Дубаи Зимување

Дубаи Зимување

цена од
1.249
EUR ,00
сега од
879
EUR ,00
траење
10 дена
Пријави се Барање
Барање

Програма дизајнирана за сите оние кои сакаат повеќе време да уживаат на некои од најдобрите плажи и руфтоп барови во Дубаи!! 10 или 11 дена прописен одмор каде полниме батерии на плажа, одиме на шопинг во најмодерниот шопинг центар на #целсвет и искусуваме сѐ што Дубаи ни нуди!

Се сместуваме во предобар хотел со руфтоп infinity pool и прекрасен поглед на Downtown Dubai. Хотелот е совршено позициониран на еднаква дистанца од Dubai Marina и Downtown Dubai (најживите и најважните области во Дубаи). Нашата авантура ја започнуваме во пустината на Дубаи — на пустинско сафари, јаваме камили и се возиме со џипови низ пустинските дини, го чекаме зајдисонцето сред пустина, а на крај се воодушевуваме на ѕвезденото небо во бедуински камп — искуство кое ќе ви биде highlight на целото патување!!! Се враќаме и во минатото на Дубаи, кога гламурозниот град на денешницата бил едно обично рибарско село со бедуински шатори. Ги истражуваме областите Al-Fahidi и Al Seef кои се области на културно наследство во Дубаи. Тесни улички, огромни пазари (souks) за злато и зачини, стари тврдини и традиционални арапски чајџилници! А како совршена транзиција помеѓу стариот и новиот нашата авантура во минатото ја завршуваме во Музејот на иднината (Museum of Future) — прогласен за најубавиот музеј на #целсвет. Потоа подобро се запознаваме со модерниот Дубаи и се она што има да ни понуди оваа урбана метропола!! Посетуваме еден од најголемите трговски центри на #целсвет — Dubai Mall. Шопинг центар кој изобилува со активности за забава и одмор. Продолжуваме кон највисоката зграда Burj Khalifa — се искачуваме на 124тиот кат од каде имаме незаборавна 360° панорама на Дубаи, нашата авантура не носи и во Souk Al Bahar кој е модерен осврт на традиционален арапски пазар. Ја посетуваме и иконската опера во Дубаи која наликува на традиционален чамец, попатно застануваме и на некои од најуникатните места во центарот на Дубаи, имено, Burj Park, Wings of Mexico и Dandelion Light Sculpture — уникатни ремек дела со кои дефинитивно ќе застанете да се сликнете. По операта на зајдисонце се упатуваме кон најголемата фонтана на #целсвет, каде не хипнотизира нејзиниот магичен воден танц! За крај го оставаме и едно од најуникатните искуства во Дубаи — Dubai Miracle Garden. Најголемата градина на #целсвет, во која има преку 250 милиони цвеќиња и прекрасни аранжмани — замоци, авиони, штрумфови и згради целосно трансформирани во шарени цветни експонати!! Одиме и во Emirates Mall каде што ќе не изненадат скијачки патеки на затворено, пингвини и реалистични VR искуства. Продожуваме кон Madinat Jumeirah. Инспириран од антички арапски градови, Madinat Jumeirah е мини-град во Дубаи, кој се состои од хотели со пет ѕвезди, раскошни пазари и прекрасни плажи. Постои цел речен систем, во должина од пет километри, полн со сопствена флота од традиционални чамци Абра. А близина се наоѓа и познатиот симбол на Дубаи — хотелот кој наликува на бродско едро Burj Al Arab!

Во слободно време во Дубаи ги посетуваме некои од најубавите плажи на градот како La Mer, Barasti или Kite Beach, а вечерите ни се исполнети со дружба и забава во некои од најдобрите руфтоп барови во Дубаи!!!

Од луксузно гостопримство и врвна архитектура до шопинг, култура и природа, откријте што го прави Дубаи најдобар меѓу најдобрите. Oвој уникатен град го освои нашето срце, а знаеме дека ќе го освои и вашето!!!

Дали сте спремни за најновиот урбан Jungle одмор?


Рута
Скопје
Тирана
Абу Даби
Дубаи
Абу Даби
Тирана
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДООЕЛ Скопје, Македонија
Дестинации
Азија, Дубаи
Видови патувања
Зимски поаѓања 2024
Код на патување
AE13
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на патниците и организиран трансфер до Аеродромот во Тирана. Попладневен лет од Тирана и пристигнување во Абу Даби во вечерните часови. Трансфер до сместувањето во Дубаи. Авантурата може да започне!

