Словенија

Словенија

Словенија е поранешна југословенска република преполна со природни убавини која нуди летувања во Порторош и зимувања во Крањска гора. Прогласена е за најчиста земја на светот. Љубљана во 2016. година ја добила титулата „најзелена европска престолнина“. Словенија е важна туристичка дестинација, пред сѐ за ски туризам. Словенија е единствената европска земја во која се комбинираат Алпите, медитеранската клима, Панонската низина и варовничката висорамнина Крас. Патувањето во Словенија е погодно и за излети и за spa туризам, а понудата за Словенија вклучува: излет Марибор-Блед, Љубљана-Постојна, терме Чатеж, терме Лашко. Главен и најголем град на Словенија е Љубљана. Други поголеми градови се Марибор, Порторож, Птуј. Блед е на листата на најубави езера на светот, а Постојнската јама е една од најубавите пештери на светот која се наоѓа  на листата на УНЕСКО на културно наследство. Словенија е земја на вино и винови лозја (во просек има едно виново лозје на секои 70 жители). Сените во Словенија се повисоки отколку во другите земји од поранешна Југославија.  

Занимливости во врска со Словенија:

Најголемото езеро во Словенија е Бохињ

Во Словенија има околу 260 водопади, а најголем е Бока

Најстариот град во Словенија е Птуј

Највисокиот индустриски оџак во Европа се наоѓа во Словенија и висок е 362m

Словенците обожаваат пчели и мед, во земјата има дури 90.000 пчелари 

Фестивалот Курентовањеје е период кога народот се облекува во традиционални костими F

Најевтиниот резорт во Европа е Крањска гора 

Најстарата винова лоза расте во Марибор 

Патувањето во Словенија не е напорно, а нејзината природа остава без здив. Дегустација на вино, мед, бледски кремшнити, капење во Јадранско Море, скијање на Алпите, аватура низ пештери и целосен одмор во природата и во термалните извори.