Босна и Херцеговина

Босна и Херцеговина

Босна и Херцеговина е точката во која се сретнуваат Истокот и Западот, каде се меша историјата на Отоманското и Автро-Унгарското Царство со нота на Јужнословенски дух. Она што ја издвојува на мапата на светот е човечката топлина и гостопримството, непрегледните планини, средновековните градби, импресивните реки и водопади, скијањето по најповолни цени. Јахорина, Мостар, Сараево, водопадите Кравице, Неум, Меѓугорје - се само некои од познатите туристички дестинации во Босна и Херцеговина.                                                                                              Ќе Ве воодушеват и историските центри Сараево и Мостар, кои се потполно автентични со својата архитектура од турското време.                      Нѐ чека и вистински „мерак“ - пиење на домашно кафе од филџан во некоја од бројните традиционални кафеџилници.                               Ќебапите и сурџуките, викаат дека се најсолени баш во Босна и Херцеговина. Освен тоа сигурно ќе Ве освојат и урмашиците, туфахиите и баклавите. И сето тоа по најниски цени.