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Тирана
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Абу Даби, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Абу Даби до сместувањето во Дубаи

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Тирана
  • Абу Даби
  • Дубаи

Факултативни излети

По појадок, нашата авантура ја започнуваме со посета на Emirates Mall каде што ќе ги видиме прочуените скијачки терени на затворено и ќе имаме слободно време за шопинг и разгледување. А доколку сакате уникатно искуство ви препорачуваме да влезете во Dreamscape, Virtual Reality (VR) искуство кое ќе ве воодушеви! Продолжуваме кон прочуената палма Jumeirah. На самиот врв на палмата Jumeirah се наоѓа и еден од најпознатите комплекси на #целсвет -- Atlantis The Palm. Правиме краток photo stop а за сите кои сакаат имаат опција да го посетат и еден од најинтересните аквариуми на #целсвет! Потоа имаме слободно време за разгледување на ова модерно светско чудо и за уживање на една од плажите во Дубаи!  Се враќаме во сместувањето во попладневните часови. Слободно време и можност за прошетка по Dubai Marina, опколени сме со светкави облакодери и луксузни јахти, а на пијачка седнуваме во Pier 7 -- зграда со незаборавен поглед над Dubai Marina, а само нашите претставници знаат како да стигнеме до скришниот кат 7a! Ноќевање

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Дубаи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Денот го започнуваме со истражување на локалната култура во Al Seef, област на културно наследство и неверојатни погледи на Dubai Creek. Правиме кратко интермецо во најстарата чајџилница во Дубаи — Arabian Tea House. Полниме батерии со традиционални арапски закуски, а сите љубители на чај нема да сакаат да си отидат пред да ја испијат последната капка!! Продолжуваме со прошетка низ Al Fahidi, друга област со културно наследство каде голем дел од оригиналната инфраструктура е зачувана и недопрена. Тука ќе ја видиме тврдината и музејот на Дубаи изградена во 1971 година која претставува најстар објект во Дубаи. Од тука со традиционалени чамци (Abra) поминуваме на другата страна на Dubai Creek и имаме прошетка низ традиционалните пазари за зачини и за злато (Spice Souk и Gold Souk). Нашите сетила се обземени со мирисите на шарените зачини, традиционални арапски парфеми и билки. Денот го продолжуваме до Zabeel Palace, резиденција и административно седиште на владејачкото кралско семејство на Дубаи. Продолжуваме кон плажата Barasti, една од нашите омилени плажи во Дубаи каде што имаме слободно време за ручек, коктели, плажирање и уживање во зајдисонцето. Попладневно враќање во сместувањето и можност за прошетка низ Dubai Marina и JBR.

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Дубаи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот имаме слободно време за да уживаме на плажа.  Денот го започнуваме со посета на Dubai Frame, најголемата рамка на #целсвет која претставува метафоричен портал помеѓу старото и новото!! Потоа продолжуваме кон Museum of Future. Дизајниран како асиметричен торус обложен со челик и стакло, Музејот на иднината е признат од National Geographic како еден од 14-те најубави музеи во светот. Музејот не носи 49 години во иднината, каде технологијата и човештвото коегзистираат во хармонија. По музејот продолжуваме во Dubai Mall еден од најголемите шопинг центар во светот полн со активности за забава и одмор. Со повеќе од 1.200 продавници и стотици продавници за храна и пијалоци, Dubai Mall опфаќа повеќе од 1 милион квадратни метри - површина еквивалентна на 200 стадиони. Имаме слободно време за шопинг и разгледување. Дефинитивно не го пропуштајте аквариумот (кој има повеќе од 15,000 риби меѓу кои и ајкули), “човечкиот” водопад (скулптура која е 24 метри висока и 30 метри широка), внатрешното лизгалиште, или картингот кој се наоѓа на кровот на центарот… Продолжуваме кон Burj Khalifa, највисоката зграда на #целсвет, која “држи” вкупно 6 светски рекорди. Fun fact: Burj Khalifa е толку висока што сонцето заоѓа 2-4 минути подоцна на повисоките спратови. Имате можност да се искачите на 124-тиот и 125-тиот кат. Каде имаме панорамски поглед од 360 степени над Арапскиот Залив. Потоа одиме да се восхитуваме на танцувачките фонтани. Ќе бидеме сведоци на највисоката фонтана во светот која има волшебен перформанс со вода, музика и светлина. Имаме слободно време во Souk Al Bahar кој е модерен пресврт на традиционалниот пазар на Блискиот Исток. Сместен во срцето на градот, овој популарен центар комбинира шопинг, забава и јадење. Со поглед на фонтаната Дубаи и Burj Khalifa оваа локација е совршена за впивање на погледот на највисоката кула во светот. Враќање во сместувањето околу во вечерните часови. Слободно време за посетување на некои од нашите омилени руфтоп барови и ноќни клубови во Дубаи!!

