Велика Британија

Велика Британија

Обединетото Кралство или Велика Британика, односно Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска, какошто оваа земја официјално се нарекува, сигурно се наоѓа на bucket листата на сите патници на светот. Го сочинуваат 4 земји: Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска, кои се полни со интересни локалитети како што се Стоунхенџ, езерото Лох Нес, Преминот на Џиновите, Бакингемската палата, Биг Бен, но и со интересна традиција и култура.
 

Главен град на Обединетото Кралство е Лондон, првично основан од страна на Римјаните во 43 година од нашата ера, на мочуришното подрачје околу реката Темза, денешен Сити (City). Лондон денес претставува најширока урбана зона на Европа, како и град во кој живеат преку 300 националности, така што со локалците можете да разговарате и на други јазици освен на англиски, и сето тоа додека грицкате фиш и чипс (fish & chips) и потпивнувате домашно пиво.


Некои од занимливостите кои ќе ги научите на патувањето низ Кралство:
- Во Британија се пијат 163 милиони шољи чај дневно 
- Во Британија е забрането умирање во Парламентот
- Во Британија постои најкраткиот комерцијален лет на светот, помеѓу 2 мали острови и трае само 2 минути 
- Во Лондон се наоѓа најголемата библиотека на светот 
- J.K. Roaling, писателката која ги напиша делата за Хаи Потер, е првиот писател милијардер на светот