Шведска

Шведска

Шведска е скандинавска земја чиј официјален назив е Кралство Шведска. Со Данска е споена преку мостот Ересунд. Позната е по шумите (кои покриваат дури 50% од земјата) и планинските дивини. Главен град е Стокхолм, а други поголеми градови се Гетеборг, Малме, Упсала, Хелсинборг, Вестерос. Шведска во историските списи прв пат се споменува во I век од страна на Тацит. Балтичкото Море и Ботнијскиот залив создаваат долг брег на југ кој влијае на климата на оваа земја. Официјален јазик е шведски кој спаѓа во групата на германски јазици. Официјална валута е шведска круна. Интересно е тоа што има големи провизии при менувањето на пари во менувачниците и банките, па се препорачува плаќање со картички. Шведска е земјата во која се доделува Нобеловата награда, од која потекнува приказната за Пипи Долгиот Чорап, од каде е легендарната група Abba и една од најпознатите фабрики за мебел Икеа.

Занимливости поврзани со Шведска:

1. Шведскиот пасос е еден од најсилните на светот затоа што на државјаните на оваа земја не им е потребна виза дури за 124 држави во светот 

2.  Шведска има најголем број на Mc Donalds ресторани по жител на светот  

3.  Даноците во Шведска се меѓу највисоките на светот 

4. Шведскиот крал Ерик XIII станал пират по симнувањето од власт 

5. Шведска има и најголем број на патенти по жител