Белорусија

Белорусија

Белорусија или официјално Република Белорусија е источноевропска држава чиј главен и најголем град Минск, е 11. град по популарност кај странските туристи. Останати поголеми градови се Брест, Гомељ, Могиљов и Гродно. Независна е од 1918. година, меѓутоа после Октомвриската револуција станува дел од Советскиот Сојуз. После распадот на СССР, претседател станува Александар Лукашенко. Во Белорусија постојат два официјални јазици: белоруски и руски. Дури два израелски претседатели се родени на територијата на оваа земја. Дури пет добиници на Нобелова награда се родени во Белорусија. Дури 40% од територијата е под шума во која живеат стада бизони. Белорусија е позната и по коцкањето, па ја нарекуваат „европскиот Лас Вегас“. Официјална валута е белоруската рубља.