Тенерифе и Андалузија

Тенерифе и Андалузија

цена од
1.499
EUR ,00
сега од
1.349
EUR ,00
траење
11 дена
Пријави се Барање
Барање

Дали сте спремни за Вашата совршена летна авантура на Jungle начин :)? 

Започнуваме во Андалузија - Срцето на Шпанија, местото каде што фламенкото одекнува низ маварските палати, тапасот претставуваат начин на живот и каде што сите журки траат без престан!! Ги посетуваме Малага, Севиља, Марбеља и Пуерто Банус -- бисерите на овој регион. Ова е Шпанија во својата најавтентична и незаборавна форма.

Токму кога мислите дека оваа авантура не може да биде подобра - ве носиме на незаборавниот остров -- ТЕНЕРИФЕ!! Замислете црните песочни плажи, месечевите пејзажи, скриените плажи и зајдисонцата што ќе ги паметите цел живот. Да, и тоа е Шпанија - само зачинета со тропска авантура!

Без разлика дали ловите ориентални кафулиња во Севиља, се искачувате по неверојатните врвови на Теиде или само сакате да ја вкусите најдобрата Сангрија во Шпанија -- оваа авантура има по нешто за секого!

Jungle освојува уште една европска дестинација! 
Спремни?


Рута
Скопје
Истанбул
Малага
Тенерифе
Малага
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел, Guesthouse
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Шпанија
Код на патување
ES78
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Состанокот на патниците на Mеѓународниот Aеродром во Скопје, во вечерните часови два часа пред летот. Лет од Скопје со Turkish Airlines

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Малага (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Малага

Започнуваме со нашата медитеранска авантура!! Трансфер од аеродром до нашето сместување. Започнуваме со истражување на медитеранскиот бисер, Малага. Се движиме низ плоштадот Plaza de la Constitucion и излегуваме на пешачката зона, Calle Marques de Larios. Улицата е полна со разни кафулиња и модни продавници. Малага е град којшто ги инспирирал најголемите светски уметници и неслучајно Пабло Пикасо живеел во овој град. Ќе го посетиме музејот на Пикасо како и неговата куќа Fundacion Picaso. Имаме време да ги посетиме катедралата Catedral de Malaga, римскиот амфитеатар Teatro Romano, плоштадот Merced (Placa de la Merced) и видиковецот Gibralfaro (Mirador de Gibralfaro) од каде се отвора неверојатен поглед на арената, пристаништето и плажата Малагета. В. Ноќевање.

Сместување

Hotel la Barracuda 1 ноќ

Место

  • Малага

Факултативни излети

По појадокот не чека авантура во најбогатиот град на Андалузија и нејзината престолнина - Севиља. Го посетуваме преубавиоит плоштад со симболи од сите градови на Шпанија - Plaza de Espana. Ќе ја посетиме и Златната Кула - Тorre del Oro покрај реката Гвадалкивир Guadalquivir како и арената за борба со бикови Placa de Torros. Не смееме да ја пропуштиме катедралата Catedral de Sevilla во која е закопан најпознатиот морепловец на сите времиња Кристофор Коломбо. Одиме по стапките на шпанските императори во палата Алказар - Alcazar, каде што е снимана познатата серија “Game of Thrones”. Шетаме по преполните улици, уживаме со кафе и сладолед како вистински Андалузијци. Се одмораме покрај реката Гвадалкивир. Вечерта се враќаме во Малага. Ноќевање.

Сместување

Hotel la Barracuda 1 ноќ

Место

  • Малага

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ги посетуваме двете најпознати места во Андалузија -- Марбела и Пуерто Банус. Започнуваме со стариот град во Марбела, а потоа продожуваме во лускузната марина во Пуерто Банус. Имаме слободно време да го истражиме ова место, да седнеме да се напиеме по некоја Сангрија и да купиме уште некој сувенир. 

Сместување

Hotel la Barracuda 1 ноќ

Место

  • Малага

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок правиме check-out од нашето сместување во Торемолинос. Имаме слободно време да докупиме уште по некој сувенир, и да испиеме коктел на плажа. По пладне имаме трансфер до аеродромот и локален лет за Тенерифе -- островот на контрасти. Една минута уживаме на некои од најегзотичните плажи во Шпанија, а потоа се искачуваме на највисоките планини во Шпанија; или пак пливаме во претиркизното море, а потоа во некој природен базен од обсидијан. Имаме трансфер од аеродромот до нашето сместување. Ноќевање

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродромот во Малага
  • Авионски билет со сите такси на релација Малага - Тенерифе (RyanAir), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Puerto Palace 1 ноќ

