Палма де Мајорка

цена од
1.249
EUR ,00
сега од
1.049
EUR ,00
траење
8 дена
Барање
Барање

Ова лето одиме... на остров! ☀️

Каде?

Во Palma de Mallorca – медитерански рај на островот Mallorca, каде што сонцето, морето и добрата енергија се загарантирани.

Зошто?

Затоа што сакаме тиркизни плажи, стари градови со приказна и лето кое се памети. Затоа што тука се мешаат историја, природа и гастрономија – од La Seu Cathedral до скриени заливи и панорамски погледи од Cap de Formentor.

Кој период?

Сред лето – кога островот живее најсилно, деновите се долги, а ноќите топли и полни со живот.

Колку дена?

8 дена / 7 ноќевања – доволно за да го почувствуваме островот, но и да посакаме да се вратиме.

Што ќе правиме таму?

Ќе шетаме низ старото јадро на Palma, ќе уживаме во плажи како разгледница, ќе одиме на излети до најубавите делови од островот и ќе го фатиме ритамот на медитеранскиот живот. Ќе пробаме локални вкусови како Ensaimada и Sobrasada, со чаша Hierbas

Mallorquinas во рака.

Каква е атмосферата?

Летна, опуштена и заразна – денови поминати на сонце, зајдисонца покрај море и вечери што траат подолго од планираното.


Рута
Скопје
Софија
Палма
Софија
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Видови патувања
Европа
Дестинации
Шпанија
Код на патување
ES80
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Состанок на патниците пред спортската сала Борис Трајковски во Скопје. Трансфер од Скопје до Софија. Лет од Софија до Палма де Мајорка. Слетуваме и имаме организиран трансфер од аеродромот до хотелот. Се сместуваме и авантурата може да започне! Ноќевање. 

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Софија
  • Авио билет со сите такси на релација Софија- Палма (WizzAir),во економска класа вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х20х25cm
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Tent Palmanova 3* 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Софија
  • Палма

Се будиме во неверојатната Палма де Мајорка! Започнуваме таму каде што Palma најсилно го покажува својот карактер – под сенката на величествената La Seu Cathedral.Тука застануваме, впиваме атмосфера и ја почнуваме приказната за градот. Продолжуваме кон Royal Palace of La Almudaina – место каде се мешаат арапска историја и кралска традиција. Спуштајќи се кон морето, стигнуваме до Parc de la Mar – место каде градот се огледува во вода, а катедралата изгледа уште поголема. Кратка пауза за некоја фотка и кафе. Потоа навлегуваме во старото градско јадро, каде нè очекува Plaça Major – жив плоштад опкружен со кафулиња, улични уметници и локален живот. Продолжуваме по Passeig del Born – палми, светла, луѓе, движење... ова е местото каде што Palma дише најсилно. Турата ја заокружуваме покрај морето, каде што го фаќаме најубавиот дел од денот – зајдисонцето над Bay of Palma. Сонцето полека се спушта зад хоризонтот, боите се менуваат, а Palma ја покажува својата најмагична страна. Се враќаме во хотелот, одмараме и бараме некое местенце за вкусна вечера. Ноќевање. 

Сместување

Tent Palmanova 3* 1 ноќ

Место

  • Палма

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден за уживање на плажа! Ноќевање. 

Сместување

Tent Palmanova 3* 1 ноќ

Место

  • Палма

Храна

  • Континентален појадок × 1

Се будиме, појадуваме и одиме на незаборавна авантура на Ибица! Нашата приказна започнува во Dalt Vila – стариот град кој се издига над морето, опкружен со масивни ѕидини и под заштита на УНЕСКО. Влегуваме низ монументалната порта Portal de ses Taules и полека се искачуваме низ тесните камени улички. Секој чекор носи нов поглед, нов агол и нова фотографија. Стигнуваме до највисоката точка – Ibiza Cathedral, од каде што целиот град, пристаништето и морето изгледаат како разгледница. Ова е момент за пауза, за поглед и за „wow“. Потоа се спуштаме кон поинаквата страна на градот – модерната марина Marina Botafoch, каде луксузните јахти, баровите и динамиката на островот ја покажуваат другата страна на Ibiza. Следува слободно време – најдобриот дел од денот. Можете да продолжите да се губите низ уличките на стариот град, да седнете во мало кафуле со поглед или да направите кратко бегство до некоја од плажите како Talamanca Beach или Playa d'en Bossa – тиркизно море, песок и вистински летен vibe. Ова е ден без брзање. Ден кога Ibiza не се разгледува – туку се чувствува. Во попладневните часови се враќаме назад, со чувство дека сме биле дел од нешто поразлично. Ноќевање. 

Сместување

Tent Palmanova 3* 1 ноќ

Место

  • Палма

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден за шопинг, уживање на плажа и сончање. Ноќевање. 

