Монголија

Монголија

Необична авантура во неистражената и уникатна Монголија - земја на прекрасни луѓе кои животот го поминуваат традиционално, надвор од западните вредности. 

Го посетуваме главниот град Улан Батор, а потоа тргнуваме на патување во внатрешноста на земјата кон комплексот Ерден Зу, Националниот парк Терељ, Каракорум, езерото Уги... 

Ги посетуваме и номадските заедници, а потоа заедно учиме како се чуваат и тренираат соколи, јаваат камили и за крај - спиеме во традиционалите јурити. 

Монголија, земјата на Џингис Кан, држава која се простира низ бескрајната степа и пустината Гоби чии жители ја негуваат традицијата низ векови, што и не е чудно бидејќи некогашните владетели на Монголија велеле дека сите градови треба да се срамнат со земја за да светот стане степа, а мајките да раѓаат слободни и среќни деца. 

Голем број жители на Монголија живеат во традиционални шатори, така наречени јурти. 

Авантурата низ Монголија започнува во главниот град на земјата, Улан Батор што во превод значи Црвен херој. Номадскиот живот на овој народ ја опишува и самата историја на градот, кој три пати е преименуван и преместен. 

Во старата престолнина на Џингис Кан - Каракорум, ќе учиме како да скротиме коњ, ќе се запознаеме со локалното население, ќе наминеме до стариот град и комплекс на храмови и столбови кои се под заштита на UNESCO. 

Видео

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Монголија

  • Монголија се наоѓа во источна Азија и се граничи со Русија на север и Кина на југ, главен град е Улан Батор. Монголија е многу ретко населена, земја на степи, планини и пустии и е 18-та држава по големина од 193. На денешната територија на Монголија владееле бројни номадски племиња, вклучително Xiongnu, Xianbei, Rouran, Khaganati и многу останати. Во 1206 Џингис Кан го основал Монголското Царство кое и набрзо станало најголемото светско царство во историјата. Неговиот внук ја покорил Кина и ја основал династијата Yuan. По распадот на династијата, монголите се вратиле во Монголија заедно со нивните конфликти.
  • Визи: За државјаните на РСМ потребно е виза.
  • Здравствена ситуација: Патничко здравствено осигурување за предвидениот период во Монголија е неопходно. Дополнителни вакцини не се потребни освен во посебни ситуации (како епидемијата сарс). Покрај вашата сопствена терапија, пожелно е да земете вообичаени лекови.
  • Временска зона: Монголија се наоѓа во UTC+08:00 временска зона, односно +6 саати во однос на Македонија.
  • Клима: Поради сувата и изразено континентална клима температурите варираат. Во зима температурата достигнува до -25 степени, а во лето просечна е +25 степени. Просечни годишни врнежи од дожд се едвај над 200мм. Температурните разлики меѓу денот и ноќта се изразени и тоа е причината поради која во јужните делови на Монголија се наоѓаат и трајно замрзнати предели, а сепак се смета дека е најсеверната пустина. Само 10% од земјата се шуми, а 1% обработлива земја.
  • Храна и пиење: Кујната примарно се состои од млечни производи, месо и животинска маст. Најпознато селско јадење е печена овца, додека пак во градовите може да се најдат дампллингс полнети со месо, приготвени на пареа. Екстемната континентална клима оставила белег на монголската традиционална кујна. Употребата на зачини и зелнчук е ограничена, а големо влијание за оформување на вкусовите низ историјата имаат Русија и Кина.
  • Сигурност: Монголија е безбедна земја, но и покрај тоа треба да бидете внимателни каде што има гужва. Како и обично, вредните работи не е пожено да ги носите вас, а во текот на ноќта таксито е препорачливо во однос на пешачењето.
  • Облека: Поради големите температурни разлики, во текот на денот е потребна слоевита облека. Температурната разлика може да биде и до 30 степени.
  • Локална валута: Официјална валута во Монголија е тугрик (MNT), плаќањето со странски валути не е дозволено. Според последниот курс 1eur = 2837 тугрик, 1 $ = 2409 тугрик. Во главниот град овозможено е плаќање со платежна картичка (Visa, Master Card), како и во хотелите, подобрите ресторани и некои од стоковните куќи. Во останатите градови не треба да се ослонувате на своите платежни картички, односно на патниците им се советува со себе да носат готовина.
  • Струја: Не е потребно да понесете адаптер за електрична енергија. Струјата во Монголија е 220 волти и можете да користите стандардни полначи.