Непал патувања

Jungle Tribe Ве води во земјата на Хималаите - се искачуваме на врвот на светот. 

Одиме на патување во Непал, куќата на боговите, да се ослободиме од сé материјално и да доживееме катарза.

Благодарение на феноменалните природни предели, снежните врвови кои не опкружуваат, питомите и насмеани луѓе, ќе доживееме целосен мир... 

Место каде ледените врвови на Хималаите се среќаваат со жештината на индиските рамнини. Моќните Хималаи ја чуваат оваа мала земја од разни негативни влијанија од западниот свет. 

Се запознаваме со будизмот и културата на овој богат народ кој живее во склад со природата. Шарените будистички храмови ја кријат тајната на древните цивилизации. 

Патување во Непал и слики кои остануваат целиот живот во мислите, земја и луѓе кои ќе ве натераат да го промените погледот на светот... 

Насмеаното племе Ве води на незаборавно и чудесно патување во Непал!

Поаѓања

Патувања

Видео

Прашања, одговори и искуства

Сите туристички места во Непал (Nepal) се навистина безбедни. Можете слободно да се движите во било кое време од денот. Сепак, не препорачуваме да самостално излегувате од туристичките делови. Преку ден во Катманду (Kathmandu), па поради густиот сообраќај и огромниот број на луѓе низ улиците, се препорачува да внимавате на своите лични работи и да ги држите блиску до себе. На улиците во главниот град често ќе гледате полиција, но они се таму само поради уште поголема безбедност. Покхара (Pokhara) е значително помал и помирен град, па тука сите патници се чувствуваат сигурно и безбедно.


Вакцина не е потребна за влез во Непал (Nepal). Секако, секогаш можете да се посоветувате со Вашиот лекар и Институт за Јавно Здравје.


Виза за Непал (Nepal) е потребна и се добива при слетување на аеродромот во Катманду (Kathmandu). Тоа што е потребно да направите кога ќе слетате на аеродромот е да одите до апаратот за издавање на виза. На самиот апарат имате означен простор каде треба да ја ставите првата страна на пасошот со Вашите податоци, за истата да ви ја скенираат. Потоа на апаратот ќе се отвори формулар кој е потребно да го пополните. Кога ќе го завршите тоа, добивате формулар кој го носите со себе и одите до банка каде ја плаќате визата и ја добивате во пасош.


Доколку Ви е потребно, можете да купите локална СИМ картичка. Се купува со пасош и две фотографии, а картичките се купуваат во специјализирани продавници каде вработените ќе Ви помогнат да ја активирате картичката. Мрежата е со солиден квалитет, додека пак интернетот е со малку послаб сигнал, но за основна комуникација е сосема доволен. Во сите сместувања има Wi-Fi, но сигналот обично е најдобар на рецепција, додека во собите е нешто послаб.


За храмовите мора да носите долги ногавици, прекриени рамења, а во некои храмови ќе мора да ги соблечете и обувките.


За време на излетите кои вклучуваат посета на храмовите, облеката мора да биде соодветна, односно покриени колена и раменици. За полесно пешачење советуваме да носите удобна облека. Кога ќе одите на трекинг од Pokhara, потребно е да носите долги панталони, високи чорапи, маица и дуксер или тенка јакна. 


Purple Haze Rock Bar – во овој бар има живи свирки. Најчесто свират локални бендови, стари рок хитови кои ни се на сите познати. 

Reggae bar – во овој бар може да играте билјард, да бирате музика која сакате да ја слушнете или едноставно да се одморите со својот омилен пијалак. 

Busy Bee – Рок бар во кој секоја вечер настапуваат рок бендови. Пијалаците се по пристапни цени, а забавата загарантирана.

Караоке барови – Во Непал (Nepal) се доста популарни караоке вечерите, така што со овој тип на излегување нема да погрешите и ќе имате вечер исполнета со смеа и добра забава,

Tom&Jerry’s – Рок бар во кој секоја вечер настапуваат различни бендови. Покрај свирката може да се забавувате и со билјард.


Сеедно е дали ќе купите сувенири од Катманду или Покхара бидејќи скоро и да нема разлика во цена. Кога е изборот на сувенири во прашање, задолжително е да купите магнети, молитвените будистички знаменца, шалови, марами од кашмир кои се навистина поволни, рачно изработени тетратки, традиционални непалски капи, слики, чаеви. Доколку се занимавате со планинарење во Непал (Nepal) ќе пронајдете одлична планинарска опрема по многу ниски цени.


Непал (Nepal) е најдобро да се посети во март, април, септември и октомври. Останатите месеци во текот на годината се дождливи. Покхара (Pokhara) е најдобро да се посети во октомври, веднаш после дождливиот период, бидејќи тогаш видливоста на планинските врвови е најголема.


Во сите градови најубаво е да се движите пешки. Навистина нема потреба да се возите со такси. Доколку сакате, персоналот од хотелот може секогаш да ви викне такси. Пред да почне возењето, задолжително треба да ја договорите цената. Доколку сакате, можете да се возите и со рикши, по ниски цени, кои исто така ги договарате пред да почне возењето.


