Словачка

Словачка

Словачка или официјално Словачка Република е мала средноевропска држава. Главен град е Братислава, а останати поголеми градови се Кошице, Банска Бистрица и Трнава. Во текот на историјата била во состав на многу држави, од Самовото царство до Чехословачка. Била независна држава под патронат на нацистичка Германија во периодот од 1939. до 1944. година, односно во целиот тек на Втората светска војна. По војната повторно е во состав на Чехославчка сѐ до падот на комунистичкиот режим односно после Плишаната револуција во1989. година. Словачка во 2004. година влегува во Европската Унија, а членка е и на НАТО пактот и Еврозоната. Официјална валута на Словачка е евро. Најпознати туристички локалитети во Словачка се престолнината Братислава и Татра, со интересните скијачки центри.