Танзанија и Занзибар

цена од
1.490
EUR ,00
траење
15 дена
Пријави се Барање
Барање

Насмеаното племе ве носи на авантура во мама Африка - од врвовите на Килиманџаро, преку посета на Масаи племето и сафари во познатите Национални паркови, до Дар Ес Салам и магичните плажи на Занзибар...


Рута
Белград
Истанбул
Аруша
Моши
Дар ес Салам
Нунгви
Истанбул
Белград

Превоз
Авион, Траект, Локален трансфер
Сместување
Хотел, Guesthouse
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Далечни дестинации
Дестинации
Занзибар, Танзанија
Код на патување
TZ1
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на групата на аеродромот “Никола Тесла“ два часа пред летот. Лет од Белград во 09:00ч (TK 1082). Пристигнување во Истанбул во 12:40ч. Конекција на лет за Килиманџаро во 20:25ч (ТК 567).

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Килиманџаро, во економска класа

Место

  • Белград
  • Истанбул

Пристигнување на Килиманџаро во 05:50ч. Трансфер до Аруша. Аруша е првото место на нашето патување низ Танзанија, а ќе ни биде појдовна точка за дводневно сафари. Добредојдовте во Мама Африка! Слободен ден за одмор и прошетка по Аруша.

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Charity hotel Аруша 1 ноќ

Место

  • Аруша

Поаѓаме на дводневен факултативен излет - сафари - ја истражуваме дивината на Африка. Магична авантура со некои од најегзотичните животни на дофат на рацете и пејсажи кои ќе ве магепсаат. Возење во потрага по “големата петорка“, најдивите животни на Африка - илјадници антилопи, зебри и скриените жители на ова единствено место.

Сместување

Charity hotel Аруша 1 ноќ

Место

  • Аруша

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го продолжуваме нашиот факултативен излет по нереалните предели на Африка, го посетуваме Нгоронгоро кратерот и ги посетуваме локалните Масаи племиња. Масаи се полуномадски племиња кои припаѓаат на нилотичката етничка група, а познати се по традиционалните носии, обичаи и култура. Враќање во Аруша и трансфер до Моши. Моши е мал град во подножјето на една од најпознатите планини на светот - Килиманџаро, кровот на Африка прекриен со снег и преку 6000 метри надморска височина.

Превоз

  • Локални трансфери од Аруша до Моши

Сместување

Killi Cottages Моши 1 ноќ

Место

  • Моши

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет до водопадот Матеруни. Звук на водата која паѓа од 150 метри висина и зеленило на африканската дивина околу нас. Го посетуваме племето Чага и учиме за традиционалната обработка на кафето. Враќање во сместувањето.

Сместување

Killi Cottages Моши 1 ноќ

Место

  • Моши

Факултативни излети

Се будиме рано наутро и се качуваме на локален автобус. Целодневно возење до Дар ес Салам, бившата престолнина на Танзанија, позната како пристаниште на мирот. Вртлог на бои, мириси и звуци. Милиони луѓе и шаренила од култури. Трансфер до сместувањето.

Превоз

  • Трансфер од Моши до Дар ес Салам

Сместување

Cate hotel Dar es Salam 1 ноќ

Место

  • Дар ес Салам

Трансфер до пристаништето, каде се качуваме на траект за Занзибар. Пристигнување во сместувањето во Беџу (Bwejuu). Занзибар - островот на зачини и мистерии. Иако денес е дел од Танзанија, Занзибар отсекогаш бил свет за себе. Низ историјата, Занзибар бил под власт на Персијците, Португалците и Арапите, впивајќи неверојатни аспекти од сите овие култури.

Превоз

  • Траект до Занзибар

Сместување

Amaan Nungwi Annex 1 ноќ

Место

  • Нунгви

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет - обиколка на главниот град на островот - Stone Town и Prison Island... Истражување на најинтересните атракции на островот - куќата во која живееле Фреди Меркјури, мали и живи улици и плоштади, Старата тврдина, Палатата на "чудата“, музеи, локални пазари, звуци, бои и мириси на Африка! Името Stone Town на свахили значи “стар град“. Градот се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско културно наследство од 2000-та година. Потоа одиме до Prison Island, кој се наоѓа северно до Stone Town, а името го добил по местото каде некогаш се држеле затвореници и робови. Денес тоа е мирно место каде ќе уживаме во капење и дружење со џиновски желки кои на ова место биле пренесени во 19-ти век од Сејшелите. Некои од желките се стари преку 100 години, а ние ќе имаме прилика да ги храниме и мазиме. Враќање во сместувањето.

