Франција

Франција

Тргнете по чекорите на милионите туристи кои ги привлекла магијата на Франција - во познатиот Париз и неговиот Лувр, Ајфеловата кула, Триумфлната капија, или можеби монденскиот Азурен брег или некои потполно некомерцијални делови на Франција.

Каде и да се упатите ќе Ве дочека најдоброто вино кое се пие во ритамот "Art de Vivre" - уживање во секојдневните ритуали. Тоа не мора да биде само вино, "Art de Vivre" го има и во пиењето кафе со кроасан во некое малечко париско кафуле со набљудување на елегантните Французи.

Културната сцена од музеи, галерии, атељеа, па сѐ до кабареа, е разновидна и го задоволува вкусот и на најпребирливите. Исто така, гастрономијата е посебно искуство од патувањето во Франција. Во било кој нејзин ќош ќе најдете највкусни француски десерти и дури 400 видови врвни сирења. Вистински повод за уживање во ритуалот на храната, кој има посебно место во француската култура. Не заборавајте добрата храна да ја „залиете“ со некој шампањ или можеби коњак.    

Има доволно причини за да се одлучите да Ве одведеме на патување во романтичниот Париз, неоткриениот Лион, бајковитите Колмар и Стразбур или покрај море на Азурниот брег или во запознавање на Корзика.