Киргистан

Киргистан

Доколку патот Ве води кон Централна Азија, неизбежна станица е Киргистан, една од најсончевите земји во светот со речиси 250 сончеви денови годишно, исто така позната како Швајцарија во Централна Азија, поради огромниот планински терен и глечерите што ја покриваат оваа земја. 

Неколку локалитети се под заштита на УНЕСКО и интересно е што прочуените Патишта на свилата поминале низ оваа област. Градови стари до 3000 години, топли лета со температури над 40C и ледени зими, но и неколку национални паркови, култот на бројот 40 и “Белата куќа“ - се само некои од спецификите на Киргистан

Во никој случај не треба да го пропуштите ручекот со локалните жители, кои јадат на душек, на под и неизоставен дел од која било трпеза се коњско месо и колбаси, како и вкусен мед што се јаде во големи количини. 

Интересно е што речиси една петтина од населението е од православна вера, додека останатите се муслимани. 

Храната е нешто посебно, неверојатна мешавина на вкусови карактеристични за ова подрачје и во традиционалната исхрана, пилешкото речиси никогаш не се користи за разлика од говедското месо. Специјалитет се колбаси од коњско месо. Исто така, коњското месо многу се користи во исхраната и од него се прават јадења како што се karyn и beshbarmak. Традиционалната исхрана вклучува јадења како што се пилав, laghman кнедли, тестенини, манти, chuchpara, слични на другите земји во регионот. Обожуваат да консумираат мед. Од пијалоците треба да се проба kymyz (ферментирано млеко од кобили, благо алкохолизорано), ајран, сол и вода. 

Патувањето низ Киргистан сигурно ќе ве остави со убави спомени, покрај храната и богатата историја, прекрасните јурти - традиционални шатори, како и спектакуларни пејзажи и неверојатни природни убавини, планини, полиња, врвови, глечери, езера, коњи, орли, традиционален танц и чистота насекаде околу Вас. 

Одвојте време да прошетате и да видите убава традиционална облека и материјали, рачно изработени теписи и патеки познати ширум светот, традиционални камшици, шахот кој е омилена игра, садови за чај, предмети за љубителите на јастреби, музички инструменти... 

Кога ќе го погледнете сето ова ќе се сретнете и со душата на Киргистан, слободна како сокол, чиста како недопрена природа, обвиткана со музика, неверојатни вкусови, како и насмевки на народот!

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Киргистан

Општи податоци: позната како Швајцарија во Централна Азија, поради огромниот планински терен и глечерите што ја покриваат оваа земја. Неколку локалитети се под заштита на УНЕСКО и интересно е што прочуените Патишта на свилата поминале низ оваа област. Градови стари до 3000 години, топли лета со температури над 40C и ледени зими и неколку национални паркови, култот на број 40 и “Белата куќа“ се само некои од спецификите на Киргистан.

Главен град: Бишкек

Површина: 199.951 km²

Број на жители: околу 5.8 милиони жители

Население: Киргистанци 73.2%, узбекистанци 14.6%, руси 5.8%, останати 6.4%

Јазик: киргистански, узбекистански, руски

Вероисповед: муслимани 75%, православни 20%, останати 5%

Независност: 1991. година

Валута: Сом KGS – 1 EUR=82.06 KGS

За трошење во Киргистан морате секогаш со себе да имате локална валута.

Платежни картички и банкомати: Картички ретко каде може да користите. Препорака е плаќање со готовина. За детали посоветувајте се со Вашата банка и задолжително пријавете заминување во странство, за да не дојде до блокирање на картичките.

Временска зона: GMT +6

Виза: За државјаните на Р. С. Македонија потребна е виза за влез на територија на Киргистан и можете да ја добиете во електронска форма. Цената на визата изнесува 70$.

Клима: Климата е разновидна, од суптропска преку пустинска до субполарна. Во зима температурата варира од -8C во ниските предели до -27C на планините. Ве текот на летото се температурата движи од -10C на планините до +40C на југот околу градот Ош. Годишно има дури и до 247 сончеви денови. Најдобар период за посета е во текот на пролетта и наесен.

Храна и пијалок: Во традиционалната исхрана, пилешкото речиси никогаш не се користи за разлика од говедското месо. Специјалитет е колбаси од коњско месо. Исто така, коњското месо многу се користи во исхраната и од него се прават јадења како што се karyn и beshbarmak. Традиционалната исхрана вклучува јадења како што се пилав, laghman кнедли, тестенини, манти, chuchpara, слични на другите земји во регионот. Обожуваат да консумираат мед. Од пијалоците треба да се проба kymyz (ферментирано млеко од кобили, благо алкохолизорано), ајран, сол и вода. Се јаде во главно на под.

Здравје: За влез на територија на Киргистан, законски не е потребно да примите вакцини, но секако консултирајте се со Вашиот лекар. Се препорачува конзумирање на флаширана вода. Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку ја примате, пробиотик, лекови за снижување на телесна температура, против болки, односно лекови кои генерално ги носите со себе на патување.

Осигурување: Препорака е да имате здравствено осигурување.

Сигурност, безбедност и правила на однесување: Безбедносната состојба во Киргистан е стабилна. Можни се ситни кражби. Водете сметка кога фотографирате, затоа што доколку сакате некого да го фотографирате, за тоа мора да прашате. Не е дозволено фотографирање на војската, полицијата, банките, на аеродромите. Пред храмовите задолжително соблечете ги чевлите. Пожелно е оставање на бакшиш.

Облека: Задолжително со себе понесете нешто по долги ракави пред се поради авионите, но и за посета на градовите и влез во џамиите или други светилишта. Понесете и чадор или кабаница, но и шешир, марама или капа. Покрај гардеробата која инаку ја пакувате, за патување во текот на пролетта или наесен потребно е да понесете и удобна облека, дуксер или џемпер. Во пустинските планински подрачја температурните разлики помеѓу денот и ноќта се големи и времето често се менува. Во текот на посетата на верските објекти, на жените им се препорачува поголемиот дел од рацете и нозете да биде покриен како и главата и косата. За време на влегувањето во верските објекти но и куќите на локалното население, потребно е да ги соблечете чевлите. Од облека понесете нешто удобно и затворено.

Комуникација: Нашите мрежи во главно работат во Киргистан но не на целата територија, имајќи во предвид дека се посетуваат и места кои се далеку од поголемите градови. Речиси сите сместувања, ресторани или кафулиња имаат wi-fi.

Струја: Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како и кај нас и не Ви се потребни адаптери.

Сувенири: Од сувенири препорачуваме традиционална облека  и материјали, рачно изработени теписи и патеки, традиционални каиши, садови за чај, предмети за љубителите на јастреби, музички инструменти...