Аргентина – земја на танго, страст и слобода
Аргентина е земја на контрасти, силни емоции и нескротлив дух, сместена на југот на Јужна Америка. Позната по својата богата култура, европското наследство и латиноамериканскиот темперамент, таа е место каде страста кон животот се чувствува на секој чекор.
Земја на тангото, фудбалот, виното и традиционалното асадо, Аргентина има посебна енергија што ја прави препознатлива низ целиот свет. Нејзиниот идентитет е обликуван од мешавината на различни култури, имигрантски приказни и традиции кои со генерации се пренесуваат и го создаваат нејзиниот уникатен карактер. Тука музиката раскажува приказни за љубов и копнеж, фудбалот буди силни емоции, а долгите дружења со добра храна и чаша аргентинско вино се дел од секојдневниот живот.
Аргентина е и земја на неверојатни природни контрасти – од плодните пампаси и пространите рамнини до величествените планини на Андите, моќните глечери и дивите предели на Патагонија. Нејзината пространост, разновидноста на пејзажите и богатството на природата создаваат чувство на бескрајна слобода и авантура.
Но она што ја прави Аргентина навистина посебна се нејзините луѓе – темпераментни, гостопримливи и горди на својата култура. Ова е земјата на гаучосите, легендарниот Диего Марадона, Лионел Меси и тангото, земја во која традицијата и современиот живот одат рака под рака.
Аргентина не е само земја што се открива со погледот, туку и со сите сетила. Таа се слуша во звуците на тангото, се чувствува во фудбалската еуфорија, се вкусува во богатата гастрономија и се доживува преку нејзината неповторлива енергија.
Аргентина – каде секој ритам раскажува приказна, а секој момент носи дел од страста на Јужна Америка.
Поаѓања
Патувања
Аргентина и Бразил - Буенос Аирес, Игуасу и Рио де Жанеиро
Видео
Прашања, одговори и искуства
Општата состојба на сигурност е на задоволувачко ниво, но треба да се внимава од ситни кражби. Не се препорачува шетање во периферните делови на Буенос Аирес, ниту посета на фавелите. Своите лични работи секогаш чувајте ги до себе и водете сметка кога менувате пари од банкомат, не го правете тоа навечер или во повлечените делови на градот. Не препорачуваме сами да шетате навечер, а доколку го правите тоа, бидете внимателни.
Не дозволувајте да ве излажат боите во населбата La Boca во Буенос Аирес, иако е шаренолика и весела, не е безбедна за туристите навечер, особено не во тесните и затскриени улички на овој дел.
Доколку ја посетите Кордоба, имајте на памет дека ризикот од ситни кражби и измами е висок. Најдобро е своите работи да ги чувате во сефот на хотелот и да водите сметка ако носите скапи фотоапарати и телефони. Доколку го посетите Росарио, најдобро е да се држите до пешачката зона Oroño Bv. и да го избегнете јужниот дел на градот.
Вакцината против жолта грозница не е задолжителна, но се препорачува. Најдобро е да се консултирате со Институтот за јавно здравје и да ги проверите сите детали. Пожелно е да носите пробиотици, фервекс и/или некои лекови за болка и температура за секој случај. Доколку не понесете лекови, не е е ништо страшно бидејќи таму може да се купи во аптека.
Според наводите на Министерството за надворешни работи, на македонски државјани не им е потребна виза за посета и престој во Аргентина до 90 дена. Аргентинските царински прописи се многу строги во однос на внесувањето и изнесувањето на оружје, лекови или заштитени животнски видови. За време навлегувањето и излегувањето од земјата, потребно е да пријавите доколку носите готовина поголема од 10.000,00$.
Локален број можете да купите во продавниците Claro или Movistar. Најважно е да нагласите дека ви е потребна prepaid картичка и да носите пасош со себе. Продавачите замолете ги да ви ја активираат линија. Со локалниот број можете да активирате и интернет, но многу од хотелите, хостелите и рестораните имаат WiFi така што непречено можете да бидете во контакт со своето семејство и пријателите.
