Литванија

Литванија

Литванија, најголемата прибалтичка држава на северот од Европа. Поголемиот дел од нејзиниот брег се наоѓа во Курскиот Залив, а остатокот е на отворено Балтичко Море. Интересно е дека покрај границата со Русија се наоѓа Калининградската област која е руска енклава.                                                                                                                                                      На патниците омилено катче од Литванија им е нејзиниот главен град Вилнус. Овој град после прогласувањето на самостојност од СССР станува модерен град. Самиот центар на градот е околу Градското собрание и Кралската палата кои ги поврзува најпопоуларната улица Pilies gatvė. Стариот град Вилнус е еден од најголемите преживеани градови од старите средновековни градови на северот од Европа, со преку 70 улици и речиси 1.500 згради.                                                         Освен тоа, не треба да се пропушти ни замокот Тракај, вистинското место за да се запознаете со историјата на оваа земја. Атркативен е и градот Каунас, поранешната престолнина на Литванија. Тоа е универзитетски град, што значи и град на млади луѓе. Неговиот стар град лесно ќе Ве шармира, а тука се и оригиналните музеи како Румсикес (етнографски музеј на отворено), Музејот на ѓаволот, замокот Каунас...