Секако, трошењето на едно патување е индивидуална работа и зависи од патник до патник, но она што е карактеристично за Непал (Nepal) е тоа што е многу поволна дестинација. Во Непал (Nepal) постојат цени за локалци и цени за туристи и многу е важно да се ценкате за се. Просечното трошење на нашите патници на тури од 15 дена е околу 300 евра, за храна, сувенири и слично.


Во Непал (Nepal) ќе пронајдете салони за масажа и во Катманду (Kathmandu) и во Покхара (Pokhara). Цените се движат помеѓу 1000-1500 рупии, но секако може да се ценкате. Има голем избор кога се масажите во прашање и за најголемо уживање најдобро е да отидете после напорните прошетки или трекинг.


Во Непал (Nepal) не е препорачливо да јадетте улична храна, како би избегнале стомачни проблеми. Она што задолжително мора да го пробате за време на посетата е Momo - традиционално полнето тесто полнето со месо, приготвено на пареа.

Sizzler - едно од најверојатно највкусните јадења кои ќе ги пробате во Непал (Nepal). Постојат два видови: со зеленчук или со пилешко. Месо на скара или зеленчук со сос и прилог по избор, а се служи на загреана плоча односно така се задрржува топлината.

Nepali set meal - комбинација на разлчни зеленчуци, ориз и месо.

Од пијалаци мора да пробате ласи и нивнитее локални пива: Everest, Gurka, Nepali Ice.. Покрај ова, тука се и пивото од ориз, вино од орис и ракси. Ракси е ракија од ориз, но секогаш внимавајте колку проценти алкохол има во пијалакот бидејќи некои од видовите имаат и до 78% алкохол. Кафето чини околу 150 рупии, ачајот околу 120 рупии.

Ресторан Fren’s Kitchen – цените се поволни и храната е многу вкусна
Ресторан Gaia – ова е една од препораките на локалците, цените се повисоки во однос на другите ресторани но храната е одлична
Ресторан Western Tandoori & Naan House – ова е место во кое задолжително мора да јадете. Гаража адаптирана во ресторан, со неверојатен амбиент и со најдобрите јадења од националната кујна. Нека не ве зачуди доколку пред ресторанот има голем ред бидејќи многу луѓе чекаат да се ослободи место. Во овој ресторан пробајте нан со кашкавал, кромид и путер, а покрај тоа земете и масала, со зеленчук, чили и сос од спанаќ. Цените во овој ресторан се навистина пристапни од 35 до 200 рупии.
Asian Tea House и Taras Restaurant се два ресторани во Покхара со одлично мени и пристапни цени само што мора да се наоружате со трпение чекајќи ја храната :).


  1. Bar во близина на World Peace 
  2. Australia base camp – доколку сте искусни планинари и сакате да го посетите овој base camp.
  3. Monkey Temple – посетуваме преубав rooftop од кој имате неверојатен поглед на целата долина
  4. Висечките мостови – тука се создаваат веројатно најубавите фотографии од Непал. Вие стоиме на висечкиот мост, а околку вас има само непрегледна џунгла.
  5. Budanat – најпознатиот мотив од Непал (Nepal), најпознатата ступа во долината на Катманду (Kathmandu), на која се насликани очи.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Непал

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ

Главен град: Катманду (околу 2 милиони жители)
Површина: 147.181 km²
Број на жители: 31.5 милиони
Јазик: Непалски, но можете да користите и Англиски
Вероисповед: хиндуизам преку 80%, будизам околу 9%, ислам околу 4%
Локално време: UTC + 5:45ч
Валута: Непалски Рупии

2. ВИЗИ

За влез на територијата на Непал, на државјаните на Република Северна Македонија им е потребна виза која се добива на влез во Непал. Не е потребно поднесување на документација, туку само се пополнува формулар и понесете фотографија на бела позадина со димензии 3,5 x 4,5. Цената изнесува околу 30 евра. На територијата на Непал не постои амбасада на Република Северна Македонија, туку е одговорна амбасадата во Њу Делхи (Индија). Со себе понесете и фотокопија од пасошот. Од неодамна е воведен нов принцип на добивање на виза за Непал. Кога ќе слетате на аеродром потребно е да одите до апаратот кој се наоѓа од лева страна и на кој ќе пополните електронска апликација за виза. Најпрво се скенира пасошот, потоа на апаратот се пополнува формулар (лични податоци, назив на хотелот и адреса, потоа се фотографирате на апаратот). Кога ќе зсавршите со успешно внесување на податоците, апаратот исфрлува документ со кој одите до пултот кој тогаш ќе се најде на вашата десна страна. Тука го предавате тој документ, ќе кажете дека вадите виза за 15 дена, ќе платите и дури тогаш ќе застанете во редот за визирање. Тука е важно да застанете во редот за пултот на кој пишува visa 15/30 days. За секој случај понесете две фотографии на бела позадина. 