Сместување

Amaan Nungwi Annex 1 ноќ

Место

  • Нунгви

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден резервиран за запознавање со природните убавини на овој неверојатен остров. Започнуваме со факултативен излет до “фарма” на зачини, каде што уживаме во мирисите и вкусовите по кои е познат овој остров – ванила, шафран, каранфил, цимет итн. Факултативниот излет продолжува во селото Паџе (Paje), кое е едно од најпознатите места во светот за кајтсурф (kite surf), чии змаеви го прават магичното занзибарско небо - уште помагично. Уживаме во некој од локалните ресторани, а за крај на излетот ја оставаме прошетката низ селото. Попладне се враќаме во сместувањето.

Сместување

Amaan Nungwi Annex 1 ноќ

Место

  • Нунгви

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Уживање во белиот песок и тиркизната боја на Индискиот океан, нуркање, медитација... Навечер го откриваме африканскиот ритам, култура, уживаме во кулинарските специјалитети со најпознатите светски зачини. Уживаме во ова неверојатно место...

Сместување

Amaan Nungwi Annex 1 ноќ

Место

  • Нунгви

Храна

  • Континентален појадок × 1

Ден за факултативен излет - Blue Safari - целодневен излет на најубавите плажи на островот - пливаме и нуркаме. Ќе имаме прилика да се возиме со традиционалните занзибарски едрилици кои се сосема посебни и карактеристични за овој дел на светот. Ги посетуваме песочните спрудови кои се губат под налетот на најубавото тиркизно море - игра со плима и осека... Уживање во вкусовите на Занзибар - јастози, морски плодови, кокос, манго и друго тропско овошје. Враќање во сместувањето.

Сместување

Amaan Nungwi Annex 1 ноќ

Место

  • Нунгви

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Уживаме во масажи, можност за посета на The Rock, други плажи и делови на островот. Пливаме, нуркаме и уживаме во природата, игри, дружење и сончање.

Сместување

Amaan Nungwi Annex 2 ноќи

Место

  • Нунгви

Храна

  • Континентален појадок × 2

Слободно време до доцниот трансфер до аеродромот на Занзибар.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродромот

Место

  • Нунгви

Храна

  • Континентален појадок × 1

Лет од Белград во 04:45ч (ТК 567). Пристигнување во Истанбул во 13:45ч. Конекција на лет за Белград. Лет во 19:50ч. за Белград (ТК1083). Пристигнување во Белград во 19:30ч.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Занзибар - Белград, во економска класа

Место

  • Истанбул
  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Charity hotel Аруша Пример 2 ноќи
Killi Cottages Моши Пример 2 ноќи
Cate hotel Dar es Salam Пример 1 ноќ
Amaan Nungwi Annex Пример 7 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Килиманџаро, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Локални трансфери од Аруша до Моши
  • Трансфер од Моши до Дар ес Салам
  • Траект до Занзибар
  • Трансфер од сместувањето до аеродромот
  • Авионски билет со сите такси на релација Занзибар - Белград, во економска класа

Храна

10 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Танзанија (на граница)
  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)

