Лаос

Лаос

Патуваме во Лаос (Laos), земјата чие име значи "Земја на илјада слонови". 

Во Лаос (Laos) ќе доживееме непрегледни планински венци, живописни села, уметност на племињата и магијата на реката Меконг (Maekong). 

Недопрената природа на Лаос (Laos), која нема да ја најдете на ниедно друго место, села во планините и нивниот народ кој го сочинуваат преку 100 етнички групи, нас не одвојуваат од брзото секојдневие и не вовлекуваат во својот опуштен свет. 

Се чувуствувате како да сте се вратиле низ времето во период кога немало автопати, сообраќајни гужви и високи згради. 

Во државата која е најмногу бомбардирана за време на Втората светска војна. 

Луанг Прабанг храмовите - кои се под заштита на УНЕСКО јас смируваат сечија душа, а Вијентијан, најмалата престолнина на светот, живее мирен живот во ритамот на Меконг, кој тече во близина. 

Се навикнуваме со прсти да јадеме јадења од “леплив ориз“, кои ги макаме во разни сосови, а по оброкот, уживаме во најдоброто кафе на овој дел на Азија, или се освежуваме со ладно пиво. 

После ова патување ќе бидете полни со впечатоци, ќе се сеќавате на лицата на насмеаните локалци, монаси облечени во облека со боја на шафран и пазари на кои се уживале во вкусовите на различно свежо овошје и зеленчук. 

После незаборавните впечатоци, дома можете да понесете и преубави производи од свила и памучна ткаенина, тетратка или разгледница од специјалната “Саа“ хартија или рачно работени поклони за вашите пријатели.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Лаос

Лаос                                              

Општи податоци: Лаос, држава во Југоисточна Азија без излез на море. Лаос е опкружен со Кина, Виетнам, Камбоџа, Тајланд и Мијанмар (од север, во правец на стрелките на часовиникот).

Главен град: Виентијан                                                                     

Површина: 237.955 km2

Број на жители: 6.580.800 

Јазик:  лаоски

Вера: Теравада будизам 57.8%, традиционални верувања 33.6%, атеизам 4.8% и останато 2.8%.

Независност: 09.11.1953

Валута: Kip (LAK) 1€ = изнесува околу 9.798.33 LAK / 1$= изнесува околу 8.653.49 LAK

Кредитни картички и банкомати:  Користење кредитни картички е возможно, но тоа претходно морате да го најавите на својата банка. Менувачници се достапни во поголемите градови.

Временска зона:  UTC + 07:00h

Виза: Виза се добива на аеродромот во Луанг Прабанг и истата изнесува 40$. Задолжително морате да имате минимум две чисти и празни страни во пасош, а пасошот мора да важи најмалку 6 месеци од моментот на враќање од патувањето. Кај себе имајте две фотографии со бела позадина, димензија како за пасош и фотокопија од пасошот.

Клима: Лаос има тропска монсунска клима, со дождовна сезона од мај до октомври и ладна и сува сезона од ноември до февруари, а топла и сува сезона во март и април. Монсуните се појавуваат во исто време во цела зема, но количината на дождот е различна од регион до регион. Голема количина на дожд, но и долги суши значајно влијаат на производството на ориз.

Храна и пијалоци: Темел на кујната на оваа земја е лепливиот ориз со кој се служи и салата од зелена папаја, месо со зеленчук или речна риба на жар. Влијанието на тајландската и виетнамската кујна е очигледен, со додаток на чили, рибен сос, лимонски треви и слично. Чессто ќе наидете на силни супи со резанци и ситни парчиња месо и зеленчук. Со многу зачини и интересни вкусови, препуштете се во пробување на традиционалните јадења во Лаос.

Здравје: Во Лаос е многу проширена маларијата и други болести кои го пренесуваат комарци - денге треска, поради што е задолжително да земете со Вас средства за заштита против комарци. Задолжително посоветувајте се со Вашиот лекар за некои алтернативни таблети против маларија. Водата не е за пиење, не смеете да ја користите ни за миење на заби, ни миење на овошје. Треба да се користи само флаширана вода.

Осигурување: Се препорачува да имате здравствено осигурување. Истото можете да го уплатите и кај нас во агенција.

Сигурност, безбедност и правила на однесување: Нивото на криминал е низок, иако кражби не се ретка појава (пр. кражба на ташни). Наркотиците претставуваат голем проблем. Локалниот закон прави мала разлика меѓу поседување на дрога за лична употреба и трговија со дрога, а казните се огромни.

Облека: Лаос е традиционална земја, што значи дека треба да избегнувате облека која открива премногу. Облеката треба да биде комотна и непроѕирна. За време во целата година во Лаос е топло и влажно, па одберете материјали од природни влакна, како памук, свила или лен. За одење ви се потребни удобни сандали или патики.

Струја: Во Лаос напонот е 230V. Постојат класични утичници како кај нас, но можете да си купите и утичници со два сплескани влеза.