Малдиви Getaway

цена од
1.549
EUR ,00
сега од
1.349
EUR ,00
траење
10 дена
Барање
Барање

Нашата SIGNATURE ПРОГРАМА со 10,000+ задоволни патници за Малдиви -- освојува уште еден егзотичен локален остров -- Dhiffushi!!!

Во 2015 одлучивме патувањата на Малдиви да ги организираме на малку поавантуристички начин во Jungle стил, впрочем како и сите други наши патувања. Така најмногу може да се види нашата експертиза и по тоа сме познати! 

A денес освојуваме уште еден егзотичен локален остров на Малдиви!!!

Се сместуваме на островот Dhiffushi, егзотичен локален остров кој совршено ја спојува малдивската култура со убавината на тиркизните лагуни и шеќерно белите плажи.

Оваа програма е вистинскиот избор за сите кои сакаат да заборават на своите проблеми на егзотичен тропски остров. Замислете си мал тропски рај, палми, песок, островче кое во должина се поминува за 10 минути, а во ширина за 5 минути. Островче со неколку ресторанчиња и барови, со насмеани и љубезни локалци, неколку хотели, авантуристи и нуркачи од #ЦелСвет. Замислете си и прекрасна плажа со бел прашкаст песок, палми и тиркизен океан. Вашето совршено тропско бегство!

Хотелот Araamu се наоѓа на самата плажа, има сопствени лежалки, прекрасен руфтоп ресторан со панорамски поглед над островот и бесконечниот индиски океан, сопствена градина со живопсина вегетација и шарен корален гребен со стотици немо рипчиња во непосредна близина. 

Нашите денови се исполнети со уживање на најубавата плажа на #целсвет, масажи, романтични вечери, кокоси и дружба со најдобрата екипа на #целсвет!


Рута
Скопје
Истанбул
Мале
Дифуши
Мале
Скопје

Превоз
Авион, Брод
Сместување
Guesthouse
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Азија, Малдиви
Видови патувања
Кратки патувања ⏱️
Код на патување
MV217
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 11. 9. 2026

Состанок на патниците на Меѓународниот Аеродром во Скопје. Лет од Скопје за Истанбул со Turkish Airlines, пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Мале, Малдиви. Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Пристигнуваме во Мале претпладне. Трансфер со брод до нашиот остров на Малдиви – Дифуши. Правиме check-in во нашите соби и одиме на покривот од нашиот хотел каде што ќе уживаме во прекрасниот панорамски поглед и прекрасното зајдисонце. Тука одржуваме краток информативен состанок за подобро да се запознаеме, а и да ви ги раскажеме авантурите кои следат во наредните денови, да ве запознаеме со островот и да ви ја откриеме неговата магија! Играме билјард, футбалче и се дружиме со нашата екипа. Островот Дифуши е мал тропски рај со песочни улички, барчиња со разни свежи овошни коктели, ресторани со превкусна морска храна, плажи од ситен, мек бел песок и прекрасна тиркизна вода. Ја чувствуваме неверојатната енергија на овој остров и веќе се чувствуваме како дома!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Мале (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер со брз брод од аеродром до сместувањето

Сместување

Ruka Maldives 1 ноќ

Место

  • Мале
  • Дифуши

По појадокот, имаме слободен ден или опцинално одиме на излет: Нуркање низ корални гребени. Одиме на незаборавна подводна авантура и го откриваме магичниот свет на коралните гремени и егзотичниот морски свет. Нуркаме во кристално чисти тропски води меѓу шарени риби, прекрасни корали. По излетот, се враќаме назад кон нашето сместување. 

Сместување

Ruka Maldives 1 ноќ

Место

  • Дифуши

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден за уживање на плажа на островот!

Сместување

Ruka Maldives 1 ноќ

Место

  • Дифуши

Храна

  • Континентален појадок × 1

Се будиме на прекрасниот остров Дифуши. По појадокот, имаме опционален излет: Трдиционален риболов. Одиме да ловиме риби на традиционален начин, додека уживаме во прекрасните погледи, сонцето и тиркизните води на Малдиви. Потоа, се враќаме назад кон нашето сместување. Ноќевање.

Сместување

Ruka Maldives 1 ноќ

Место

  • Дифуши

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот земаме пешкири и одиме на опционалниот излет -- Посета на песочен насип. Песочен насип е насобран песок во плитките делови од лагуните кој наликува на минијатурен остров. На песочниот насип сме само ние, имаме цело островче само за нас додека уживаме во прекрасната плажа и најубавата боја на вода што некогаш сме ја виделе. Се бањаме и уживаме на ова мало парче рај! Враќање во сместувањето и уживање на плажата на Мафуши до зајдисонце. Ноќевање.

Сместување

Ruka Maldives 1 ноќ

Место

  • Дифуши

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Потоа следи уште еден ден за интересни активности. Се упатуваме на факултативен излет - Resort day visit. Одиме во некој од најпопуларните ресорти на Малдиви. Нивните единствени локации нудат пристап на недопрени плажи, како и шанса да се нурнеме и да го истражиме единствениот морски свет на островот кој го посетуваме. Уживаме во слатното сонце и мекиот песок додека ги истражуваме богатите тропски чуда на оваа островска држава. Во ресортот имаме All Inclusive услуга - вклучен ручек и пијачки за време на престојот. Вечерта ни е наменета за дружба на плажа. Ѕвезди, свеќи на песок, тивка музика и убаво друштво.