Видео

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Дводневно сафари

Цена: 420,00 USD

Зборот „сафари“ на свахили значи патување, а за остатокот од светот сафари е збор што означува патување за кое живееме. Уникатно искуство што ни ја отсликува хармонијата на Африка, која нè учи на кругот за животот и смртта. Авантурата започнува наутро. На паркингот ги чекаме познатите џипови за сафари, за кои оттсекогаш сме сонувале. Седејќи во удобните седишта се упатуваме кон нашата прва дестинација - Националниот парк Тарангир. Паркот зафаќа површина од 2.800 км2 и се вика Мало Серенгети. Името го носи според реката Тарангир, која е единствениот извор на вода во околината и место за собирање на бројни диви животни. Пристигнуваме во паркот околу пладне, ги земаме пакетите со ручек и започнуваме со нашата авантура. Паркот изгледа како африканската пустина како што си ја замислувавме целиот живот, вистинска савана со слонови, жирафи, зебри и лавови кои талкаат непречено и гордо. Покрај животните, овој парк е познат и по големиот број баобаб дрва, познати како Африканско дрво на животот. Возењето низ паркот завршува во доцните попладневни часови и се упатуваме кон сместувањето во близина на паркот Нгоронгоро - нашата втора дестинација. Вечераме и си легнуваме рано за да можеме да се одмориме за продолжението на авантурата наречена сафари колку што е можно подобро. По одјавувањето и раниот појадок се упатуваме кон Националниот парк Нгоронгоро, најневеројатниот парк во Танзанија. Се наоѓа во внатрешноста на кратерот на поранешен вулкан. На нашиот пат до дното на кратерот кој има направено плодна долина богата со животински свет, се искачуваме на работ и уживаме во неверојатниот поглед на вистинско чудо на природата. Потоа се спуштаме кон долината и по патот го посетуваме племето Масаи (Maasai), едно од највпечатливите племиња во светот што сеуште живее традиционален живот, скоро непроменет со векови. Пристигнуваме во долината и уживаме во нашата авантура. Се возиме низ долината Нгоронгоро восхитувајќи се на бројните стада зебри, гнуа и африкански бизони. Бројот на животни во овој парк е навистина фасцинантен. Помеѓу глетката на слонови, лавови, импали и другите животни, имаме и пикник покрај езерото на нилски коњи. Го напуштаме паркот попладне и се упатуваме кон Аруша. Текот на денот е органзиран така што до нашата дестинацијата пристигнуваме пред мрак (поради безбедност). 

Во цената на излетот е вклучено:  

-џип трансфер со водичи

-сите билети за национални паркови

-вода за двата дена

-сместување во двокреветни простории со купатило

-спакуван ручек на првиот ден, вечера и појадок и спакуван ручек за втор ден

Во цената на излетот не е вклучено: 

-пијалоци за време на вечерата првиот ден

-бакшиш за водичите - околу 10,000 шилинзи по лице.

Матеруни водопад

Цена: 50,00 USD

Еден од не толку познатите, но исклучително фасцинантен бисер скриен во моќнот Килиманџаро. Авантурата започнува наутро. Возиме помалку од еден час до селото Матеруни, сместено на падините на античкиот Килиманџаро на надморска височина од 1600 м. Од селото, започнуваме лежерна прошетка низ дождовната шума на Килиманџаро, богата со разновидна вегетација каде по саваната, го запознаваме другото лице на Африка. Уживаме во чистата природа, неверојатно зеленило, спокојство и мир кој се чувствува на падините на планината. По еден час, пред нас е водопад, скоро заборавен од природата. Неверојатната сила на водата што се спушта над 100 метри ќе не остави без зборови. Уживаме во непосредна близина на водопадот додека правиме пауза за ручек. Храбрите можат да се искапат во студената вода, која е формирана со топење на мразот на врвот на Килиманџаро и спуштајќи се на самиот крај прави водопад и езерце на дното. По ова неверојатно искуство, полека се враќаме назад и патем посетуваме експерт за кафе, кој ќе не запознае со уметноста за правење кафе и нè учи како да направиме и сами. По еден час танцување, мелење кафе и пеење, пиеме кафе одгледувано во неговиот двор, кое сами си го подготвивме. Се враќаме во сместувањето побогати за едно прекрасно искуство. За време на излетот не придружува локален водич кој ни кажува за животот и обичаите на племето Чага, едно од најпознатите племиња во Танзанија, кои живеат на падините на Големата планина.