Место

  • Тенерифе

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадок, започнуваме со нашата прва авантура на незаборавниот Тенерифе. Се искачуваме во облаците во Националниот парк Теиде, дом на највисокиот врв во Шпанија и неверојатни пејзажи. Посетуваме неколку видиковци и уживаме во незаборавните глетки. Оттука продолжуваме во Икод де лос Винос (Icod de los Vinos) -- една од најпознатите и најживописните долини на Тенерифе. Оваа долина е позната како домот на познатото Змејско дрво (Dragon Tree) -- дрво кое изгледа како да е искочено од некој филм. Тука го пиеме и познатото шпанско вино кое поттекнува од овој град. Продолжуваме кон две прекрасни села -- Гарачико (Garachico) и Маска (Masca). Започнуваме со Маска -- прекрасно село вклесано во планината, кое наликува како на некој Дизни цртан. А нашата авантура ја завршуваме во Гaрачико (Garachico) -- еден од најживописните крајбрежни градови на Тенерифе кој е вклесан во вулканска карпа. Пешачиме низ неговите шармантни улици со калдрма, а потоа завршуваме на плажа -- уживаме со сангрија и коктел во некој од локалните beach барови. Се враќаме во нашето сместување и имаме слободно време да го истражиме на

Сместување

Puerto Palace 1 ноќ

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Овој ден имаме слободно време за плажа во Пуерто де ла Круз или пак можност за посета на Ла Гомера -- еден од осумте канарски острови. Место кое наликува како да припаѓа на некоја сосема поинаква планета. Започнуваме со истражување на шарените улици на Сан Себастијан, а потоа продолжуваме со кратка прошетка низ националниот парк Гарахонај. Еден од најфасцинантните места на овој остров, се качува до познатата панорама -- Мирадор де Абранте, од каде имаме незаборавен поглед над целиот остров. Нашиот ден го завршуваме во типичен Jungle стил на плажата Плаја де Сантиаго (Playa de Santiago) -- плажа со црн песок и кристално чисто море. Имаме слободно време да се одмориме од нашата авантура. Во вечерните часови се враќаме во нашето сместување. Ноќевање

Сместување

Puerto Palace 1 ноќ

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Овој ден ја доживуваме душата на овој фасцинантен остров. Започнуваме со истражување на колоритните улици на Ла Лагуна, град под заштита на УНЕСКО, полн со историја и шармантни колониални згради. Оттука продолжуваме во Канделарија, град познат по Црна Богородица и статуите на Гуанчите кои се наоѓаат покрај самиот брег. А потоа заплови во урбаниот ритам на Санта Круз (Santa Cruiz), најпознатиот град на Тенерифе. Град кој изобилува со уметност, шопинг и модерна атмосфера.

Сместување

Puerto Palace 1 ноќ

Храна

  • Континентален појадок × 1

Во раните утрински часови правиме check out од нашето сместување во Тенерифе. Имаме трансфер до аеродром и локален лет од Тенерифе до Малага. Оттука имаме трансфер до нашето сместување во Торемолинос и слободно време да посетиме некои од локалните плажи или beach барови. Одмараме и споделуваме импресии од нашата авантура на Тенерифе. 

Превоз

  • Локален авио билет со сите такси на релација Тенерифе - Малага (RyanAir), во економска класа со вклучен багаж

Сместување

Hotel la Barracuda 1 ноќ

Храна

  • Континентален појадок × 1

Заплови во светот на бајките во Гранада, градот каде што мавританската архитектура и планинските врвови се спојуваат. Шетаме по тесните улички на градот, учиме повеќе за фламенкото и познатата населба Sacromonte -- населба позната по нејзините куќи вклесани во карпа. Оттука продолжуваме кон познатата Катедрала на Гренада (Cathedrala de Granada) и пешачиме по живописниот кеј на реката Даро. А потоа се заљубуваме во малите улици на Албаицин, старата арапска населба, од каде што погледот кон Алхамбра е незаборавен -- поглед кој ја предвидува нашата следна авантура овој ден. Потоа продолжуваме со посета на еден од најпознатите замоци на #целсвет -- Алхамбра. Шетаме низ волшебните сали и градини на Алхамбра. Ја посетуваме Амбасадорската палата и Палатата на Лавот, двете најубави палати во целиот комплекс.  Историја, уметност и андалузиска душа – во само еден ден.

Сместување

Hotel la Barracuda 1 ноќ

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето во раните утрински часови. Трансфер до аеродром. Лет до Скопје со преседнување во Истанбул. Пристигнуваме во Скопје. Крај на нашата незаборавна авантура на Канарските острови!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Малага - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Малага
  • Истанбул
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. 

