Малдиви Нова Година

цена од
1.250
EUR ,00
траење
8 дена
Пријави се Барање
Барање


Малдиви, официјално Република Малдиви се островски држави во Индискиот океан, југозападно од Индискиот полуостров. Се состојат со околу 1200 острови групирани во 26 атоли, меѓу кои околу 200 население, а останатите 80 се користат исклучиво за туризам. Официјалната религија е Ислам, а јазикот на поголемиот дел од жителите е divehi, индоевропски јазик сроден со сингалскиот, главниот јазик на Шри Ланка. Топло и чисто море со преубави плажи, недопрена природа и поволна клима, нудат одлични услови за незаборавно летување.


Рута
Белград
Мале
Маафуши (Maafushi)
Налагураиду
Мале
Маафуши (Maafushi)
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Акции - последни места, Далечни дестинации, Нова година
Дестинации
Малдиви
Код на патување
MV3
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Пристигнување на аеродромот „Никола Тесла“ најдоцна два часа пред летот. Пријавување за летот и предавање на багажот. Пасошки и царински формалности. Лет до Мале со трансфер во Доха. Конекција на лет за Мале.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Мале, во економска класа

Место

  • Белград
  • Мале

Слетуваме во Мале, главниот град на Малдиви. Мале претставува модерното лице на Малдиви. Шарено обоени згради и тиркизно море насекаде околу нас се класичната слика за Мале на која ќе се сеќавате. Град преполн со кафулиња, ресторани, продавници и пазари. Трансфер со бротче до островот Мафуши (Maafushi) или островот Наиагурадо (Nalaguraidhoo). Престој во избраниот хотел. Слободно време за одморање, запознавање со нова култура и денови предвидени за уживање на рајскиот остров со спа третмани, пробување на егзотични јадења... Релаксација на кристално белиот песок на звуците од брановите, капење во тиркизната вода и потполно опуштање со спа тремани. Доживејте ги Малдиви на вистинскиот начин, препуштете се на локалниот начин на живот, уживајте во егзотичната храна и запознајте нова култура.

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Whiteshell Island Hotel & Spa или Sun Island Resort & Spa или Hotel Crystal Sands 3* 5 ноќи

Место

  • Мале
  • Маафуши (Maafushi)
  • Налагураиду

Храна

  • Полупансион × 5
  • Полн пансион × 5
  • Континентален појадок × 4

Се збогуваме од овој магичен остров. После појадокот се пакуваме и имаме организиран трансфер од избраниот хотел до аеродромот во Мале. Пријавување за лет и предавање на багажот. Пасошки и царински формалности. Лет до Белград со трансфер во Доха. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром

Сместување

Whiteshell Island Hotel & Spa или Sun Island Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Мале
  • Маафуши (Maafushi)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Белград. Крај на патувањето.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Мале - Белград, во економска класа

Место

  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Whiteshell Island Hotel & Spa Пример или Sun Island Resort & Spa Пример или Hotel Crystal Sands 3 Пример 5 ноќи
Whiteshell Island Hotel & Spa Пример или Sun Island Resort & Spa Пример 1 ноќ

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Мале, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Мале - Белград, во економска класа

Храна

5 × Полупансион, 5 × Полн пансион, 5 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Сместување

Whiteshell Island Hotel & Spa

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Прекрасниот хотел со спа центар WhiteShell Island се наоѓа на островот Мафуши, а нуди релаксирачки спа третмани и ресторан. Модерно уредените соби имаат бесплатен бежичен интернет. Станува збор за елегантно уредени соби со бродски под и сопствена тераса. Сите сместувачки единици нудат flat-screen TV, mini-bar и личен сеф. Сопствените тоалети во собите се опремени со тушеви со топла вода. Хотелот со спа центарот WhiteShell Island нуди рецепција која е отворена нон-стоп и услуга за перење. Во ресторанот Platter гостите може да уживаат во големиот избор на локална храна, кинеска храна и специјалитети од Шри Ланка. Доколку сакате да одмарате во својата соба, на располагање ви е и room service. Овој модерен сместувачки објект е оддалечен 30мин возење со глисер или 90минути возење со траект до градот Мале.

Вебсајт http://www.thewhiteshell.com/

Sun Island Resort & Spa

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Луксузното одмаралиште и спа центарот Sun Island нуди место за одмор, отворен базен и бесплатен бежичен интернет. Сите пространи вили имаат ТВ со кабелски канали и балкон. Вилите на Island Sun содржат простор за седење и опремени се со ДВД плеер. Тоалетите во вилите имаат туш со топла вода и када.

Вебсајт https://sunisland-maldives.com/

Адреса Nalaguraidhoo
00220 Maamigili
Maldivi

Hotel Crystal Sands 3*

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместен на островот Мафуши, пансион Crystal Sands нуди удобни, модерно уредени соби со бесплатен безжичен интернет, ресторан, туристички деск, рецепција која работи 24 часа и градина. Пансионот се наоѓа на 30 минути возење со глисер или 1,5 часа со траект од Мале. Меѓународниот аеродром Мале е оддалечен на 30 минути возење со глисер. Сите соби содржат клима уред, flat-screen TV со сателитски и кабловски канали, сеф и сопствен тоалет со туш, влеечки, прибор за нега на забите и бесплатен тоалетен прибор. Поедини соби поседуваат балкон со поглед на море. Во ресторанот кој е во склоп на објектот служат јадења од малдивска и западна кујна. Појадокот е многу обилен и вклучува кинески јадења.

Вебсајт http://crystalsands.mv/crystalsands/

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)