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Дубаи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден за уживање во овој извонреден град! Овој ден може да го искористиме за уживање на прекрасната плажа -- Kite Beach , да го гледаме изгрејсонцето од највисокиот 360 infinity pool на #целсвет во Aura Sky Bar,  или да испиеме пијачка на некој од најинтересните rooftop барови на цел свет! Откриваме по уште некое "модерно светско чудо", посетуваме по некој музеј, одиме на шопинг или се плажираме и релаксираме...

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Дубаи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Претпладневните часови ни се слободни за уживање на плажа или за прошетка. Нашата авантура ја започнуваме во пустината на Дубаи!!! Во попладненвите часови се качуваме во џипови 4x4 и тргнуваме накај пустината. За време на возбудливото возење низ пустинските дини, пристигнуваме на првата дестинација каде го гледаме прекрасното зајдисонце над пустинските дини. Застануваме, правиме незаборавни фотографии со зајдисонцето и продолжуваме со возењето низ дините за конечно да стигнеме до нашиот бедуински камп сред пустината. Овде имате можност да јавате камила или да го испробате традиционалниот дизајн на Хена на вашите раце. Продолжуваме со вкусна традиционална вечера и шиша (познатото арапско наргиле), додека уживаме во шоуто со оган и танци околу камперскиот оган на ѕвездената светлина. Враќање во сместувањето во вечерните часови. Слободно време за посетување на некој кул руфтоп бар или вечерна прошетка низ Дубаи.

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Дубаи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден во Дубаи. Овој ден препорачуваме да го поминете во еден од најреномираните beach клубови на #целсвет -- Nikki Beach Club или целодневно уживање во Bla Bla. Nikki Beach Bar е дефинитивно најексклузивниот beach bar во Дубаи! Се наоѓа на плажата Peral Jumeirah. Beach барот има лежалки покрај море, неколку базени и шанкови, а живата музика навистина ни ја прави атмосферата незаборавна!! Bla Bla е колекција од 20 барови, 3 ресторани и 1 beach bar на едно место. Всушност Bla Bla е можеби и нашето омилено место во Dubai, поради тоа што има по нешто за сечиј вкус (Irish Bar, Record Room, Mexican Bar, Club, Beach Bar итн.) секое место со сопствена приказна и уникатен концепт! 

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Дубаи

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадокот одиме да видиме милиони цвеќиња и егзотични аранжмани во расцут. Свет на цветни чуда ве очекува во Dubai Miracle Garden, најголемата природна цветна градина во светот. Паркот од 72.000 квадратни метри има импресивна постава на познати згради и градби целосно трансформирани во шарени цветни експонати. Во Дубаи сѐ е возможно, дури и цвеќиња растат во пустина :). Продожуваме кон Madinat Jumeirah. Инспириран од арапските градови, Madinat Jumeirah е мини-град во Дубаи, кој се состои од хотели со пет ѕвезди, раскошни пазари и прекрасни плажи. Постои цел речен систем, во должина од пет километри, полн со сопствена флота од традиционални чамци Абра. А на оваа локација се наоѓа и познатиот симбол на Дубаи — бродското едро Burj Al Arab. Имаме слободно време за разгледување и за уживање на плажа, овој ден ја посетуваме плажата La Mer -- една од најпознатите плажи во Дубаи. Се враќаме во сместувањето околу 19:00 часот.

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Дубаи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Имаме слободно претпладне за да уживаме на некоја плажа или на нашиот хотелски руфтоп infinity pool со незаборавен поглед на Downtown Dubai. Во попладненвите часови се упатуваме кон Dubai Marina. Каде се качуваме на јахта, ја земаме нашата омилена пијачка, си пуштаме наша музика и уживаме во зајдисонцето со најдоброто друштво на #целсвет!! Пополека пловиме и гледаме како згаснува денот и се палат светкавите облакодери на марината. Се запознаваме со Дубаи од една сосема поразлична перспектива. Вечерта продолжуваме во Global Village -- "мини град" во кој се претставени повеќе од 90 држави! Шетаме по различните "села" и правиме нови пријатели од #целсвет, ја пробуваме нивната традиционална храна и купуваме традиционална ракотворба. Па така имаме шанса метафорично да патуваме и да се запознаеме со нивните култури. А вечерта ни завршува со шарен огномет над Global Village. 

