Белгија патувања

Белгија, официјално Кралството Белгија, е една од најмладите и најмалите држави во Европа. Од големите плажи на брегот на Северното Море, преку музеите и историските центри и белгиски градови како Брисел, Гент, Бриж, до техничките достигнувања како што се пристаништето во Антверп, многуте природни резервати, мостови, канали, оваа земја нуди за секого по нешто. Претставува важен европски административен центар и во неа се наоѓаат водечките институции на Европската Унија. Поделена е на два региони по јазичен принцип: Фландрија на север во која доминира фламанскиот, т.е. холандски јазик и Валонија на југ во која преовладува францускиот јазик. Белгија е земја која има дадено значаен придонес во развојот на ликовните уметности, особено во 15. и 16. век кога била еден од центрите на ренесансата. Најпозната е по чоколадото, вафлите и пивото со водечки број на ресторани во одност на нројот на жители. Белгиската чоколада е меѓу најквалитетните на светот, а производителите „Neuhaus“, „Leonidas“, „Годива“ и „Wittamer“ имаат стекнато светска слава. Во Белгија речиси секоја недела се одржува некој фестивал, затоа што баш во оваа земја се одржуваат некои од најпознатите фестивали на светот - omorrowland, Pukkelpop, Rock Werchter, TW Classic...

Поаѓања

Патувања