Бутан

Бутан

Добредојдовте во Бутан (Butan), земјата не среќата, земјата на Хималаите, будистички храмови, полицајци со бели ракавици место семафори. 

Eдна од најмалите земји на светот, но најголеми по бројот на растителни и животински врсти!

Авантурата во Бутан (Butan) почнува уште во авионот, бидејќи прелетуваме преку 4 од 5 највисоки врвови на светот. Дури 60% од земјата секогаш мора да биде прекриена со шума, па Бутан е идеален за љубителите на трекинг.

Една од најатрактивните туристички дестинации на Бутан е храмот Tiger’s Nest, кој изгледа како да виси од карпа. Постојат 3 рути до манастирот, првата низ борова шума која ја симболизира заштитата од злите сили, а другите две водат преку платото наречено “Плато на илјада вили“. Аџиите ги обиколуваат и другите храмови, завлечени во шумите или на стрмните планински падини, каде заедно со монасите, во молитва, го бараат својот мир.

Уживајте во вкусовите на јадењата слични на паприкаш, со додаток на црвен ориз, сирење со чили пиперчиња и тибетантското јадење момо, кое секаде се јаде на различен начин. Бидете внимателни бидејќи често во храната ќе добиете и лута пиперка, за да го “зачините денот“. Во Бутан се произведува едно од најдобрите азиски пива - Црвена Панда, кое се пакува во рециклирани флаши. За оние кои не сакаат пиво, тука е вториот национален пијалок, а тоа е чај кој се пие со путер од јаково млеко (тибетско говедо). 

Додека ги впивате вкусовите на Бутан, не заборавајте на обичаите, па немојте одма да ја прифатите понудената храна. Прекријте ја устата со рака и кажете meshu, meshu, a храната прифатете ја од втор или трет пат, за да не ги навредите локалците.

Најдете мир во будистичките храмови, дишете со полна плуќа бидејќи тука се произведува повеќе кислород него јаглен диоксид. 

Погледните во деловите на светот кои сеуште не се погодени со модерната технологија. 

Здружете се со најсреќните луѓе на планетата и уживајте во невистинските глетки кои мајката природа ни ги има оставено - откријте го Бутан.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Бутан

Општи податоци: Бутан е навистина спектакуларна и неверојатна земја, позната и како земјата на насмевки. Сместен е на источните падини на Хималаите, меѓу Кина и Индија. Малото будистичко кралство во 1960 година конечно ги отвора своите врати за јавноста. Хималаите, храмови, фестивали, министерство за среќа и природа, се само некои од причините за посета и уживање.
- Главен град: Тимбу
- Површина: околу 38.000 km²
- Број на жителите: 758.288 жители
- Население: Нгалопи 50%, Непалци 35%, други племиња 15%
- Јазик: Sharchhopka 28%, Dzongkha (службен) 24%, Lhotshamkha 22%, останати 26%
- Вера: ламаизам 75%, хиндуизам 22%, останати 3%
- Независност: 1907/1949.

Валута: Валутата која е во оптект се вика Нгултрум. 1 евро = 84 btn, 1$ = 72 btn. Се препорачува со себе да носите долари. Банкомати и картички не се лесно достапни, па немојте да се потпирате на нив. За деталите посоветувајте се со Вашата банка и задолжително пријавете заминување во страство со цел картичките да не ви се блокираат. За трошење во Бутан секогаш мора да ја имате локалната валута. На пазарите, во продавничките за сувенири и кај уличните продавачи можете секогаш да се ценката, бидејќи тоа тука е обичај и се очекува. Освен ценкање, обичај е секогаш и на сите да оставате и бакшиш.

Временска зона: UTC+6. Бутан не преминува на летно сместање на времето, што значи дека во зима е 5 часа пред Македонија, а на лето 4 часа пред.

Виза: За влез на територијата на Бутан, на државјаните на Република Северна Македонија им се потребни визи. Државјаните на Р.С. Македонија кои сакаат да патуваат во Бутан, мораат да извадат виза исклучиво преку туристичките агенции регистрирани во Бутан или нивните партнерски агенции преку кои единствено може да се организира туристички престој во оваа земја. Рокот на важење на пасошот поради туристичко патување мора да биде 6 месеци. Со себе носете и копија од пасош.