Во цената на излетот е вклучено: 

  • превоз на планираниот план и програма
  • локален водич
  • спакуван ручек и шише вода
  • влез во паркот

Во цената на излетот не е вклучено:

  • бакшиш за локалниот водич

 

Stone Town - Prison Island (Остров на желките)

Цена: од 40,00 USD до 45,00 USD

Излет на кој ја дишеме историјата и влегуваме во сржта на Занзибар. Откако Португалците прв пат се закотвиле на брегот на Stone Town, бил и останал центар на сите збиднувања на овој необичен остров. По Португалците, пристигнале Оманците, па Британците и сите тие, па и многу други, оставиле траен печат врз овој град, кој и ден-денес претставува неверојатна мешавина на различни култури од целиот свет со автентична африканска основа. Цел овој раскош и бои, градби и многу различни обележја, нѐ освојуваат при првата средба со градот кој од 2000-та година се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. На излетот поаѓаме во утринските часови. Ја посетуваме Старата тврдина, која се вика и Португалска тврдина, бидејќи нејзините темели ги поставиле Португалците. Потоа била надградена од оманските Арапи и целото тоа време била главен одбрамбен гаризон на островот. Последниве неколку години служи како место за одржување на разни културни манифестации, од кои најважната е ZIFF (Занзибарскиот Меѓународен Филмски Фестивал). Одма до тврдината се наоѓа “Куќата на чудата”, која е еден од главните симболи на Занзибар, некогашна церемонијална палата на третиот султан на Занзибар, султанот Барагаш, која прв во источна Африка имала струја, водовод и електричен лифт. Ќе имаме прилика да ја видиме и палатата на последниот султан на Занзибар, персиски амами, англиканска црква, изградена на местото на последниот пазар за робови во светот. Ќе го посетиме и Darajani пазарот, каде би можеле од прва рака да почуствуваме како африканскиот хаос совршено функционира. Ги посетуваме најважните знаменитости – куќата на фронтменот на групата Queen, Фреди Меркјури, која денес е хотел. Ќе шетаме низ тесните улички полни со насмеани деца и ќе се восхитуваме на различните и фамозни занзибарски врати, кои од секогаш биле статусен симбол на сопственикот на домаќинството. По заводливиот Stone Town се упатуваме со бродче кон Prison Island. Овој магичен остров, по официјалното укинување на ропството во 1873 година, некое одредено време бил место за нелегална трговија со робови (доказите за ова и ден-денес се наоѓаат во овој комплекс во вид на алки и ланци). Кога дошло крај и на тоа, Британците го преуредиле целиот остров со намера да го направат затвор, но тој никогаш не послужил за таа цел. Денес Prison Island e резерват на копнени Aldabra желки, кои британскиот гувернер од Сејшелите ги пратил на Занзибар како поклон во 1919 година. Тогаш имало 4, а денес се преку 100. Сите се исклучиво расположени за дружење со посетителите. По дружењето со желките, ги посетуваме рушевините од “затворот” и уживаме во егзотичноста на овој магичен остров. Во попладневните часови се враќаме во Stone Town, за да засведочиме едно од најмагичните зајдисонца...

Во цената на излеот е вклучено: водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма.

Фарма со зачини и селото Паџе

Цена: 45,00 USD

Занзибар во светот е познат како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку фарми на зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата фарма и ќе се запознаеме со многу видови кои Занзибарците ги користат во својата кујна. На излетот поаѓаме во утринските часови. Ќе гледаме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини. Ќе ја помирисаме главната состојка на Chanel no. 5 парфемот и ќе ја видиме занзибарската верзија. Ќе дознаеме која е разликата измеѓу црниот, белиот и црвениот бибер и ќе видеме како расте кафе на Занзибар. Дегустираме различни тропски овошја, а ќе видиме и како локалците берат кокос на неверојатно високи палми. Гледаме како растат каранфилчиња и зошто се толку важни за Занзибар. Излетот го завршуваме со посета на Паџе, неверојатно шармантно место, кое важи за туристички центар на источниот брег на Занзибар, кој, иако не е толку развиен како северниот, има еден посебен шмек. Прва работа која ќе ја забележиме е изобилство на kite сурфери, чии змаеви го прават и така магичното занзибарско небо, уште помагично. Доколку имаме среќа и пристигнеме за време на осека, ќе видиме како изгледа брегот кога водата се повлекува скоро километар од него. Шетаме по брегот, на кој се лоцирани нашите омилени барови во цел Занзибар. За крај оставаме прошетка низ селото и доцна попладне се враќаме во сместувањето. Цената на излетот вклучува: водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план.

