Уганда патувања

Дом на највисоката африканска планина Рувензори, изворот на Нил, езерото Викторија, величенствениот водопад Сипи и села исполнети со ентузијастични локалци. Дива природа од која застанува здивот.

Добредојде ќе ни посакаат племињата со возбудлив танц и песна, а при ракување ќе ги пружаме двете раце како што е обичај овде. Немојте да мислите дека сте подобар танчер од уганските деца, затоа што тие се вистински професионалци во танцување. Ќе Ве маѓепсаат со својата вештина и енергија, а не се добри само во танцување, туку и во фудбал кој го обожаваат и играат со крпени топки. 

Во главниот град Кампалa (Kampala) ќе се возиме со бода бода мотори, брзи преполни такси автомобили, ќе јадеме готвени банани во сос од кикирики, ќе пиеме сок од маракуја, авокадо и манго, ќе се ценкаме на градските пазари со уличните продавачи... 

Во Уганда (Uganda) се пие многу алкохол, а ние ќе пробаме ракија waragi која се добива со дестилација на шеќерна трска, листови од растението касави и банани. На сафари аватурата во националниот парк "Кралица Елизабета" ќе се сеќаваме цел живот. Дом на дивите видови какошто се гну, бизон, зебра, антилопа, слон, лав, леопард, хиена, планинска горила во густите шуми, нилски коњ и крокодили во езерата и реките. Најубавите изгрејсонца и зајдисонца ќе ги доживееме баш тука! Ако се одлучите да ја посетите Уганда (Uganda), локалците ќе Ви се заблагодарат со зборовите „vebale muno“  (благодарам многу).

Поаѓања

Патувања

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Уганда

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ:

Главен град: Кампала 

Површина: 236.040 km²

Број на жители: 44.270.563 (2015.)

Население: Банту црнци 65%, Нилоти 30%

Јазик: луганда, свахили, англиски 

Вероисповед: христијани 65%, муслимани 15% 

Локално време: UTC + 3

Валута: угандски шилинг 

2. ВИЗИ:

За македонски државјани неопходна е заедничка виза T12 East Africa Tourist Visa за Руанда, Уганда и Кенија. Визата се добива online и чини 110 USD. 

За добивање на виза потребно е да поседувате „жолт картон“ (вакцина против жолта треска). 

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА е UTC+3, односно во текот на зимското сметање на времето разликата меѓу Македонија и Уганда е 2h, а во текот на летното сметање на времето е 3h, затоа што Уганда не преминува на летно сметање на времето. 

4. ЗДРАВСТВЕНА СИТУАЦИЈА:

Неопходно е потврда за вакцинација против жолта треска („жолт картон“).

Водата не е за пиење, се користи исклучиво флаширана вода и се избегнува мраз. Флаширана вода се користи и за миење заби и за миење на овошје и зеленчук. 

Што се однесува до лековите против маларија, не е неопходно да ги земате, но за ова консултирајте се со лекар. Важно е да знаете дека лековите не штитат 100% од маларија и можат да имаат несакани дејства. 

Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку примате, пробиотик, лекови за намалување на температура, против болки, односно лекови кои генерално ги носите со себе на патување. Понесете задолжително и крема со сончање и Autan.

Препорака е да имате здраствено осигурување. Здравствено осигурување можете да купите во нашата агенција до 5 една пред патувањето. За цена на осигурувањето јавете се во нашата агенција. 

5. BEZBEDNOST:

U Kampali i većim naseljima postoji rizik od krađa, džeparenja, prevara i drugih manjih krivičnih dela.

6. KLIMA

Uganda ima toplu tropsku klimu, sa temperaturama od 25-29°C.

7. HRANA:

Ugandska kuhinja sastoji se od tradicionalnih i modernih stilova kuvanja. Hrane i jela u Ugandi nastala su pod engleskim, arapskim i azijskim (posebno indijskim) uticajima. Većina plemena u Ugandi ima svoje specijalitete ili delikatese. Mnoga jela uključuju razno povrće, krompir, jam, banane i drugo tropsko voće, od mesa se koristi piletina, svinjetina, a i riba.

8. ODEĆA:

Savetujemo da nosite laganu, udobnu i tanku odeću od prirodne tkanine kao što su lan i pamuk. Svakako valja poneti i neku jaknu kao zaštitu od ujeda komaraca, ali i u slučaju da zahladni. Preporučuju se neutralne boje - npr. kaki, ​​zelena i smeđa. Izbegavajte plavu ili crnu odeću jer privlači insekte, a ujedno treba izbegavati i kratke haljine i šortseve. Važno je napomenuti da kamuflažni ili vojni print na odeći nije dozvoljen.

9. ПАРИ:

Валута која е во оптек е угандски шилинг - UGX.

1eur = 4200 UGX, 1$ = 3722 UGX.

Препорака е со себе да носите долари, но исклучиво печатени 2006. година или после тоа. 

Користењето на меѓународни платежни картички (VISA i sl) во Уганда е можно, особено во подобрите хотели, ресторани, самопослуги и сл. За поединостите посоветувајте се со вашата банка и задолжително пријавете дека одите во странство, за да не Ви ги блокираат картичките. 

10. СТРУЈА, ИНТЕРНЕТ И КОМУНИКАЦИЈА:

Мобилната телфонија, со роаминг, функционира со SIM картичките од Македонија. Домашни SIM картички можат едноставно да се набават (пасош може да Ви биде потребен при нивно купување).

Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како кај нас, но ќе Ви бидат потребни адаптери за приклучоците. Влезот е ист како за Велика Британија (три плоснати конектори). 

Не можете да набавите адаптери на самата дестинација. 

11. СУВЕНИРИ:

Од сувенири препорачуваме: играчки од влакна од банани, ткаенини изработени од кора од стебла, традиционални музички инструменти, батик уметнички дела...   

12. ОСТАНАТИ НАПОМЕНИ:

Ако сакате да ги фотографирате локалците секогаш претходно побарајте дозвола. 

Не се препоралува капење во езерата и реките затоа што се појавуваат крокодилии други опасни животни.