Клима: Бутан има разновидна клима. Јужниот дел на земјата има во главно топла и влажна клима за време на целата година, со температури од 15 до 30 степени целзиусови. Централните делови на земјата имаат клима со сезонски разлики, топли лета и суви и ладни зими. На крајниот север, зимите се ладни. Планинските врвови се прекриени со снег. Распон на температурите кои се очекуваат во февруари на пример е од 0C до 19C.

Храна и пијалоци: Традиционалната исхрана може да биде навистина лута. Во главно е комбинација на бутанска, непалска, тибетанска и индиска кујна. Ema datshi (сирење и чили пиперки), Kewa datshi (компир и сирење), Shamu datshi (печурки и сирење), Shakam ema datshi (сушено говедско со сирење), Shakam paa (сушено говедско со чили) - (https://migrationology.com/bhutanese-food/)... Овошјето мијте го со флаширана вода или излупете го. Јадењата можат да бидат многу лути. Ако не сте љубители на луто, тоа мора и да го нагласите пред да порачате.

Здравје: За влез на територија на Бутан вакцина не ви е потребна. Водата не е за пиење, се користи исклучиво флаширана и се избегнува мраз. Од лекови, со себе понесете лекови за редовна терапија, доколку ја имате, пробиотици, лекови за симнување температура, против болки, односно лекови кои генерално ги носите со вас на патувања. Задолжително земете и крема за сончање и Аутан. Препорачливо е да имате здравствено осигурување. Во Бутан водете сметка за пијавици за време на трекинг.
Осигурување: Препорачливо е да имате здравствено осигурување.

Сигурност, безбедност и правила на однесување: Бутан е безбедна дестинација. Ноќе не се препорачува движење по улици, надвор од групата. Избегнувајте ги продавачите на опојни средства. Сите опијати се забранети и илегални. Водете сметка кога фотографирате. Доколку сакате  некого да фотографирате, задолжително мора прво да прашате за дозвола. Пред храмовите соблечете ги обувките и водете сметка за следново: често ќе морате да ги вадите сите предмети од себе, не смеете да се качувате на хиндустичките храмови. Забранета е продажба на цигари како и нивно производство. Пушењето е забрането на јавни места. Можете во земјата да внесете до 200 цигари (10 кутии). Задолжително прашајте каде можете да застанете и да запалите цигара. Избегнувајте ги темите кои се табу. Почитувајте ја кралската фамилија. Реките и езерата во Бутан се сметаат за свети места. Фрлање на камчиња и отпад во водните површини претставуа сериозен прекршок.

Облека: Од облека е потребна пролетна и летна лесна гардероба, но задолжително со себе земете и нешто со долги ракави и ногавици, главно ради авионот, но исто така е возможно паѓање на температурите, поготово навечер. Задолжително земете дуксер и неколку пара панталони. Удобната облека се подразбира поради обиколка на градовите, трекинг и истражување на џунглите. Долгите ракави и ногавици се препорачуваат и како заштита од комарци. Земете со себе и чадор и кабаница, но и шешир, марама или качкет. Главно за посета на храмовите се препорачуваат долги ракави и ногавици, што значи дека може да носите и таква облека, но тенка, за да не ви биде претопло.

Комуникација: Нашите мрежи генерално не работат во Бутан. Повеќето сместувања имаат wi-fi, но конекцијата може да биде слаба.

Струја: Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како кај нас и не ви се потребни адаптери за утичниците. За секој случај, можете да земете со вас адаптер со влез како за Велика Британија.

Сувенири: Доколку купувате предмети поврзани со будизам, советуваме да не земате глави од Буда, бидејќи тоа се смета за неприкладно. Од сувенири препорачуваме: традиционална облека и материјали, предмети и скулптури од дрво, традиционална музика, накит, предмети врзани за религиите хиндуизам и будизам, производи од пашмин и јакова волна, маски...