Индонезија патувања

Патување во Индонезија (Indonesia) - земја која е дом на околу 250.000 луѓе, со преку 18.000 острови, 8 локалитети под заштита на UNESCO листата на светско културно и историско наследство.

Земја која е дом на муслимани, хиндуисти, католици, православци, будисти. Земја која е богата со историја, која со векови ја испишувале Индонезијци, Холанѓани, Индијци, Јапонци, Малежани... 

Земја во која поголемиот дел на жители живеат од одгледување на палми, какао, кафе, чај и ориз. Земја во која растат необични видови на овошје – “starfruit“, “snake fruit“, “dragon fruit“, “passion fruit“... 

Земја чии жители научиле да живеат без страв од ерупција на вулкани, цунами, земјотреси, затоа што веруваат дека доколку дојде до некои од таквите непогоди, после ќе дојде и благосостојба - плодна земја која ќе ги храни нив и нивните потомци. 

Жителите на Бали (Bali) левата рака ја сметаат за нечиста. Не јадат со неа, не се поздравуваат и не примаат работи со неа. 

Едно од ретките места на планетата каде сеуште не се градат патишта. Каде во џунглите живеат племиња - канибали и нивни потомци. Каде стоковната размена се води со размена на домашни животни. Од цивилизираното Бали (Bali) до патување во неистражените Папуа и Сулавеси!

Насмеаното племе Ве води на патувања од кои ќе Ви се одземе здивот! 

Индонезија (Indonesia) е една од земјите со најголем број на луѓе во светот и на нејзиното подрачје постојат голем број на различни култури и обичаи!

Поаѓања

Патувања

Видео

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Индонезија

Индонезија

  • Главен град: Џакарта
  • Површина:1.904.569 km², од која копно е 1.811.569 km²
  • Број на жители: 260 милиони жители (Бали околу 4 милиони жители)
  • Население: индонезиски народи околу 80%, Мајалци 3.7%, Кинези 1.2%, останати 15%
  • Јазик: индонезиски, англиски, мајалски
  • Вероисповед: Ислам 88%, Христијанство 8%, Хиндуизам 2%, Будизам 1%, останати 1% (Бали - Хиндуизам 94%, Ислам 5%)
  • Независност: 1950. година
  • Валута: Индонезиски рупии IDR – 1 EUR = 16700 IDR
  • Кредитни картички и банкомати: Банкомати постојат но не можете да се потпрете на нив. Платежни картички не може да користите секогаш. За детали посоветувајте се со Вашата банка и задолжително пријавете заминување во странство, за да не Ви ги блокираат картичките.
  • Временска зона: GMT +7 (Џогџакарта), GMT +8 (Бали)
  • Виза: На државјаните на Р. С. Македонија виза за влез во Индонезија не им е потребна.
  • Клима: Климата во Индонезија се одликува со релативно високи температури (просечна највисока температура е 30-32C, најниска околу 22-25C), влажноста на воздухот е висока, а сонцето е исклучително силно затоа што се работи за подрачје околу екваторот. Главна сезона за посета на овие подрачја е од јуни до септември, но мора да се има предвид дека може да се појави дожд во кое било годишно време бидејќи станува збор за подрачја на екваторот.
  • Храна и пијалоци: Исхраната опфаќа ориз, нудли, пилешко, говедско (Џогџакарта), свинско (Бали), овошје и зеленчук, морски плодови и риба. Јадењата може да бидат исклучително лути, така што се советува да проверите пред нарачка. Се препорачува улична храна (пред се затоа што ова подрачје е со традиција на улична храна, можете да пробате и голем број на интернационална кујна). Алкохолните пијалоци се прилично скапи. Исто така во поголемиот број на ресторани каде се храни муслиманското население немојте ни да прашувате за алкохол. Испробајте го кафето копи лувак но и домашниот алкохолен пијалок Арак, како и пивото Бинтанг. Овошјето измијте го со флаширана вода или излупете го. Од јадења задолжително пробајте наси кампур, наси горенг (на база на ориз), мие горенг (на база на нудли), гадо гадо (салата со обарен компир), ренданг (говедско), баби гулинг (свинско). Обичај е да оставите бакшиш.
  • Здравје: За влез на територија на Индонезија, законски не е потребно да примите вакцини, но секако консултирајте се со вашиот лекар. Се препорачува пиење флаширана вода. Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку примате, пробиотик, лекови за симнување на телесна температура, лекови против болки, односно лекови кои генерално ги носите со себе на патување. Задолжително понесете крема за сончање и Аутан.
  • Осигурување: Препорака е да имате здравствено осигурување.
  • Сигурност, безбедност и правила на однесување: Индонезија е безбедна дестинација но морате да бидете внимателни кога се во прашање вашите лични работи, особено на улиците, каде има најмногу метеж или во метро. Посебно внимание обрнете на работите за време на вечерната прошетка во Џогџакарта или на прошетката на Бали. Избегнувајте било какви опојни средства, сите опијати се забранети и нелегални, а за поседување нелегални супстанци се одредува и смртна казна! Водете сметка кога фотографирате, затоа што доколку сакате некого да фотографирате, мора да добиете дозвола за тоа. Со оглед на тоа дека се работи за земја каде мнозинството луѓе се муслимани, водете сметка и почитувајте ги правилата на однесување и облекување. Пред храмовите и џамиите задолжително собујте ги обувките. Забрането е во превозните средства и хотелите да го внесувате овошјето Дуриан и можете да платите казна! Во секојдневниот живот најмногу се користи десната рака, затоа што левата се смета за нечиста. Не ги вртете стапалата кон другите луѓе. Задолжително да водите сметка за мајмуните, може да ги има насекаде, не се агресивни но во текот на играта може да ве изгребат. Исто така сакаат да крадат работи од туристите. Избегнувајте контакт со очи со мајмуните.
  • Облека: Од облека потребна е летна, лесна гардероба, но задолжително понесете со себе нешто со долги ракави и долги панталони пред се поради авионот но и за обиколка на градовите и влез во џамиите или другите светилишта. Понесете и чадор или кабаница но и шешир, марама или качкет. За посета на будистичките и хинду храмови мора да се почитува кодексот на облекување: покриени рамења, деколте и колена. Препорака е со себе да понесете и марама или на самото место да купите саронг (традиционално парче облека) кои ќе ги врзете околу струкот за време на влезот во храмовите.
  • Комуникација: Нашите мрежи работат на територија на Сингапур. Речиси сите сместувања, ресторани или кафулиња имаат wi-fi.
  • Струја: Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како и кај нас и не Ви се потребни адаптери. Доколку имате, можете да понесете адаптер за струја како за Велика Британија, со три влеза.
  • Изнајмување на возила: Доколку сакате да изнајмите возило или мотор потребна Ви е меѓународна возачка дозвола. Доколку се одлучите за тоа морате да бидете исклучителни внимателни затоа што состојбата на патиштата е прилично хаотична. Друга опција е изнајмување на автомобил со возач.
  • Сувенири: Од сувенири препорачуваме традиционална облека и материјали, батик, кафето копи лувак, Гарам - слатки цигари со каранфилче, зачини, чаеви, мали статуи од божеството хинду... Забрането е изнесување на школки, корали и други предмети од природата.