Плажи на јужниот брег на Ланзароте
По појадокот се упатуваме кон југозападниот брег на островот, каде што нè очекуваат две од најубавите плажи на Ланзароте – Playa de las Mujeres и Playa Flamingo. Овие мирни заливи воодушевуваат со златен, фин песок и тиркизно море кое, благодарение на природната заштита, речиси секогаш е мирно, што ги прави совршено место за опуштање, капење и уживање во вистинска канарска атмосфера. Опкружени со вулкански пејзажи карактеристични за Ланзароте, плажите нудат фантастични глетки и се идеални за фотографирање незаборавни моменти.
По уживањето на брегот, продолжуваме кон шармантното приморско место Playa Blanca, едно од најубавите и најживописните летувалишта на југот од островот. Некогаш мало рибарско село, денес Playa Blanca е позната по својата елегантна променада покрај морето, бројните кафулиња, ресторани и опуштената медитеранска атмосфера. Тука ќе го поминеме остатокот од денот во лежерен ритам – со прошетка покрај брегот, уживање во погледот кон Атлантскиот Океан и блискиот остров Фуертевентура или едноставно одмор на сонце.
Планирана е и пауза за ручек во еден од локалните ресторани каде што можете да пробате свежи морски специјалитети и традиционални канарски јадења, со прекрасен поглед кон морето и марината.
Враќањето во хотелот е планирано во попладневните часови, по ден исполнет со море, сонце и автентична атмосфера на југот од Ланзароте – совршен крај на едно релаксирачко патување на островот на вечната пролет.