Летонија

Летонија

Летонија е балтичка земја, а баш како и нејзините соседи одишува гордост и култура. Освен тоа, во последните неколку години стана и популарна екотуристичка дестинација. Нејзината природа е импресивна - од море, преку бројни езера и густи шуми. Она што во неа се издвојува е нејзината космополитска престолнина Рига. Се наоѓа на брегот на Балитчкото Море и реката Дуагава. Рига е најголемиот град во балтичките земји со околу 750.000 жители и служи како главен културен, образовен, политички, финансиски, комерцијален и индустриски центар. Стариот град Рига се наоѓа на листата на УНЕСКО на светско наследство затоа што има најголема колекција на градби во стилот сецесија. Рига се смета за местото од кое викиншките бродови тргнувале во освојување. Стариот град - Вецрига, Црквата Свети Петар, Споменикот на слободата, Ришкиот замок, се само дел од знаменитостите со кои ќе се запознаеме во овој необично убав град.                                                                                       Покрај преубават Рига и чудесната природа на Летонија, ќе Ве дочекаат топли луѓе кои ќе ја загреат посетата на студениот север.

Видео