку уникатно што е прогласено за UNESCO светско наследство, благодарение на својата посебна култура, архитектура и начин на живот.
Консо е познато по своите камени тераси кои ги градат со векови. Со нив успеваат да одгледуваат жито и зеленчук во тешки и суви услови. Овој систем е вистински пример за човечка креативност и адаптација кон природата. Секое село е опколено со камен ѕид кој служи како заштита, а внатре куќите се изградени од дрво, камен и кал. Селата се поставени на ридови, со тесни улички кои создаваат лавиринт.
Интересно е што по смртта на важен воин или старешина, Консо луѓето издигнуваат дрвени статуи (вага) кои ја претставуваат личноста и неговите подвизи. Овие споменици се уметнички и духовни обележја со голема симболика. Повозрасните во заедницата имаат посебна почит и играат централна улога во одлуките, ритуалите и пренесувањето на знаењето на помладите и имаат уникатен општествен систем на генерации, каде што на секои 18 години се префрла „власта“ на нова генерациска група. Ова создава ред и структура во општеството.
Денешната авантура ја завршувме во Арба Минч каде ја поминуваме и ноќта и се спремаме за возбуливиот ден кој не очекува!
Сместување
Mira Height Lodge 1 ноќ
Место
- Долината Омо
- Арба Минч (Arba Minch)
Храна
- Континентален појадок × 1
Нов ден и нова возбудлива приказна која ја испишува Африка! По појадокот одиме пловиме со брод по езерото Чамо. Пловидбата по езерото Чамо е вистинско сафари на вода! Додека чамецот мирно се движи низ водата, одеднаш ќе забележите крокодили кои лежат на сонце или нилски коњи кои излегуваат на површина. Момент во кој се штипнуваме да видиме дали се' ова е вистина! Момент кога природата ја покажува спектакуларна убавина! Искуството да пловиш по езерото Чамо дефинитивно и става круна на оваа наша необична авантура!
Езерото Чамо е дом да на огромна популација на крокодили кои достигнуваат должина и до 6 метри. Најпознато место е т.н. “Crocodile Market”, каде што десетици крокодили се излежуваат на бреговите или пливаат крај чамците - вистинска атракција што ја нема на многу места во светот. Освен крокодилите, езерото е полно и со Нилски коњи кои често може да се видат како лежат во водата во групи, а понекогаш излегуваат на брегот. А за љубителите на птици, Чамо е рај! Африкански орли-риболовци, пеликани, чапји, ибиси и безброј други видови го населуваат езерото. На целото ова замислете и живописна природа, опкружени со зелени ридови и национален парк и поглед кон планините Гамо. Наутро или при зајдисонце, водата добива златна боја што прави секое патување со чамец магично..
Продолжуваме кон селото Дорзе. Комбинација од културно и сценско доживување. Ќе влезете во куќи што изгледаат како да излегле од бајка, ќе пробате традиционален леб од енсете, ќе гледате мајстори ткајачи на дело и ќе бидете дел од веселите танци и песни на домородното население!
Најголемиот белег на селото Дорзе се нивните куќи изградени од бамбус и трска, кои имаат висока, сводеста форма што потсетува на глава на слон. Тие се долги и до 10 метри, а со тек на време „се спуштаат“ бидејќи долниот дел од бамбусот се суши и се отсекува. Дорзе народот е далеку прочуен како мајстори на ткаењето. Памукот што го одгледуваат и обработуваат е основа за изработка на облеки, шалови и традиционални ткаенини со шарени дезени. Ова е еден од најважните извори на приходи за селото. Познати се по својата радосна музика и енергични танци, кои често ги изведуваат за време на прослави или за добредојде на гости и ќе направат нашиот престој да биде незборавен!
Сместување
Mira Height Lodge 1 ноќ
Место
- Арба Минч (Arba Minch)
Храна
- Континентален појадок × 1
По појадокот имаме трансфер до аеродром и лет од Арба Минч до Адис Абеба. Наутро сме илјадници години назад, а во попладневните часови урбан шок! Кафулиња, музеи, пазарчиња, храмови, и модерност која личи на хаос, но е всушност симфонија.
Овој ден ќе ја запознаеме и другата страна на Етиопија. Во Адис Абеба не постојат полека и тивко. Сè е во движење - луѓето, улиците, молитвите, автомобилите што свират за секунда повеќе, женичките што продаваат зачини на тротоар, деца што ти се насмевнуваат без причина.
Започнуваме со посета на Националниот музеј, каде што се чува „Луси“ – најпознатата предчовечка хоминидка на светот, стара 3.2 милиони години.
Потоа одиме на Ентото ридовите - од каде што ќе го видиме градот одозгора и нивната најпозната црква, место полно со енергија и легенди.
Ќе го прошетаме и пазарот Меркато, еден од најголемите отворени пазари во Африка – таму каде што хаосот добива свој ритам, а секој предмет има приказна. Можеме да најдеме накит од старо време, ритуални маски, облека избоени со природни бои и кафе што мириса како да си влегол во нечија кујна, а не на пазар.
Ќе го затвориме денот со традиционална етиопска кафе церемонија – но ова не е само пиење кафе. Ова е ритуал. Се палат темјани, се меле зрно рачно, се варат три кругови. Првиот е за телото. Вториот е за душата. Третиот е за духовите.
Сместување
Caravan Hotel Addis Abeba 1 ноќ
Место
- Арба Минч (Arba Minch)
- Адис Абеба (Addis Ababa)
Храна
- Континентален појадок × 1
По појадокот го напуштаме сместувањето. Слободен ден за докупување на уште некој сувенир и да се поздравиме со оваа фасцинантна земја. Во вечерните часови традиционална Етиопијска вечера во традиционален ресторан и трансфер до аеродром.