Сместување

Ruka Maldives 1 ноќ

Место

  • Дифуши

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Појадуваме и имаме слободен ден за уживање на плажа! Потоа, во доцните попладневни часови, се упатуваме на факултативниот излет: Крстарење со делфини на зајдисонце. Запловуваме на незаворавно вечерно крстарење. Пловејќи, ќе имаме можност да ги набљудуваме разиграните делфини како пливаат покрај бродот. Се релаксираме, уживаме на бродот па потоа се враќаме назад кон нашето сместување. Ноќевање.

Сместување

Ruka Maldives 1 ноќ

Место

  • Дифуши

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот, имаме малку слободно време и се одјавуваме од нашето сместување. Се упатуваме кон аеродромот во Мале. Лет од Мале до Истанбул.

Превоз

  • Трансфер со брз брод од Дифуши до Мале
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Дифуши
  • Мале

Храна

  • Континентален појадок × 1

Слетуваме во Истанбул. Лет од Истанбул до Скопје. Пристигнување во Скопје и крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

Ruka Maldives Пример 7 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Мале (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер со брз брод од аеродром до сместувањето
  • Трансфер со брз брод од Дифуши до Мале
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

7 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Задолжителна доплата за Green Tax. Туристичка такса која се плаќа при доплата на аранжманот кај нас во канцеларија. Истата изнесува 46 ЕУР (околу 6.5 ЕУР дневно по лице).

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Нуркање низ корални гребени

Нуркање низ корални гребени
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 50,00 USD

Уживајте во незаборавна подводна авантура и откријте го магичниот свет на шарените корални гребени во кристално чисти тропски води. Во придружба на професионални водичи, овој излет нуди совршена можност за релаксација, забава и истражување на богат морски свет исполнет со егзотични риби и прекрасни корали. Излетот е погоден за сите возрасти и не е потребно претходно искуство, а вклучува комплетна snorkeling опрема и безбедносен брифинг за максимално уживање и сигурност.

Традиционален риболов

Традиционален риболов
Цена: 60,00 USD

Доживејте автентично малдивско рибарско искуство и уживајте во мирната атмосфера на отворено море. Во придружба на локални водичи, ќе имате можност да ловите различни видови риби на традиционален начин, додека уживате во прекрасните погледи, сонцето и тиркизните води на Малдивите. Овој излет е совршен избор за релаксација, дружење и создавање незаборавни спомени со семејството и пријателите.

Посета на песочен насип (sandbank)

Посета на песочен насип (sandbank)
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 55,00 USD

Вистински тропски рај со посетата на Sandbank – мало песочно островче опкружено со кристално чисти тиркизни води. Прошетајте по мек бел песок, уживајте во сончање и релаксација среде Индискиот Океан, а љубителите на авантури можат да истражуваат шарени корални гребени и богат морски свет со snorkeling. Овој излет е совршен за незаборавни фотографии, мирен одмор и уживање во природната убавина на Малдивите.
Цена: 55 усд
+25$ по лице drone photo shoot (опционална доплата)

Еднодневна посета на ресорт

Еднодневна посета на ресорт
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 200,00 USD

Уживајте во совршен ден во луксузен малдивски ресорт, опкружени со бел песок, тиркизно море и тропска природа. Поминете го денот релаксирајќи се на сончевите плажи, уживајќи покрај базените или истражувајќи различни активности на вода. Препуштете се на вкусни оброци, тропски коктели и уникатната атмосфера на вистински островски рај. За целосно уживање, можете да се релаксирате и со spa третмани, а денот да го завршите со незаборавно зајдисонце над Индискиот Океан.

Крстарење со делфини на зајдисонце

Крстарење со делфини на зајдисонце
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 50,00 USD

Запловете на незаборавно вечерно крстарење низ тиркизните води на Малдивите и уживајте во магијата на зајдисонцето. Додека сонцето го обојува небото во златни и портокалови нијанси, ќе имате можност да ги набљудувате разиграните делфини како пливаат и танцуваат покрај бродот. Овој релаксирачки и романтичен излет е совршен за сите возрасти и нуди уникатно искуство исполнето со прекрасни глетки и незаборавни моменти.

Сместување

Ruka Maldives

Ruka Maldives
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Ruka Maldives е прекрасен guesthouse сместен на тропски остров, кој нуди пријатна и опуштена атмосфера, совршена за мирен и незаборавен одмор покрај кристално чистото море.
Секоја соба е удобно уредена и располага со балкон, клима уред, телевизор и бесплатен Wi-Fi интернет. Гостите можат да уживаат во мирната тропска околина, како и во пријатните простори за релаксација и дружење.

Адреса Dhiffushi Harbour 4 Storey Building
08030 Dhiffushi
Maldives

Останати поаѓања за Малдиви

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.