Важна напомена: При самото пријавување за овој аранжман, агенцијата веднаш ги купува и издава сите локални авионски карти потребни за реализација на патувањето (пр. Сао Паоло - Рио и Рио - Сао Паоло). Од таа причина, во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот/патниците, средствата уплатени при пријава (200€ по лице, во денарска противвредност) се нерефундабилни!

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.

Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Што е вклучено

Сместување

Hotel la Barracuda Пример 5 ноќи
Puerto Palace Пример 4 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Малага (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од сместување до аеродромот во Малага
  • Авионски билет со сите такси на релација Малага - Тенерифе (RyanAir), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Локален авио билет со сите такси на релација Тенерифе - Малага (RyanAir), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Малага - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

9 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Malaga City Tour

Malaga City Tour

Ако може да постои место кое ги вкрстува сите карактеристики на медитеранот тоа е дефинитивно градот Малага. Не е никаква случајност што еден најголемите светски уметници Пабло Пикасо е роден токму на ова место.  Ќе имаме можност да ја посетиме неговата родна куќа Fundacion Picaso како и музејот посветен на неговите уметнички дела. Се шетаме низ стариот град почнувајќи од плоштадот Plaza de la Constitucion. Продолжуваме по пешачката зона, Calle Marques de Larios, не пречекуваат кафулиња сместени во сенките на улицата и продавници за мода и сувенири, секако дека ќе си земеме нешто за спомен. Следна точка ни е катедралата Catedral de Malaga која со нејзината величина и ренесансна архитектура ќе не остави да истражуваме уште по некој ходник во самиот објект. Од ренесансата се движиме кон римската историја. Следен е римскиот амфитеатар Teatro Romano каде што генерации на римјани го поминувале своето слободно време нававајќи за време на епските гладијаторски борби.  Продолжуваме кон плоштадот  Placa de la Merced кој е воедно и најголемиот и најстариот плоштад во Малага. Историјата ни кажува дека овој плоштад постоел дури кога римјаните сеуште владееле со овие простори. Не може да сме во Малага а да не го посетиме и рингот Plaza de toros de La Malagueta. Во овој ринг веќе 150 години се оддржуваат традиционалните борби со бикови. Ќе имаме можност да се прошетаме низ овој типично Шпански простор познат низ #ЦелСвет. За крај се упатуваме кон видиковецот Mirador de Gibralfaro од каде се отвора неверојатен поглед на арената, пристаништето и плажата Малагета. Ја впиваме магијата на Андалусија, се соживуваме со начинот на живот на локалците и пиеме по некој освежителен коктел. 

 

Важна напомена: Цената на излетот ќе биде потврдена најдоцна 60 денови пред поаѓање

Seville City Tour

Seville City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Севиља е раскрсница меѓу истокот и западот сместена на реката Гвадалкивир. Легендата вели дека градот го основал грчкиот херој Херакле. Ја посетуваме најголемата готска катедрала на светот, златната кула, плоштадот Шпанија, археолошкиот музеј, музејот на современа уметност и манастирот Картуха. Plaza de Torros de la Maestranza - арена за борби со бикови која можете да ја посетите со локален, специјализиран водич. Севиља била најголем град во Шпанија во 16-тиот и 17-тиот век. Градот е сместен длабоко во копното, но само 6 метри над нивото на морето. Севиља долго време била важно морско пристаниште, бидејќи со морето е поврзана преку реката Гвадалкивир. Во Севиља, Магелан ги добил бродовите за својот пат околу светот. Импресивната нова железничка станица Santa Husta (каде ултрабрзите АВЕ возови ја поврзуваат Севиља со престолнината) или убавиот голем аеродром, се првите нешта кои ќе ги здогледате кога ќе пристигнете во Севиља. За време на посетата имајте во предвид дека во Севиља луѓето не стануваат од маса и по два-три часа од кога ќе завршат со јадење, а плаќање на сметките од вас може да бара дополнително трпение кон ноншалантните келнери, кои како да не се загрижени за наплата и профит. Но, ништо не е чудно во градот на убавината!

 

Важна напомена: Цената на излетот ќе биде потвредна најдоцна 60 дена пред патување.

Marbella & Puerto Banus

Marbella & Puerto Banus
Цена: 55,00 EUR

Ги посетуваме двете најпознати места во Андалузија -- Марбела и Пуерто Банус. Започнуваме со стариот град во Марбела, а потоа продожуваме во лускузната марина во Пуерто Банус. Имаме слободно време да го истражиме ова место, да седнеме да се напиеме по некоја Сангрија и да купиме уште некој сувенир. 

