Египет

Египет

Колевката на повеќе милениумската цивилизација и дарот на Нил (Nile) - Египет (Egypt) - е една од најпопуларните светски туристички дестинации, и тоа со причина! Пирамидите, Луксор (Luxor), Александрија (Alexandria), крстарење по Нил и уживање на брегот на Црвено море се само некои од причините да ја изберете токму оваа земја за одмор и авантура. 

На темелите на староисточната, хеленистичката и арапската цивилизација се развила богата култура на трговија, угостителство, занаетчиство и хедонизам во секој поглед. Во секое место кое ќе го посетиме пазарите се полни со продавачи кои се спремни за ценкање, а на улиците се шират мириси на егзотични зачини и локални специјалитети, клубови кои работат секој ден до доцна во ноќта, а нашите домаќини чинат се што е во нивна моќ да направат да се почувствуваме како фараони. 

Хургада (Hurghada), величествено и прекрасно летувалиште на Црвеното море, некогаш само мало рибарско село, а денес со право може да се смета за северноафриканска Ибица (Ibiza). Во било кое доба од годината, ден или ноќ, на располагање ни се егзотични плажи и луксузни базени, капење, нуркање, подводно истражување и сите други облици на рекреација на вода. Без разлика дали барате летна авантура и релаксација по напорните месеци на работа, активен одмор полн со физички активности и истражувања или сте дојдени во поход на древната фараонска цивилизација, Египет (Egypt) е место кое сигурно нема да ве разочара.