 

3. ЛЕТ

На турата Непал се лета со авиокомпанијата Fly Dubai (со преседнување во Дубаи) или Qatar Airways (со преседнување во Доха). Доколку сакате да излезете од аеродромот и да го посетите Дубаи морате да имате виза, за чие издавање поднесувате барање пред поаѓање на патувањето. Доколку сакате да излезете од аеродромот и да ја посетите Доха морате да имате транзитна виза, која морате да ја обезбедите пред поаѓање на патувањето.

4. ВРЕМЕ

Временската зона е UTC+5:45. Непал не преминува на летно сметање на времето, така да во зима разликата е +4:45ч пред С. Македонија, а во лето +3:45ч напред.

5. ВАКЦИНИ И ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА

За влез на територијата на Непал вакцинација не е потребна. Водата не е за пиење, се користи исклучиво флаширана вода и се избегнува лед. Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку ја примате, пробиотик, лекови за снижување на телесна температура, лекови против болка, односно лекови кои генерално ги носите со себе на патување. Задолжително понесете со себе и крема за сончање и Аутан. Препорака е да имате здравствено осигурување. Во Непал водете сметка за пијавици на трегингот.

6. КЛИМА

Непал има типична монсунска клима. Сувиот период е од октомври до мај, додека влажниот (монсунски) период е од јуни до септември. Интервалите помеѓу овие два главни периоди - од септември до ноември и од март до мај - се сметаат за најпогодни за престој во Непал. Просечна максимална дневна температура е 16 во јануари - 25C во јули, ноќна и најниска околу 2 во јануари - 17C во јуни. Распонот на температурата во Катманду е помеѓу 15-30C.

Состојба во врска со земјотреси: Непал е многу трусно подрачје но е безбедно. Штетата од претходниот земјотрес се санира, така што е безбедно да одите во оваа земја.

7. ХРАНА

Традиционалната исхрана опфаќа пилешко, говедско (во вид на скара или гулаш), ориз, овошје и зеленчук. Овошјето измијте го со флаширана вода или излупете го. Задолжително пробајте ги јадењата Момо, Ласи, пилешко со мед и бамбус, пилешко со кари. Јадењата умеат да бидат многу лути така што доколку не сте љубител на лута храна задолжително нагласете кога нарачувате. Задолжително пробајте го и прочуеното пиво Еверест.

8. БЕЗБЕДНОСТ

Непал е безбедна дестинација. Навечер не е пожелно да се движите по улиците, особено надвор од групата. Избегнувајте продавачи на опојни средства, сите опијати се забранети и нелегални. Водете сметка кога фотографирате, затоа што доколку сакате да фотографирате некого, за тоа мора претходно да прашате. Пред храмовите задолжително собујте ги обувките и водете сметка за следното: често ќе морате да ги соблечете сите предмети од кожа кои ги носите на себе, не смеете да се искачувате на хиндуистичките храмови и никако не смеете да фотографирате Кумари.

9. ОБЛЕКА

Од облека потребна е летна и лесна гардероба, но задолжително со себе понесете и нешто со долги ракави и долги панталони пред се поради авионите но и можноста за пад на температурите, пред се навечер. Задолжително понесете и дуксер и неколку пара на панталони. Се подразбира и удобни обувки поради обиколка на градовите, трекинг и истражување на џунглите. Долги ракави и долги панталони се препорачуваат и како заштита од комарци.

10. ПАРИЧНИ СРЕДСТВА

Валутата која е во оптег е Непалски Рупии и односот е околу 1ЕУР = 120 рупии, 1$ = 107 рупии.
Сеедно е дали ќе понесете долари или евра. Во некои менувачници можете да се ценкате за курсот, доколку се работи за поголем износ. Банкомати постојат но не се лесно достапни. За детали посоветувајте се со Вашата банка и задолжително пријавете заминување во странство поради можност од блокирање на картичките.
На пазарите, продавниците за сувенири и кај уличните продавачи секогаш ценкајте се, затоа што тоа е обичај. Покрај ценкањето обичај е и оставање на бакшиш.

11. ИЗЛЕТИ

На патувањето во Непал факултативните излети чинат околу 170 евра.

12. КОМУНИКАЦИЈА

Нашите мрежи во поголемите случаи не работат на територијата на Непал. Речиси сите сместувања имаат wi-fi.

13. СТРУЈА

Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како и кај нас така што не ви се потребни адаптери.

14. ПОСЕБНА НАПОМЕНА

На патувањето во Непал постои целодневно возење од Катманду до Покара и од Покара до Дуликел.

15. СУВЕНИРИ

Доколку купувате предмети поврзани со будизам, Ве соведуваме да не земате глава на Буда, затоа што тоа се смета на неприкладно.
Од сувенири препорачуваме: традиционална облека и материјали, предмети и скулптури од дрво, традиционална музика, накит, предмети поврзани со религиите хиндуизам и будизам, производи од пашмина и јарешка волна, предмети произведени во тибетантските бегалски кампови...