Teide, Icod de los Vinos, Garachico и Masca

Teide, Icod de los Vinos, Garachico и Masca
Цена: 80,00 EUR

Се искачуваме во облаците во Националниот парк Теиде, дом на највисокиот врв во Шпанија и неверојатни пејзажи. Посетуваме неколку видиковци и уживаме во незаборавните глетки. Оттука продолжуваме во Икод де лос Винос (Icod de los Vinos) -- една од најпознатите и најживописните долини на Тенерифе. Оваа долина е позната како домот на познатото Змејско дрво (Dragon Tree) -- дрво кое изгледа како да е искочено од некој филм. Тука го пиеме и познатото шпанско вино кое поттекнува од овој град. Продолжуваме кон две прекрасни села -- Гарачико (Garachico) и Маска (Masca). Започнуваме со Маска -- прекрасно село вклесано во планината, кое наликува како на некој Дизни цртан. А нашата авантура ја завршуваме во Гaрачико (Garachico) -- еден од најживописните крајбрежни градови на Тенерифе кој е вклесан во вулканска карпа. Пешачиме низ неговите шармантни улици со калдрма, а потоа завршуваме на плажа -- уживаме со сангрија и коктел во некој од локалните beach барови. Се враќаме во нашето сместување и имаме слободно време да го истражиме на

La Gomera

La Gomera
Цена: 135,00 EUR

Посета на Ла Гомера -- еден од осумте канарски острови. Место кое наликува како да припаѓа на некоја сосема поинаква планета. Започнуваме со истражување на шарените улици на Сан Себастијан, а потоа продолжуваме со кратка прошетка низ националниот парк Гарахонај. Еден од најфасцинантните места на овој остров, се качува до познатата панорама -- Мирадор де Абранте, од каде имаме незаборавен поглед над целиот остров. Нашиот ден го завршуваме во типичен Jungle стил на плажата Плаја де Сантиаго (Playa de Santiago) -- плажа со црн песок и кристално чисто море. Имаме слободно време да се одмориме од нашата авантура. 

Granada & Alhambra

Granada & Alhambra
Цена: 120,00 EUR

Заплови во бајка во живо во Гранада, каде што мавританската архитектура и планинските врвови се спојуваат. Шетаме по тесните улички на градот, учиме повеќе за фламенкото и познатата населба Sacromonte -- населба позната по нејзините куќи вклесани во карпа. Оттука продолжуваме кон познатата Катедрала на Гренада (Cathedrala de Granada) и пешачиме по живописниот кеј на реката Даро. А потоа се заљубуваме во малите улици на Албаицин, старата арапска населба, од каде што погледот кон Алхамбра е незаборавен -- поглед кој ја предвидува нашата следна авантура овој ден. Потоа продолжуваме со посета на еден од најпознатите замоци на #целсвет -- Алхамбра. Шетаме низ волшебните сали и градини на Алхамбра. Ја посетуваме Амбасадорската палата и Палатата на Лавот, двете најубави палати во целиот комплекс.  Историја, уметност и андалузиска душа – во само еден ден.

Сместување

Hotel la Barracuda

Hotel la Barracuda
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel la Barracuda e сместувачки објект со 3* (по локална категоризација) во Торемолинос, Андалузија. Хотелот се наоѓа на самата плажа, има сопствени лежалки, базен, руфтоп бар, ресторан и кафуле. Хотелот располага со дво-креветни cоби. Секоја соба има сопствен тоалет, сателитска ТВ, бесплатен WiFI и клима уред. 

Вебсајт https://www.hotellabarracuda.com/

Адреса Av. de España
1
29620 Torremolinos
Málaga
Spain

Puerto Palace

Puerto Palace
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Puerto Palace e сместувачки објект со 4* (по локална категоризација) на Тенерифе, Шпанија. Хотелот се наоѓа на одлична локација на Тенерифе во Пуерто де ла Круз (Puerto de la Cruz), на само десетина минути од плажа, и на 5 минути од La orotava. Хотелот располага со голем базен, сопствени лежалки, ресторан, pool bar и обичен бар, спа и фитнес центар. Хотелот располага со дво-креветни соби. Секоја соба има сопствен тоалет, мини-бар, сеф, фен, бесплатен Wi-Fi и клима уред.

Вебсајт https://www.puertopalace.com/en/

Адреса Calle Doctor Cobiella Zaera
2
38400 Puerto de la Cruz
Santa Cruz de Tenerife
Spain

Останати поаѓања за Дестинации

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.