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Дубаи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот се одјавуваме од хотелот и одиме во посета на Sheikh Zayed Grand Mosque. Sheikh Zayed. Џамијата Шејк Зајед е една од најголемите џамии на #целсвет, нејзината уникатна архитектура е создадена од испреплетеноста на повеќе исламски архитектонски школи. Има 82 куполи, повеќе од 1.000 столбови, позлатени лустери од 24-каратно злато и најголемиот рачно изработен тепих во светот. А еден интересен факт е дека дел од мермерот кој е користен во градбата на оваа џамија потекнува од Прилеп, Македонија. Лет од Абу Даби до Тирана. Пристигнување во Тирана во попладневните часови. Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето во Дубаи до Абу Даби
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Абу Даби -Тирана , во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје

Место

  • Дубаи
  • Абу Даби
  • Тирана
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel Пример 9 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Тирана
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Абу Даби, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Абу Даби до сместувањето во Дубаи
  • Трансфер од сместувањето во Дубаи до Абу Даби
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Абу Даби -Тирана , во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје

Храна

9 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Дубаи 95 ЕУР
  • Доплата за дополнителен багаж (10 kg. или 20 kg.)
  • Туристичка такса која изнесува 4.08$ дневно по соба (или 2.04$ по лице доколку сте двајца во соба) и истата ја плаќа секој патник во хотелот на рецепција.

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Dubai Highlights

Dubai Highlights
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

*****ПАКЕТ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ*****

  • Dubai Mall - најголемиот шопинг центар во светот. Шопинг центар кој изобилува со активности за забава и одмор. Има повеќе од 1.200 продавници и огромен избор на храна и пијалоци. Имаме слободно време за шопинг и истражување на овој центар.
  • Burj Khalifa - е највисоката зграда на светот. За нејзината изградба биле потребни 5 години, има 163 ката и има срушено 6 светски рекорди. Изградена е во облик на хименокалис крин -- цвеќе кое расте во пустините на Дубаи. Можност да се искачите на 124 и 125-тиот кат на Burj Khalifa каде што има панорамски поглед 360° на целиот Дубаи – се качуваме на врвот на светот.

*Во излетот не е вклучена влезница за качување на 124ти и 125ти кат на Burj Khalifa, која чини 45 по-човек (влезницата треба да се обезбеди однапред -- при пријава или доплата на целосниот аранжман)

  • Souk Al Bahar - е модерен осврт на традиционален арапски пазар. Сместен во срцето на градот, овој популарен центар комбинира шопинг, забава и јадење. Со поглед на танцувачката фонтаната во Дубаи и Burj Khalifa оваа локација е совршена за впивање на погледот на највисоката кула во светот.
  • Palace Downtown - Eден од најубавите хотели во Дубаи кои ни нуди неверојатен поглед кон Burj Khalifa. Изграден во традиционален арапски стил, претставува уникатен спој на минатото и сегашноста на Дубаи.
  • Wings of Mexico - скулптура дизајнирана од мексиканскиот уметник Хорхе Марин и е стратешки лоцирана пред Burj Khalifa, давајќи спектакуларна позадина за фотографии и спомени од Дубаи. Оваа скулптура го претставува сонот на луѓето да летаат слободно, потпирајќи се на нивните желби, верувања и страсти!
  • Burj Park - е совршено место за одмор во центарот на Дубаи, парк сместен на мало островче покрај езерото Burj. Паркот нуди неспоредлив поглед на Burj Khalifa и волшебната танцувачка фонтана во Дубаи.
  • Dandelion light sculpture - Оваа спектакуларна инсталација е најголема од ваков вид во светот. Се восхитуваме на суптилната убавина на 14 глуварчиња идеално поставени покрај патот до операта во Дубаи.
  • Dubai Opera - Иконската архитектура на операта во Дубаи е во облик на Dhow (традиционален чамец). Ремек-дело на современиот дизајн и стилска почит на наследството на Дубаи -- како што овие традиционални чамци придонеле кон напредокот на овој динамичен град, така и операта во Дубаи го остава својот белег на растот, гордоста и квалитетот на животот во Дубаи.
  • Dubai Fountain - Се восхитуваме на најголемата фонтана на светот која не маѓепсува со нејзиниот перформанс со вода, музика и светлина.
  • Dubai Frame – Посета на Dubai Frame, една од најпознатите атракции во градот! Правиме фотографии за паметење :) !
  • Museum of Future – Photostop пред Museum of Future! Дизајниран како асиметричен торус обложен со челик и стакло, Музејот на иднината е признат од National Geographic како еден од 14-те најубави музеи во светот. Фасцинатна футуристичка глетка! Добредојдовте во иднината!

