Украина

Украина

Украина е држава во источна Европа, чија територија во средниот век била средиште на источнословенската култура. Сегашните граници се воспоставени во 1954. година (освен Крим), а независност од Советскиот Сојуз стекнала во 1991. година. Главен и најголем град е Киев, а останати поголеми градови се Лавов, Доњецк, Дњепар и Одеса. Официјална валута е украинска хривња. Украина е најголема европска држава со околу 603.000 квадратни километри. Во Киев се наоѓа најдлабоката линија за метро на светот на длабочина од 105,5 метри. Низ историјата Украина ја доживеала најголемата нуклеарна катастрофа со експлозија на електраната Чернобил во 1986. година. Денес Припјат е град на духови и може да се посети само организирано со локална агенција и под строги правила. Во Украина се наоѓа и познатиот „Тунел на љубовта“ кај градот Клевен. Најпознато туристичко место на брегот на Црното Море е Одеса. 

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Украина

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА ЗЕМЈАТА

Украина е држава во источна Европа. Се граничи со Русија на североисток и исток, Белорусија на север, Полска, Словачка и Унгарија на запад, Романија и Молдавија на југозапад, а на југ излегува на Црното и Азовското Море. Територијата на денешна Украина била средиште на источнословенската култура во средниот век, пред нејзината територија да биде поделена од бројни сили. Освен Крим, сегашните граници на Украина воспоставени се во 1954. година, а независност стекнува после распадот на Советскиот Сојуз во 1991.

Површина: 603.700 km2

Број на жители: 46 милиони жители

Главен град: Киев (2,8 милиони жители) 

Официјален јазик: украински 

2. ВИЗА

Не е потребна виза. 

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА 

Временска зона во Украина е UTC +2 до+3, во однос на Македонија 1 час понапред.

4. КЛИМА

Климата во Украина има претежно карактеристики на континентална клима, ос исклучок на полуостровот Крим за кој делумно е карактеристична и медитеранска клима. Она што е карактеристично е тоа што летата можат да бидат исклучително топли и до 30°C, што не е карактеристично за географското поднебје во кое се наоѓа земјата, а причина за тоа влијанието на топлата клима од Црното Море. Од друга страна, зимите се прилично студени, дури и постудени од другите северни земји и температурата може да се спушти и до -30°C. Причина за тоа се силните североисточни ветрови кои дуваат од Русија. Украина претставува поволна дестинација за развој на туризмот. За разлика од своите северни соседи, Украина има многу поголем број на сончеви часови, речиси 2.000 годишно. 

5. ХРАНА И ПИЕЊЕ

Украинската кујна има многу долга традиција и влијаела на создавањето на кујните на многу словенски земји. Во основни состојки на традиционалната храна во Украина спаѓаат: месо - свинско, а потоа говедско и пилешко, како и риба. Освен месо, најмногу се јадат печурки, компир, житарици, свеж зеленчук и туршија. Во тадиционални јадења се вбројуваат: сало - насолено, димено или печено свинско сало со лук и зачини, и супа боршч со цвекло како основна состојка, но и со зелка и месо. Украинскиот боршч се служи со павлака и лепињи со лук и стопен путер. Што се однесува до пиењето, едно од најпознатите во целиот регион е Квас, ферментиран старословенски пијалок од 'рж и пченица. Како десерт се препорачува Киевски колач.

6. ЗДРАВЈЕ

На територијата на Украина моментално не постојат подрачја на кои владеат епидемии или заразни болести. На нашите државјани не им е потребна вакцинација пред или после патувањето. 

7. ОСИГУРУВАЊЕ

Осигурување при патување во Украина е задолжително. Можете да го купите од било која осигурителна куќа или кај нас во агенција непосредно пред патувањето. Цената зависи од повеќе фактори, зависно од бројот на денови, возраста на патиникот, видот на патувањето, дали се работи за индивидуална или семејна полиса, како и од висината на осигураната сума и од осигурителната куќа.

8. СИГУРНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

Безбедносната ситуација во Киев и во градовите во западниот дел на Украина е стабила со повремено одржување на протести. Секако се препорачува во текот на патувањето да се избегнуваат поголеми јавни собири, демонстрации и други масовни собири и манифестации. Не се препорачува патување во источните делови на Украина (регион ДОнбас) кој е зафатен од вооружени судири.

9. ОБЛЕКА

Со оглед на тоа дека се работи за земја од повлажно подрачје препорачливо е да понесете потопла облека и обувки, што подразбира повеќе маици, дуксери, удобни чевли или патики, јакна. Секако секогаш е препорачливо слоевито облекување. Непосредно пред патувањето можете да ја погледнете временска прогноза и да процените што ќе Ви биде потребно.

10. ЛОКАЛНА ВАЛУТА

Локална валута на Украина е гривња (UAH). 1EUR = 29UAH. 

11. КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ И БАНКОМАТИ

Банкомати и платежни картички можат да се користат, но секако е препорачливо да понесете одреден износ на готовина поради можните високи провизии. 

12. КОМУНИКАЦИЈА

Нашите мобилни мрежи може да се користат, а можете да се користите и Wifi. Препорачливо е на самата дестинација, доколку патувањето е подолго, да купите SIM картичка или било каква друга картичка која ќе Ви овозможи полесна, поевтина и побрза комуникација.  

13. СТРУЈА

Што се однесува до електричната енергија, приклучоците се слични на нашите. Приклучокот е Type F со 2 пина, приземјена и со напон од 220 – 240 V.