Норвешка

Норвешка

Земја на северна Европа, односно Скандинавија, Најчести асоцијации за неа се фјордовите, Нобеловата награда, врвната гастрономија, а особено свежата риба, долгите зимски ноќи и поларната светлина (Aurora Borealis).     
Норвешка ја викаат и „земјата на полноќно сонце“ затоа што два месеци во текот на летото во нејзините најсеверни делови сонцето свети и на полноќ.                                                                                                                                                                                                                                   Главниот град на најпосакуваната земја за живот е Осло. Со околи 600.000 луѓе (1,5 милиони со околината), Осло е третиот најголем град во Скандинавија. Град на музеи, од кои најмногу се истакнуваат Nobel Peace Center, Контики, Фрам, Музејот на викиншките бродови, Холменколен музејот на скијањето, Поморскиот музеј... Ски скокалницата од која се гледа целиот град и каде можете да импровизирате скок, е една од најголемите атракции на градот покрај сите наведени музеи. Доколку сте расположени можете да крстарите по фјордот во кој се наоѓа Осло, потенцирајќи дека овој фјорд не е како останатите фјордови во Норвешка со високи карпи, туку е залив поделен на надворешен и внатрешен.   Кралството Норвешка иако е на север има влијание од западноевропската клима, па така не е толку студена земја како ѓто се очекува.                 На патувањето во Норвешка Ве чекаат и славните приказни во кои Викинзите се главни јунаци, тие се предци на денешните Норвежани, вешти морепловци кои бестрашно се впуштале во ризични авантури и тешки пловидби, дури и во најтешките временски услови.