Превоз
- Трансфер од сместувањето до аеродром
Храна
- Континентален појадок × 1
По полноќ лет од Адис Абеба до Скопје со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Скопје во утринските часови. Крај на патувањето.
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Адис Абеба - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
Место
- Истанбул
- Скопје
Поаѓања и цени
Што е вклучено
Сместување
Caravan Hotel Addis Abeba Пример 2 ноќиNassa Hotel Пример 1 ноќ
Evangadi Lodge Пример 2 ноќи
Mira Height Lodge Пример 2 ноќи
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Адис Абеба (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од сместувањето до аеродром
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Адис Абеба - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
Храна
7 × Континентален појадокНе е вклучено
- Виза за Етиопија
Сместување
Nassa Hotel
Evangadi Lodge
Mira Height Lodge
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ:
Главен град: Адис Абеба
Површина: 1.104.300 km²
Број на жители: 107,534,882 (2015.)
Население: Оромо, Амхара и Тигриња
Јазик: амхарски
Вероисповед: Христијани 55%, муслимани 40%
Локално време: UTC + 3
Валута: етиопски бир
2. ВИЗИ:
За државјаните на Р. С. Македонија е потребна виза за престој во Етиопија. Визата се вади онлајн или при пристигнање во Етиопија (Visa on Arrival), истата чини $62.
3. ВРЕМЕНСКАТА ЗОНА e UTC+3, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Етиопија е 2 часа, а во текот на летното сметање е 3 часа, затоа што Етиопија не преминува на летно сметање на времето.
4. ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА:
Водата не е се пиење, се користи исклучиво флаширана вода и се избегнува лед. Флаширана вода се користи и за миење на забите како и за миење на овошје и зелнчук.
Што се однесува до лековите против маларија, не е неопходно да ги земате, но за ова консултирајте се со Вашиот лекар. Важно е да знаете дека лековите не штитат 100% од маларија и може да имаат несакани дејства.
Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку ја примате, пробиотик, лекови за снижување на телесната температура, лекови против болка, односно лекови кои генерално ги носите на патување. Задолжително понесете и крема за сончање и Аутан.
Препорака е да имате здравствено осигурување. Здравственото осигурување можете да го уплатите во агенцијата најдоцна 5 дена пред поаѓање. За цена на осигурувањето јавете се во агенцијата.
5. БЕЗБЕДНОСТ:
Етиопија е во главно безбедна земјам но потребно е да се придржувате до одредени правила. Не се препорачува движење во мрак и навечер, затоа што пред сé се станува збор за сиромашно и неразвиено подрачје, како и на места каде има голем метеж (локални пазари и сл.) и треба да се води сметка за џепароши. Исто така, не се препорачува да се движите со скапоцен накит.
6. КЛИМА
Климата во Етиопија е различна во зависност од тоа на кој дел од земјата се наоѓате. Надморската висина и географската должина одредуваат три климатски зони: ладна зона над 2400 метри каде температурата варира од близу 0 до 16 °C; умерена зона на висина од 1500 до 2400 метри со температури од 16 °C до 30 °C и топла зона, под 1500 метри со тропски и суви услови каде дневната температура варира од 27 °C до 45 °C.
7. ХРАНА:
Етиопската кујна комбинира арапски елементи и индиска кујна, така што храната е многу пикантна. Можете да најдете доста аргуми, банани, смокви, разноврсен зеленчук, говедско, јагнешко и јарешко месо, а популарно е и мекото сирење иаб, многу сличен на грчката фета, а се лади замотан со кора од банана.
8. ОБЛЕКА:
Етиопија е исклучително традиционална земја и е пожелно да се почитуваат нивните верувања и да се облекувате во склад со тоа.
За жените, идеална облека би била кошула или фустан кои ги покриваат рамењата и колениците. Панталоните се исто така добри (иако локалните жени ретко ги носат освен во Адис Абеба), но кратките панталони или маици без ракави не се многу прифатливи, особено во исламските подрачја и руралните средини. Мажите обично би требало да носат долги панталони и кошула или маица која ги покрива рамењата. Движење без маица или кошула е целосно неприфатливо, а кратките панталони се недостојна облека за возрасните мажи.
9. ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:
Валутата која е во оптег е етиопски бир - ETB.
Препорака е со себе да носите долари, но исклучиво испечатени во 2006та година или подоцна.
Платежните картички од нашите банки начелно е можно да ги користите. Меѓутоа, бројот на места каде што можете да ги користите е навистина мал и банкоматите се ретки, а многу често и се расипани, па затоа не се препорачува да се ослоните на ваков вид на плаќање и вадење на пари. За детали обратете се во Вашата банка и задолжително пријавете заминување во странство поради опасоност од блокирање на картичките.
Не е легално внесување или изнесување на повеќе од 1000 етиопски бира.
10. СТРУЈА, ИНТЕРНЕТ И КОМУНИКАЦИЈА:
Единствениот мобилен оператор (ETS) има договори за роаминг со некои европски компании, но во прашање е недоверлив давател на услуга, па така подобро е да користите локални отколку македонски картички. Тамошната prepaid SIM картичка чини околу 25 евра.
Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како и кај нас и нема да Ви се потребни адаптери.
11. СУВЕНИРИ:
Од сувенири препорачуваме: етиопски материјали, кафе, традиционални корпички, зачини, накит, керамички садови, фустани, дрвени скулптури.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.