Во цената е вклучено: Организиран превоз по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата.

Emirates Mall, Палмата Jumeirah и Atlantis the Palm

Emirates Mall, Палмата Jumeirah и Atlantis the Palm
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 45,00 USD

Одиме да видиме како изгледаат прочуените скијачки терени на затворено во Emirates Mall. Имаме слободно време за шопинг и разгледување на еден од најпознатите шопинг центри на #целсвет. А доколку сакате уникатно искуство ви препорачуваме да влезете во Dreamscape, Virtual Reality (VR), футуристичко искуство кое ќе ве воодушеви! Продолжуваме кон прочуената палма Jumeirah. На самиот врв на палмата Jumeirah се наоѓа и еден од најпознатите комплекси на #целсвет -- Atlantis The Palm. Правиме краток photo stop а за сите кои сакаат имаат опција да го посетат и еден од најинтересните аквариуми на #целсвет! Потоа имаме слободно време за разгледување на ова модерно светско чудо и за уживање на една од плажите на палмата Jumeirah! 

Old Dubai и Barasti Beach

Old Dubai и Barasti Beach
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 55,00 USD

Се враќаме во минатото кога гламурозниот град на денешницата бил едно обично рибарско село со бедуински шатори.

Во оваа тура ги посетуваме:

  • Al Seef – Ја истражуваме локалната култура во Al Seef, област на културно наследство и неверојатни погледи на Dubai Creek. Кратка прошетка и можност за закуска во Arabian Tea House.
  • Al Fahidi - Област со културно наследство со голем дел од оригиналната инфраструктура зачувана и недопрена. Тука ќе ја видиме тврдината и музејот на Дубаи изградена во 1971 година која претставува најстар објект во Дубаи!
  • Grand Souk - Со традиционалени чамци (Abra) поминуваме на другата страна на Dubai Creek и имаме прошетка низ традиционалните пазари за зачини и за злато (Spice Souk и Gold Souk).
  • Arabian Tea House - Најстарата чајџилница во Дубаи -- нашата оаза во пустинскиот град. Пробуваме традиционални арапски закуски, а вистинските љубители на чај нема да сакаат да си отидат пред да ја испијат последната капка!
  • Zabeel Palace - Резиденција и административно седиште на владејачкото кралско семејство на Дубаи
  • Barasti Beach – Посета и уживање на една од најпопуларните плажи во Дубаи каде што имаме слободно време за ручек, плажирање и уживање во зајдисонцето!

Во цената е вклучено: Организиран превоз по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата.

Пустинско џип сафари, јавање камили и традиционална вечера

Пустинско џип сафари, јавање камили и традиционална вечера
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 55,00 USD

Излетот започнува попладне низ пустината на Дубаи со неколку постојки за фотографирање. За време на возбудливо возење низ пустинските дини, пристигнуваме на првата дестинација да гледаме прекрасно зајдисонце. Застануваме да го гледаме зајдисонцето и продолжуваме со возењето низ дините за конечно да стигнеме до нашиот камп. Овде имате можност да јавате камила и да го испробате дизајнот на Хена на рака или на нозе. Продолжуваме со вкусна традиционална вечера и шиша (познатото арапско наргиле), додека уживаме во шоуто со оган и танци околу камперскиот оган на ѕвездената светлина.

Во цената на излетот е вклучено: Организиран превоз со џип 4x4 по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата, вечера и сите активности предвидени во програмата.

