Каиро - Пакет Излети
Пакетот излети вклучува:
Каиро City Tour
Одиме на прошетка низ стариот дел од Каиро (Coptic Cairo), испреплетен со историја и култура која се протега со милениуми. Започнуваме со разгледување на Висечката Црква (Hanging Church), изградена на една од кулите на Вавилонската тврдина. Ги истражуваме уличките на историскиот базар Кан ел-Калили (Khan el-Khalili), основан во 14 век и карактеристичен по тесните улички исполнети со продавнички и тезги со традиционални ракотворби, зачини и автентични кафулиња. Продолжуваме кон цитаделата на Саладин и џамијата на Крал Мохамед Али. Слушаме повеќе за историјата на оваа цитадела и нејзината важност низ средниот век.
Вклучено е транспорт и локален водич - Египтолог
Крстарење по реката Нил
Уживајте во незаборавна вечерна пловидба по легендарниот Нил и доживејте го Каиро од поинаква перспектива. Во магична атмосфера исполнета со светла, музика и ориентален амбиент, ќе имате можност да уживате во прекрасните панорамски погледи кон градот, традиционална програма и уникатното чувство кое го носи најпознатата река во светот.
Александрија
Се упатуваме кон Александрија – еден од најважните градови во античкото македонско царство и дом на едно од седумте светски чуда на античкиот свет – Светилникот на Александрија. Најпрво се упатуваме кон античките катакомби и го разгледуваме преплетот на египетската и римската цивилизација во првиот век од нашата ера. Потоа се упатуваме кон Цитаделата на Кајтбеј (Fortress of Qaitbay), изградена на островот Фарос, токму каде што некогаш бил издигнат Светилникот на Александрија. Уживаме во погледот од врвот на цитаделата и учиме повеќе за историјата на ова место. Ја посетуваме и библиотеката на Александрија – модерна библиотека, музеј и културен центар, изградена со цел да се одбележи една од најважните библиотеки на античкиот свет и центарот на знаење на ова време. По прошетката, имаме слободно време за одмор покрај плажа, ручек или самостојно истражување на овој град.
Вклучено е транспорт и локален водич - Египтолог
Пирамидите во Гиза и Големиот египетски музеј
Го посетуваме најзначајното здание во египетската историја – пирамидите во Гиза. Ги посетуваме пирамидите и имаме можност да научиме повеќе за нивната историја, значајност и начинот на кој биле градени. Потоа го посетуваме Големиот египетски музеј, кој содржи повеќе од 100.000 предмети од египетската историја, вклучувајќи ја целата колекција на Тутанкамон, како и бродот на Куфу! Попладнето се враќаме до нашиот хотел во Каиро, каде што имаме слободно време за една последна прошетка или одмор пред да се упатиме кон аеродромот.
Вклучено е транспорт, влезница и локален водич - Египтолог.