Советуваме да ги научите основите на шпанскиот јазик и иако дијалектот во Аргентина се разликува, јазикот може да ви помогне полесно да се снајдете со оглед на тоа што Аргентинците се дружељубив народ. Препорачуваме да не се потпирате на банкоматите, туку да носите пари во готово и најдобро е да имате долари. Најдобро е да не очекувате дека работите ќе одат според прецизен тајминг, туку наоружајте се со трпение и имајте на памет дека доцнењето е често.
Доколку одите на излет на водопадите Игуасу, препорачуваме да понесете кабаница, средство против комарци и удобна облека. Советуваме и носење на специјални торбички кои може да се носат под маица или јакна, така што вашите вредни работи секогаш ќе бидат со вас и ќе ја избегнете можноста од кражба.
1. La Perta Roja – опуштен бар во Сан Телмо каде излегуваат локалците.
2. Madero Tango – одлично танго show кое може да го резервирате со вечера по цена од 40 евра.
3. Plazoleta Julio Cortazar – плоштад на кој се наоѓаат многу клубови и барови
4. Museum – клуб во Сан Телмо направен во стара зграда
5. Avenida Corrientes – улица со традиционален дух на Буенос Аирес која е исполнета со театри, кафулиња, ресторани и книжарници
Не е ни чудно што Аргентина е позната по кожата со оглед на тоа што е една од најголемите светски произведувачи на месо. Со повеќе од 200 работилници за кожа, имаат извонредно продизводство на висококвалитетни и издржливи производи како што се јакни, обувки и торби. Вистински рај ако сте љубители на шопингот. Аргентина денес со право е прогласена за еден од најдобрите произведувачи на Малбек вино на светот. Благодарение на надморската височина и климата во регионот близу Андите, аргентинската винска земја е способна да произведе силно и раскошно вино. Агентина е моментално водечки производител на Малбек во светот. Улицата Флорида во Буенос Аирес е богата со разни продавници за сувенири како и пазарот Сан Телмо. Тоа се одлични места каде можете да купите добро аргентинско вино или предмети изработени од кожа.
Сметаме дека пролетта, периодот од октомври до декември, есента и од април до јуни е најпогодно да се посети Аргентина бидејќи ќе имате прилика да ја избегнете гужвата која ја прават туристите.
Во Буенос Аирес можете да користите метро, автобус и такси. Најлесно е да се возите со метро, а карти купувате на станицата и истите ги користите и за метро и за автобус. Деловите од градот како Палермо можете да ги посетите шетајќи, додека до населбата La Boca препорачуваме да одите со автобусот број 29. Постојат и велосипеди за изнајмување кои се интересен начин за разгледување на градот.
За патување во Аргентина советуваме да припремите буџет од околу 50$ дневно. Трошењето е индивидуална работа но имајте во предвид дека Аргентина не е толку поволна во однос на останатите држави во Јужна Америка. Советуваме парите да ги менувате во официјални менувачници или банки, а не на улица. Исто така советуваме да носите понови банкноти кои немаат никакви оштетувања бидејќи ќе биде многу потешко да ги замените или курсот ќе биде полош.
1. T–Bone steak, најквалитетно парче месо – 20 $
2. Асадо - аргентинска традиционална скара – 10$
3. Dulce de leche - омилениот десерт на Аргентинците – 3$
4. Проволета - парчиња сирење со зачинето масло – 3$
5. Емпанадас - полнето тесто со месо и сладок компир – 4$
1.Населбата La Boca во Буенос Аирес
2.Фотографирање пред глечерот Перито Морено
3.Водопадите Игуасу
4.Вулканот Ланин
5.Винскиот Регион Мендоза
1. La Posada de 1820 - Улица Tucuman 501, ресторан со одлично месо
2. Sigue la Vaca - одличен „all you can eat „ ресторан во квартот Puerto Madero.
3. Рестораните во населбата La Boca - шарена населба со многу локални ресторанчиња
4. Buenos Aires Verde - ресторан во населбата Palermo.
5. Fayer - Израелско-аргентински ресторан во Палермо
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.