Miracle Gardens, Madinat Jumeirah и плажата La Mer

Miracle Gardens, Madinat Jumeirah и плажата La Mer
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 70,00 USD

Одиме да видиме милиони цвеќиња и егзотични аранжмани во расцут. Свет на цветни чуда ве очекува во Dubai Miracle Garden, најголемата природна цветна градина во светот. Паркот од 72.000 квадратни метри има импресивна постава на познати згради и градби целосно трансформирани во шарени цветни експонати. Продожуваме кон Madinat Jumeirah. Инспириран од арапските градови, Madinat Jumeirah е мини-град во Дубаи, кој се состои од хотели со пет ѕвезди, раскошни пазари и прекрасни плажи. Постои цел речен систем, во должина од пет километри, полн со сопствена флота од традиционални чамци Абра. Во Madinat Jumeirah се наоѓа и познатиот симбол на Дубаи Burj Al Arab — хотелот изграден во форма на бродско едро! Имаме слободно време за разгледување и за уживање на плажа, а овој ден ја посетуваме една од нашите омилени плажи во Дубаи -- La Mer!! 

Во цената на излетот е вклучено: Организиран превоз по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата и влезница за Dubai Miracle Garden.

Sunset Yacht Cruise & Global Village

Sunset Yacht Cruise & Global Village
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 90,00 USD

Доживејте го сјајот и гламурот на Дубаи на вистинскиот начин. Се упатуваме кон познатата Dubai Marina, каде нѐ чекаат нашата јахта и капетан. Пополека пловиме по марината и уживаме во зајдисонцето-- како денот згаснува така светлата на блескавите облакодери се палата едно по едно. Jа пиеме нашата омилена пијачка и повторно се запознаваме со магичниот Дубаи од една сосема поинаква перспектива. Поминуваме покрај познатото панорамско тркало -- Ain Dubai, палмата Jumeirah, хотелот Atlantis The Palm, и познатото бродско едро -- Burj Al Arab. Потоа продолжуваме во Global Village -- искуство кое дефинитивно ќе ви биде уште еден highlight на оваа незаборавна авантура. Global Village е "мини град" во кој се претставени повеќе од 90 држави! Шетаме по различните "села" и се запознаваме со нови пријатели од #целсвет, ја пробуваме нивната традиционална храна или купуваме традиционални ракотворби. Па така имаме шанса метафорично да патуваме и да се запознаеме со нивните култури. Во рамки на Global Village има и забавен парк, карневал, "Ripleys Believe It Or Not" музеј и стотици photo stops. А вечерта ни завршува со шарен огномет над Global Village. Навистина искуство кое не смеете да го пропуштите.

Напомена: Шоуто со огнометот во Global Village започнува во 21 часот, секој петок и сабота.

Посета на Sheikh Zayed Grand Mosque, Abu Dhabi

Посета на Sheikh Zayed Grand Mosque, Abu Dhabi
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

*** ИЗЛЕТ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ***

Опколена со бујни градини, нејзините впечатливи бели мермерни ѕидови ги пречекуваат сите посетители на Абу Даби. Џамијата Шејк Зајед е една од најголемите џамии на #целсвет, нејзината уникатна архитектура е создадена од испреплетеноста на повеќе исламски архитектонски школи. Има 82 куполи, повеќе од 1.000 столбови, позлатени лустери од 24-каратно злато и најголемиот рачно изработен тепих во светот. А еден интересен факт е дека дел од мермерот кој е користен во градбата на оваа џамија потекнува од Прилеп!!!

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel

Al Khoory Courtyard Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Al Khoory Courtyard Hotel се наоѓа во Al Qouz областа во Дубаи. Хотелот се наоѓа на совршена местоположба -- на само 15 минути со такси од Downtown Dubai и Dubai Marina (најживите и најважните области во Дубаи). Имајте на ум дека такси превозот во Дубаи е многу евтин -- од 2-5 евра од човек во еден правец. Дополнително, Al Qouz е област позната по живописни уметнички и културни центри, уметнички галерии, безброј ресторани и хипстерски кафулиња. А доколку сте фанови на уметност во слободно време дефинитивно прошетајте по една од најпознатите авении во Дубаи — Alserkal, која е домот на 13 меѓународни уметнички галерии и безброј уникатни кафулиња!

Хотелот располага со прекрасна руфтоп тераса и infinity базен со панорамски поглед на Дубаи, два ресторани, комплетно опремен фитнес центар, велнес и спа центри идеални за вашата релаксација.

Секоја соба е климатизирана, со сопствен тоалет и достапно Wi-Fi во целиот хотел. Дополнително сите соби имаат и мини-бар, електричен kettle и сеф. 

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://alkhooryhotels.com/courtyard/

Адреса Al Waha St - Al Quoz - Al Quoz 3 - Dubai - United Arab Emirates

Останати поаѓања за Дубаи

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.