Јужноафриканска Република

Јужноафриканска Република

На оваа авантура ќе ја посетиме земјата која излегува на два океани, во која се наоѓаат многу национални паркови, егзотичен животински свет, една од најстарите планини на планетата Земја и дом на весели и пријателски лица. Оваа исклучително богата земја која брои 56 милиони жители и три главни градови е една од најразвиените африкански земји. Недопрена природа, етничка разновидност, колевка на човештвото и воедно единствена држава која доброволно се откажала од програмата за изградба на нуклеарно оружје.

Нашата авантура по Јужна Африка (South Africa) ќе ни пружи прилика да ја видиме „големата петорка“ во најпознатиот национален парк Кругер, да нуркаме со големите бели ајкули и да летаме змајеви на бројните плажи долж атлантикот... Ќе се дружиме со припадници на племето Масаи, како и племето Зулу и ќе научиме по некој збор од многубројните јазици кои се говорат тука – Финагало, Хо, Лобеду, Нама , Пути , Сан. 

На плажата Боулдерс ќе се сончаме рамо до рамо со африканските пингвини и ќе пиеме пиво од пченка, а во Кејптаун (Cape Town) ќе не дочекаат пријателски настроеното локално население и опуштената атмосфера на овој современ град, во кој никогаш не е досадно и кои го нарекуваат Мајка на сите градови. Јоханесбург (Johannesburg) „златниот град“, важи за град кој никогаш не спие, а клубовите, баровите и пабовите се отворени до раните утрински часови.

Кога ќе огладнеме, ќе го вкусиме популарното јадење Потјиекос, традиционална чорба која се готви во автентични кружни садови од лиено железо. За малку похрабрите тука е познатиот деликатес од пржени африкански црви - Масоња. Во Јужноафриканската Република (The South African Republic) се произведува врвно вино, а во призводството на пиво голем удел завзема женската популација која е докажан мајстор во овој занает. Додека не опиваат аромите од овие пијалоци, можеме и да се засладиме со некој традиционален  десерт - полнети пецива, млечен тарт или малва пудинг.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Јужноафриканска Република

1. Општи податоци:

Главно градови: Кејптаун, Преторија, Блумфонтејн

Површина: 1.221.037 km²

Број на жители: 57,735,600 (2018г.)

Народности: 80% Црни, 10% Белци, 10% Останати

Јазик: африкански и англиски

Вероиповед: 80% христијани, 2% муслимани, 2% хиндуисти, 16% други религии

Локално време: UTC + 2

Валута: јужноафрикански ранд

 

2. Виза:

За влез на територијата на Јужноафриканската република државјаните на РСМ потребно е да добијат виза. Барањето за виза се поднесува во амбасадата на Јужна Африка во Атина.

На граничните премини за ЈАР не може да се добие виза ниту туристичка пропусница.

 

3. Временска зона

Временската зона е UTC +2, односно за време на зимското сметање на времето разликата помеѓу РСМ и ЈАР е 1 час, а во периодот на летното сметање на времето нема разлика, бидејќи ЈАР не преминува на летно сметање на времето

 

4. Здравствена ситуација

Водата не е за пиење, се користи исклучиво флаширана вода и се избегнува користење на мраз. Флаширана вода се користи и за миење на забите.

За влез во ЈАР не е потребно вакцинирање против жолта грозница.

Што се должи до лекови против маларија, нема потреба да се понесат. Но советуваме да се консултирате со вашиот лекар. Важно е да знаете дека лековите не гарантираат 100% заштита од маларија и можат да предизвикаат и непосакувано дејствије.

Од лекови, со себе понесете ги лековите кои редовно ги примате, пробиотици, лекови за намалување на телесната температура, против болки, односно лекови кои генерално ги носите на секое патување. Задолзително понесете и крема за сончање, како и Аутан.

Пропорачуваме да имате здравствено осигурување. 

 

5. Безбедност

ЈАР е безбедна дестинација, се додека се придржувате до одредените правила. Не препорачуваме самостојни прошетки во небезбедните зони и на места каде има поголеми гужви (локални плоштади и сл.), особено не во вечерните часови.

 

6. Клима 

ЈАР во глано е сушна земја. На климата влијае нејзината положба во умерениот појас и секако Атлантскиот и Индискиот Океан кои ја обиколуваат од 3 страни. Југозападниот дел од земјата има клима многу слична со медитеранската, што е погодно за населување на луѓе од Еврпоскиот континент. Просечната зимска температура се движи од 7 °C до 13 °C, а просечната летна од 20 °C до 25 °C.

 

7. Храна

Бидејќи ЈАР е мултинационална и повеќе јазична земја, истото се одразува на храната. Двата океани и многуте реки нудат голем избор на риба и морски плодови. Тука се и разните житни и млечни производи, а французите го зачиниле сето тоа со вкусни вина и сирења. Поради медитеранската клима земјата изобилува со лозиви и маслинови насади. Германците се тука со својот специјалитет од зелка и колбаси, а англичаните со својот „fish’n’chips“ и разните пити. Доморотците ги сочинуваат стотина различни племиња, меѓу кои се Зулу и Бушмани и на сето ова му додаваат еден специфичен начин на готвење и генијални рецепти. И кога на сето ова ќе ги додадеме и сите останати животни кои ќе се најдат на софрата добиваме вистински кулинарски рај.

 

8. Облека

За облека советуваме да се понесе и по некое парче со долги ракави, поради вечерните температури, како и за време на летот. Во ЈАР знае да биде и доста ветровито, така да топло препорачуваме да понесете и ветровка.

Во повеќето објекти за сместување има опција за перење на алишта. Услугата е евтина и ефикасна, а алиштата се суви веќе наредниот ден.

 

9. Пари

Валута која се употребува во Јужна Африка е ранд – ZAR

1EUR = 16ZAR , 1USD = 14ZAR

Препорака е да се носат долари и истите да бидат принтани 2006 год. или потоа.

Во поголемиот дел од продавниците и рестораните дозволено е плаќање со платежни картички, а плаќањето треба да биде извршено исклучиво пред вас.

Оставањето на бакшиш (околу 10%) е дел од очекувањата, поради ниските плати кои ги имаат вработените.

На отворените тезги, продавници за сувенири и меѓу останати улични трговци секогаш треба да се ценкате затоа што така налага обичајот.

 

10. Струја, интернет и комуникација:

Роамингот на територијата на ЈАР работи во поголемите градови.

Сим картичките на локалните телекомукациски компании се лесно достапни за странци. Можете да ги набавите за 1ЕУР со прикажување на пасош и доказ за резервацијата во хотелот кои престоијувате.

Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како кај нас со тоа што потребно е адаптер за штекер. Тамошните штекери се како оние во Велика Британија со три конектори.

Адаптери не може да набавите на самата дестинација, најдобро е да понесете со вас.

 

11. Сувенири:

Од сувенири ви препорачуваме: руибос чај, Амарула – познат африкански ликер, автентични предмети на племето Зулу, Калахари сол, Шве шве ткаенина, африкански маски, јужноафрикански вина, украсни јаца од ној...

 

12. Други напомени:

Доколку планирате да рентате возило, кола или мотор имајте на ум дека во ЈАР се вози на левата страна.