Австрија

Австрија

Австрија, држава во централна Европа, во текот на целата година привлекува со Алпите и со уживање во ски центрите, но и во недопрената природа.Погледите на Дунав се незаборавни, а чистиот алпски воздух е вистински благодет каде и сте на нејзината територија. Оваа земја може да се пофали и со тоа што е земја на валцерот, уметноста, преубави паркови, вкусна захер торта. Рај за купување колку Ви душа сака по долгите shopping улици. Величествена земја со богато архитектонско и културно наследство, по својот шарм и раскош, блиска до Франција и Италија. Особено нејзиниот главен град Виена.          Виена е една од најстарите метрополи во централна Европа, царски град, место на кое со векови се вкрстувале културите и се мешало влијанието на бројни народи, град кој бил седиште на императорот на Светото римско царство и престолнина на Хабсбуршката монархија, а на крајот на 19. век на врвот на славата - 4. град по големина на светот. Покрај најпосетените знаменитости како што се палатата Шенбрун, Хофбург, катедралата Стефансдом, Плоштадот Марија Терезија, Музејската четврт, чекаат бројни занимливости: каде се чува „копија на судбината“ со кое наводно легионерот Лонгин го прободел Исус и поради кого Хитлер ја анектирал Австрија, која е прватга кафетерија на светот од 1685. година, што сѐ можете да купите на пазарот Нахмаркт.                                                                                                                                                  Една од нашите омилени дестинации за излети е и Халштат. Кога ќе видите фотографии од ова гратче веќе можете да ја наслутите магијата. Халштат се наоѓа на брегот на истоименото езеро над кое се издигнуваат врвовите на Алпите. Најголема атракција на гратчето е неговата убавина и архитекрура во стилот на романиката, готиката и барокот поради што се наоѓа на листата на УНЕСКО на светско културно наследство.