Костарика

Костарика

Костарика - земја која одново и одново ја посетуваме заради возбудливите адреналински авантури, планинарење по прочуените вулкани и дрва кои се вивнуваат високо под облаците. Навистина е интересна Костарика по уште неколку работи: најмирољубивата земја на светот и нема војска уште од 1949 година, позната е по долговечните луѓе односно во нејзе е така наречената сина зона каде живеат многу стогодишници, земја во која англискиот повеќе се зборува од шпанскиот јазик. Добредојдовте во Костарика! Горд дом на скоро целиот биодиверзитет на целиот свет и земја каде 26% од територијата ја сочинуваат заштитени национални паркови. Народот на Костарика е овде измешан уште со векови и денес овде ќе пронајдете потомци на предколумбовските народи како Брибри, Кабекар или Нгобе индијанците. Срцето на Костарика претставува нејзината централна долина. Бајковит простор кој по посетата ќе ви остане незаборавен. Активните вулкани, густата џунгла, бистрите реки и колонијалните места ни посакуваат топло добредојде. Сан Хозе е престолнина на државата додека Алахуела е втор најголем град во земјата. Оддишка од урбаното ќе најдеме длабоко во џунглата. Монтеверде крие интересни приказни за своите основачи, а и за адреналинските зависници пружа бескрајни авантури. Популарниот “cloud forest” е обично на must see листата на секој патник. Исто така ќе имаме прилика и да го посетиме езерото Аренал како и истоимениот вулкан. Дали некогаш сте се осмелиле да му пријдете на вулканскиот кратер? Аренал е местото каде ова може да се доживее. Одмараме во топлите извори, ги сликаме водопадите и животните. Шетаме по патчињата кои ги исцртала вулканската лава. 

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Костарика

1. Општи податоци

Костарика е држава во Централна Америка. Позната е како демократска и најстабилна држава во Латинска Америка. Една од најразвиените земји на овој континент. 

Површина на земјата: 51 100 km²

Број на жители: 4,8 милиони

Главен град: Сан Хозе

Националност: Најзастапени се местиците и мулатите.

Официјален јазик: шпански со голема распространетост на англискиот јазик

Вероисповест: Повеќе од две третини од жителите се католици додека протестанти има околу 13%. Интересно е дека има околу 2% будисти.

Независност: Од Шпанија 1821 година 

2. ВИЗА

За државјаните на Р.С. Македонија потребна е виза за туристички престој.

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА

Временската зона е UTC -6.

4. КЛИМА

Во Костарика е застапена тропската клима. Просечната годишна температура е околу 27°C со висок степен на влажност на воздухот. Периодот од ноември до јуни е сушен период во годината додека периодот од јуни до октомври долждлив.

5. ХРАНА

Кујната на Костарика е мкс на домородната кујна со карипската. Задолжително е да се проба вкусниот tamales зготвен во листови од банана. Задолжителните состојки на секое јадење се црниот грав и ориз. Се препорачува конзумирање храна исклучиво од ресторани освен овошјето и зеленчукот што го има на пазарите. Цените се како во Европа (ориентационо оброк чини околи 10-15еур). Важно е да се напомене да се конзумира исклучиво флаширана вода!

6. ВАКЦИНИ И ЗДРАВСТВЕНА СИТУАЦИЈА

Вакцинација не е непоходна за патниците кои патуваат во Костарика, но се советува индивидуално да се информираат во Инстиутот за Јавно здравје. Пожелно е да се понесат лекови за стомак (пробиотици), фервекс или некои лекови за болки и температура за секој случај. 

7. ОСИГУРУВАЊЕ

Здравственото осигурување не е задолжително но е препорачливо. Може да подигнете од било која осигурителна куќа или да уплатите во нашата агенција до 5 дена пред патувањето.

8. БЕЗБЕДНОСТ

Ситуацијата во Костарика е безбедна но во секој случај се советува да се чувате од ситни крадци и џепароши во големите градови и туристичките места.

9. ОБЛЕКА

Со оглед на високите температури во текот на целата година, на патувањето е портребно да се понесе летна облека. Носете шешири и капи за заштита од сонце.

10. ПАРИ 

Валутата во Костарика е колон (CRC). 1 еур е 628 CRC, а 1 долар е околу 567 CRC. Државата е во голема мера американизирана. Интернационалните кредитни картички може да се користат во поголемите градови додека за помалите места се препорачува готовина. Препорака е да се носат долари, а не евра. 

11.КОМУНИКАЦИЈА

Нашите мобилни мрежи функционираат во Костарика. Постои опција за купување локални SIM картички.

12.СТРУЈА

Потребно е да се понесе адаптер со два тенки влезови (120 V).