🌴🎆 Дочек на Новата 2026 на рајот на земјата. Песок под нозе, коктел во рака иии небо полно со огномет!!!
.
Кога ќе кажеме одмор од соништа дефинитивно помислуваме на Малдиви (Maldives)! Рајски тиркизни лагуни, бесконечни плажи од бел песок и шаренолик подводен свет е само мал дел од работите кои Малдиви ја прават совршена дестинација за уживање и релаксација. Со сигурност може да кажеме дека е домот на најфасцинантните и најегзотичните плажи на светот!
Во нашата програма се сместуваме на најпознатиот населен остров на Малдиви - Мафуши (Maafushi). Не си замислувајте голем остров со згради, автомобили, улици. Замислете си мал тропски рај, палми, песок, островче кое во должина се поминува за 15 минути, а во ширина за 5 минути. Островче со неколку ресторанчиња и барови со жива музика, со насмеани и љубезни локалци, неколку хотели, туристи, авантуристи и нуркачи од #ЦелСвет. Замислете си и прекрасна плажа со бел прашкаст песок, палми и тиркизен океан. Дечки, плажа на Малдиви е плажа на Малдиви... Замислете си и Хотел со 4* - Arena Beach во кој што се сместуваме. Хотелот се наоѓа на сама плажа, а има и infinity pool на кровот на хотелот. Имаме и лежалки, пешкири за плажа, опрема за нуркање достапна за време на целиот престој. Најважно од сé? Во цената на нашиот аранжман имате вклучени активности/излети кои прават перфектен баланс на одморот на Малдиви. Освен што уживаме на нашата плажа, што шетаме низ нашето островче и уживаме во некој од локалните “барчиња“ - се плажираме на песочни дини - малечки острови во сред океан кои ги имаме само за нас. Еден од овие денови дочекуваме зајдисонце на песочна дина во сред океан, па палиме оган, свириме гитара и гледаме ѕвезди... Одиме да пливаме со подводни желки и делфини. Храниме ражи. Имаме локални водичи - сертифицирани "free" нуркачи кои со GoPro ни прават незаборавни фотки, над и под вода и истите ни ги префрлаат на телефон/лаптоп, па имаме спомени за цел живот!
* ЗА ВРЕМЕ НА ИЗЛЕТИТЕ, НАШИТЕ ЛОКАЛНИ ПАРТНЕРИ НОСАТ GOPRO И ЦЕЛО ВРЕМЕ НИ ПРАВАТ НЕВЕРОЈАТНИ ФОТКИ И ВИДЕО КЛИПОВИ. НА КРАЈ НА ДЕН, ИСТИТЕ СИ ГИ ПРЕВЗЕМАМЕ ОД РЕЦЕПЦИЈА.
Секој ден различна активност преку која ќе ги запознаете Малдиви на малку поинаков начин и комплетно ќе се заљубите во нив! Ако природата на самите острови воодушевува, подводниот свет ќе ве остави без зборови. Освен на факултативните излети, нуркањето ќе ви стане навика и кога ќе имате слободно време за плажирање.
Спремни?
Напомена организатор на патувањето е Jungle Tribe d.o.o. Beograd, Srbija, поаѓањето се реализира од Аеродромот Никола Тесла во Белград, Србија.
Рута
Белград
Мале
Маафуши (Maafushi)
Истанбул
Белград
- Превоз
-
Авион,
Локален трансфер
- Сместување
-
Хотел
- Организатор
- Jungle Tribe d.o.o. Beograd,
Србија
- Дестинации
-
Малдиви
- Код на патување
- MV219
- Тежина
-
- Погодно за деца
-
Да