Blue сафари

Цена: 60,00 USD

Зборот сафари на свахили значи патување, а во останатиот дел од светот е збор кој симболизира патување за кое вреди да се живее. На излетот Blue safari одиме на авантура низ бескрајното синило на Занзибарските плажи и спрудови, познати по кристално белиот и ситен песок. Над нас е синото небо, а околу нас Индијскиот океан со целата своја величенственост. Пловиме со традиционалните “dhow” чамци со кои Занзибарците пловат веќе стотици години и уживаме во бистрата тиркизна вода, тропското сонце, егзотичното овошје и магичните мали островчиња од Занзибарскиот архипелаг. Авантурата ја започнуваме од Stone Town, од каде се упатуваме кон полуостровот Фумба, каде што нѐ чекаат нашиот чамец, капетан и опрема за снорклинг. Се качуваме на чамците и поаѓаме. По кратко време сите го наоѓаме нашиот зен на чамците и потонуваме во мир и тивкиот хедонизам на “хакуна матата” животот. Набрзо пристигнуваме до песочен насип, кој за време на плимата, станува пуст остров, од сите страни опкружен со вода, идеален за сончање и пливање во нереално сината вода која сите нас нѐ мами. Нашите насмеани локалци, кои не придружуваат на ова патување, нѐ послужуваат со тропско овошје како освежување и подготовка за ручекот кој нѐ очекува. По капењето и уживањето на оваа плажа, се враќаме во нашиот чамец и се упатуваме кон отворено море, каде што го истражуваме подводниот свет на Занзибар. Време е за снорклинг! Разнобојни тропски рипчиња (како Немо) и корали, го прават овој дел од нашиот излет посебен. По снорклингот, се возиме со чамецот до најголемиот остров кој ќе го посетиме овој ден – Kwale. Островот е дом на едно од најнеобичните и најстарите баобаб стебла на Занзибар. На островот Кwale уживаме во локален ручек кој се состои од разновидни морски плодови, ориз и помфрит. По ручекот, посетуваме две лагуни. Првата се наоѓа на другата страна на островот Kwale, а втората, на околу 20 минути одалеченост од овој остров. Во прашање е отворена лагуна со мала плажа, која е воглавно напуштена – како од рајот. Тука уште малку уживаме на плажа, се сончаме и правиме незаборавни фотографии, по што се враќаме на местото на поаѓање. Овој пат патуваме низ ветерот и ги отвараме нашите едра! Патуваме како што морнарите патувале со векови – само со помош на ветерот, дрвата и платната. Сега, кога сѐ што се слуша е водата под налетот на нашиот чамец и местимичното затегање на јажињата, дозволуваме новонастанатиот мир да нѐ хипнотизира и тивко испрати до нашето пристаниште, каде што нашата авантура завршува. 

Во цената е вклучено: превоз до местото на поаѓање на излетот и назад, возење со чамец, опрема за снорклинг (маска со цевка и пераи), дегустација на овошје, ручек и безалкохолни пијалоци (вода и газирани сокови) и услуги од локален водич и нашиот претставник од агенцијата.

Сместување

Charity hotel Аруша

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Charity hotel е хотел со 3* по локална категоризација. Сместувачкиот објект располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Собите поседуваат TV. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

Killi Cottages Моши

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Killi Cottages е guesthouse, сместувачки објект типичен за Африка. Сместувачкиот објект располага со помалку пространи двокреветни и трикреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

Cate hotel Dar es Salam

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Cate hotel е хтоел со 2* по локална категоризација. Сместувачкиот објект располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Собите поседуваат клима уред. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

Amaan Nungwi Annex

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Amaan Nungwi Annex е хотел со 3* по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет и клима уред. Сместувачкиот објект располага со бар и базен. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

Вебсајт http://oceangrouphotel.com/amaan-annex/

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Локален трансфер

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

Брод

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Брод е превозно средство кое се користи по реки и мориња.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)