Сместување

Tent Palmanova 3* 1 ноќ

Место

  • Палма

Храна

  • Континентален појадок × 1

Денес правиме мала пауза од сонцето и плажите… и влегуваме во сосема поинаков свет. Ја напуштаме познатата медитеранска сцена на Mallorca и се упатуваме кон една од најмистичните атракции на островот – Cuevas del Drach. Влегуваме внатре, чекор по чекор, и веднаш чувствуваме како атмосферата се менува. Температурата паѓа, светлината станува пригушена, а тишината има своја тежина. Околу нас – природни форми создадени илјадници години. Сталактити и сталагмити кои изгледаат како да се дел од некоја друга планета. Се движиме низ пештерата по уредени патеки, откривајќи нови простори и форми кои природата ги градела со векови. И тамам кога мислиме дека сме го виделе најдоброто – доаѓа моментот што ја прави оваа екскурзија посебна. Стигнуваме до Lake Martel – едно од најголемите подземни езера во Европа. Седнуваме. Светлата се гасат. Во тишината започнува музика. Од далечината, на самото езеро, се појавуваат мали осветлени чамци кои тивко се движатниз темнината. Класична музика одекнува низ пештерата, а целиот простор изгледа како сцена од филм. Ова не е само разглед – ова е доживување кое останува.  По оваа магична сцена, имаме можност да се провозиме со чамец по самото езеро – уште еден начин да ја почувствуваме оваа уникатна атмосфера. По излегувањето од пештерата, продолжуваме кон шармантното крајбрежно место Porto Cristo, каде имаме кратко слободно време за кафе, прошетка покрај морето или едноставно уживање во сонцето. Се враќаме назад со чувство дека сме виделе сосема друга страна од островот – тивка, мистична и неверојатно убава.

Сместување

Tent Palmanova 3* 1 ноќ

Место

  • Палма

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот одиме на северниот дел на островот, на една од најпознатите плажи на Мајорка. Бел песок и кристално чиста вода, плажа која нуди мир. Идеално место за пливање, сноркелинг или едноставно одмор под палмите. Имаме слободни часови за уживање. Од плажата започнува патот кон Кап де Форментор, крај на островот со спектакуларни карпи и панорамски видици. Се воодушевуваме во погледот кон скриените заливи и зелена борова шума, а самиот врв е местото каде се наоѓа Фар де Форментор – историски светилник кој нуди поглед на целиот северен дел на островот. Ова е идеална точка за фотографии и за едноставно уживање во природата и морето. Околу Кап де Форментор има и пешачки патеки кои водат до помали, скриени заливи и карпести плажи. Овие патеки се достапни за кратки прошетки или за подолго истражување, а ветровитата позиција на врвот нуди чувство на слобода и видик кој не се заборава. Се враќаме во хотелот и уживаме. Ноќевање. 

Сместување

Tent Palmanova 3* 1 ноќ

Место

  • Палма

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот го напуштаме хотелот и се упатуваме кон аеродромот. Лет од Палма до Софија. Слетуваме во Софија и имаме трансфер до Скопје. Пристигнуваме во Скопје и прогласуваме крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авио билет со сите такси на релација Палма- Софија (WizzAir), во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Софија до Скопје

Место

  • Палма
  • Софија
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. 

Важна напомена: При самото пријавување за овој аранжман, агенцијата веднаш ги купува и издава сите локални авионски карти потребни за реализација на патувањето (пр. Сао Паоло - Рио и Рио - Сао Паоло). Од таа причина, во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот/патниците, средствата уплатени при пријава (200€ по лице, во денарска противвредност) се нерефундабилни!

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.

Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Што е вклучено

Сместување

Tent Palmanova 3 Пример 7 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Софија
  • Авио билет со сите такси на релација Софија- Палма (WizzAir),во економска класа вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х20х25cm
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авио билет со сите такси на релација Палма- Софија (WizzAir), во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Софија до Скопје

Храна

7 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Туристичка такса EUR 2.20, по патник, по ноќевање.

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

PALMA CITY TOUR (Sunset)

PALMA CITY TOUR (Sunset)

Започнуваме таму каде што Palma најсилно го покажува својот карактер – под сенката на величествената La Seu Cathedral. Огромна, готска и веднаш до морето – прв „wow“ момент на оваа тура. Тука застануваме, впиваме атмосфера и ја почнуваме приказната за градот. Неколку чекори понатаму нè чека Royal Palace of La Almudaina – место каде се мешаат арапска историја и кралска традиција. Palma не е само плажа – тука секој камен има приказна. Спуштајќи се кон морето, стигнуваме до Parc de la Mar – место каде градот се огледува во вода, а катедралата изгледа уште поголема. Фото пауза? Апсолутно. Потоа навлегуваме во старото градско јадро, каде нè очекува Plaça Major – жив плоштад опкружен со кафулиња, улични уметници и локален живот. Продолжуваме по Passeig del Born – палми, светла, луѓе, движење... ова е местото каде што Palma дише најсилно. Турата ја заокружуваме покрај морето, каде што го фаќаме најубавиот дел од денот – зајдисонцето над Bay of Palma. Сонцето полека се спушта зад хоризонтот, боите се менуваат, а Palma ја покажува својата најмагична страна. Ова е моментот кога градот не се разгледува – туку се доживува.

Вклучено во цената: Превоз според планот и програмата, претставник од агенцијата

Времетраење: 3 – 4 часа

Ibiza

Ibiza

Денес ја менуваме сцената – одиме на остров кој има своја енергија, свој ритам и свој начин на живот. Одиме на Ibiza. Рано наутро ја започнуваме нашата авантура по море, оставајќи ја зад нас Mallorca и впловуваме во поинаква приказна. По пристигнувањето, веднаш се чувствува – Ibiza не е како другите места. Нашата приказна започнува во Dalt Vila – стариот град кој се издига над морето, опкружен со масивни ѕидини и под заштита на УНЕСКО. Влегуваме низ монументалната порта Portal de ses Taules и полека се искачуваме низ тесните камени улички. Секој чекор носи нов поглед, нов агол и нова фотографија. Стигнуваме до највисоката точка – Ibiza Cathedral, од каде што целиот град, пристаништето и морето изгледаат како разгледница. Ова е момент за пауза, за поглед и за „wow“. Потоа се спуштаме кон поинаквата страна на градот – модерната марина Marina Botafoch, каде луксузните јахти, баровите и динамиката на островот ја покажуваат другата страна на Ibiza. Следува слободно време – најдобриот дел од денот. Можете да продолжите да се губите низ уличките на стариот град, да седнете во мало кафуле со поглед или да направите кратко бегство до некоја од плажите како Talamanca Beach или Playa d'en Bossa – тиркизно море, песок и вистински летен vibe. Ова е ден без брзање. Ден кога Ibiza не се разгледува – туку се чувствува. Во попладневните часови се враќаме назад, со чувство дека сме биле дел од нешто поразлично.

Вклучено во цената: Превоз според планот и програмата, претставник од агенцијата

Времетраење: 10 – 12 часа

Cuevas del Drach

Cuevas del Drach

Денес правиме мала пауза од сонцето и плажите… и влегуваме во сосема поинаков свет. Ја напуштаме познатата медитеранска сцена на Mallorca и се упатуваме кон една од најмистичните атракции на островот – Cuevas del Drach. Влегуваме внатре, чекор по чекор, и веднаш чувствуваме како атмосферата се менува. Температурата паѓа, светлината станува пригушена, а тишината има своја тежина. Околу нас – природни форми создадени илјадници години. Сталактити и сталагмити кои изгледаат како да се дел од некоја друга планета. Се движиме низ пештерата по уредени патеки, откривајќи нови простори и форми кои природата ги градела со векови. И тамам кога мислиме дека сме го виделе најдоброто – доаѓа моментот што ја прави оваа екскурзија посебна. Стигнуваме до Lake Martel – едно од најголемите подземни езера во Европа. Седнуваме. Светлата се гасат. Во тишината започнува музика. Од далечината, на самото езеро, се појавуваат мали осветлени чамци кои тивко се движат низ темнината. Класична музика одекнува низ пештерата, а целиот простор изгледа како сцена од филм. Ова не е само разглед – ова е доживување кое останува. По оваа магична сцена, имаме можност да се провозиме со чамец по самото езеро – уште еден начин да ја почувствуваме оваа уникатна атмосфера. По излегувањето од пештерата, продолжуваме кон шармантното крајбрежно место Porto Cristo, каде имаме кратко слободно време за кафе, прошетка покрај морето или едноставно уживање во сонцето. Се враќаме назад со чувство дека сме виделе сосема друга страна од островот – тивка, мистична и неверојатно убава.

Вклучено во цената: Превоз според планот и програмата, Влезница за Cuevas del Drach, претставник од агенцијата

Времетраење: 4 – 6 часа

Playa de Formentor & Cap de Formentor

Playa de Formentor & Cap de Formentor

Денот не носи на северниот дел од островот, на една од најпознатите плажи на Мајорка. Бел песок и кристално чиста вода, плажа која нуди мир. Идеално место за пливање, сноркелинг или едноставно одмор под палмите. Имаме слободни часови за уживање. Од плажата започнува патот кон Кап де Форментор, крај на островот со спектакуларни карпи и панорамски видици. Се воодушевуваме во погледот кон скриените заливи и зелена борова шума, а самиот врв е местото каде се наоѓа Фар де Форментор – историски светилник кој нуди поглед на целиот северен дел на островот. Ова е идеална точка за фотографии и за едноставно уживање во природата и морето. Околу Кап де Форментор има и пешачки патеки кои водат до помали, скриени заливи и карпести плажи. Овие патеки се достапни за кратки прошетки или за подолго истражување, а ветровитата позиција на врвот нуди чувство на слобода и видик кој не се заборава.

Вклучено во цената: Превоз според планот и програмата, претставник од агенцијата

Времетраење: 5 – 7 часа

Сместување

Tent Palmanova 3*

Tent Palmanova 3*
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот Tent Palmanova е хотел со 3* по локална категоризација. Сместен во Палма, хотелот располага со базен, фитнес центар, ресторан, бар. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствен тоалет, фен, клима уред, телевизор.


Услугата е на база ноќевање со појадок + Unlimited Brunch 

Адреса Calle Paris
1
07181 Palmanova
Spain

Останати поаѓања за Шпанија

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.