Оман

Оман

Оман е арапски бисер сместен на самиот почеток на Персискиот залив. 

Познат е по својата богата историја, природни богатства, шаренолик рељеф и единствена култура. 

Сѐ тоа е додатно збогатено со бројни археолошки и историски локалитети и фестивали кои се одржуваат во текот на годината. Оманскиот брег се простира на преку 1300 километри, а самата земја се граничи со Обединетите Арапски Емирати, Јемен и Саудиска Арабија

Туризамот во Оман скоро и да не постоел до 1970-та година, кога на власт доаѓа новиот султан "Qaboos bin Said". Новиот владетел, иако авторитарен, е заслужен за модернизацијата која локалците ја нарекуваат и ренесанса. Оман успеал да воспостави мир во земјата, но и да ги достигне своите богати соседи, асфалтира патиштата и креира услови за прифаќање на туристи на кои ќе им го презентира своето богато наследство.

Сместен на тесен појас измеѓу планини и мориња, главниот град на Оман, Мускат, се протега на 50 километри во должина на Арапскиот залив. Градската панорама ја украсуваат преубави златни минариња од џамиите, тврдини и кули и преубавата линија на Арапското море. Целиот град потсетува на една голема тврдина изрезбана во карпите на околните планински ланци. Освен центарот на градот, тука е и "Muttrah" каде се наоѓа најголемата и најубавата градска променада, како и "Ruwi", попознат и како "мала Индија", каде се "начичкани" бројни продавници и трговски центри.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Оман

1. Општи податоци за земјата

Оман (официјално Султанат Оман) е држава која се наоѓа во југозападна Азија, поточно на брегот на Арапскиот полуостров. Се граничи со Обединетите Арапски Емирати, Саудијска Арабија и Јемен. Административно е поделен на единаесет покраини. Оман припаѓа и на енклавата Мусандам, одвоена од остатокот од земјата со територијата на ОАЕ, на јужниот брег на Ормушкиот теснец на влезот на Персискиот залив. Оман излегува на Арапското море на југ и исток. Поголемиот дел од оваа држава го сочинува пустина, а планинските венци се протегаат во должина на брегот на северните и јужните делови на земјата. Во согласност со рељефот, вегетацијата е претежно пустинска и полупустинска (путински растенија, треви...), додека пак вегетацијата е побујна во оние делови на Оман кои се изложени на дожд, како што е Дофар на пример. Тука се среќаваат и мимози, олеандри и кокосови палми. Оман е познат по нафтените резерви, па во согласност со тоа, економијата на државата е зависна од извоз на сурова нафта. Развиено е и земјоделството.

Површина на земјата: 309500 km2
Број на жители: околу 4 милиони
Главен град: Мускат
Владетел: Султан Кабус ибн Саид ел Саид
Националност: поголемиот дел од жителите се од оманска националност, додека пак останатиот дел од населението го сочинуваат Азијци и жители на другите арапски земји, САД и Европа
Службен јазик: арапски
Вероисповед: ислам (доминантна е верската струја ибадизам)                

2. ВИЗА

За државјаните на Р.С. Македонија e потребна виза за посета и престој во Оман. Dokumentacija koja je neophodna je sledeća:

  • pasoš (koji važi 6 meseci nakon planiranog povratka iz Omana)
  • jedna fotografija na beloj pozadini u elektronskom obliku (veličine fotografije za pasoš – 4cm x 6cm)
  • sken prve strane pasoša u boji u elektronskom obliku

*Cena vize za Oman sa jednim ulaskom je 60 € (u dinarskoj protivvrednosti na dan uplate prema prodajnom kursu Unikredit banke) + 1000 dinara usluga viziranja.

**Viza se radi mesec dana pred put, kada dobijate sve informacije od strane agencije.

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА

Временската зона е UTC +4, што значи 3 часа напред во однос на Р.С. Македонија.

4. КЛИМА

Климата е пустинско-тропска. Во внатрешниот пустински дел е врела и сува со високи дневни температурни амплитуди, додека пак во краевите блиски до брегот се зголемува влажноста, но температурите остануваат високи. За време на пролетта дува топол и силен ветар. Максималните дневни температури достигнуваат и 40 °C, додека пак во зима е нешто поладно. На пролет и есен е најпријатно се температури измеѓу 25-35 °C.

5. ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ

Оманската кујна е под влијание на арапската, персиската, индиската, азиската, медитеранската и африканската кујна, што ја одржува позицијата на Оман како огромна трговска импреија на раскрсницата нат радиционалните трговски патишта. Јадењата често се базираат на пилешко, риба и јагнешко, како и на ориз кој е најчест прилог на главното јадење. Поголемиот дел од оманските јадења содржат богата мешавина на зачини, билки и маринада. Супте исто така често се наоѓаат и обично се прават од пилешко, јагнешко и зеленчук (пр. димен домат). Главниот оброк обично се јаде на средина на денот, а вечерата е лесна.

6. ЗДРАВЈЕ Вакцинација не е обавезна. Нашите патници индивидуално одлучуваат дали да се вакцинираат или не. Најубаво е да се јавите во Институтот за јавно здравје во Скопје и проверите. Пожелно е со себе да понесете лекови за стомак (пробиотици), фервекс или некои лекови за болки и температура, за секој случај. Некои лекови кој се достапни во Р.С. Македонија, можат да бидат забранети супстанци во Оман. Доколку патувате во Оман со лекови, потребно е да поседувате копија од рецептите. Дополнителни информации во врска со внес на лекови во државата можат да се најдат на сајтот на Министерството за здравје на Оман. Не е препорачливо да пиете вода од чешма. Во рестораните и хотелите обично се конзумира минерална вода, а истата може да се купи во повеќето продавници, бензиски станици и супермаркети. Неопходно е со себе да понесете и крема за сончање. Корисен телефонски број за итни случаи: 9999

7. ОСИГУРУВАЊЕ

Осигурување не е задолжително, но е препорачливо. Можете да го земете во било кое осигурително друштво или кај нас во агенција до 5 дена пред пат.

8. СИГУРНОСТ, БЕЗБЕДНОСТ И ПРАВИЛА НА ОДНЕСТУВАЊЕ

Oман е исклучително сигурна земја. И покрај тоа што стапката на криминал е релативно ниска, советуваме за внимателност во некои делови на престолнината. Потребно е да избегнувате да користите камери и двогледи во близина на воени станици, владини згради и аеродроми. Препорачуваме да не фотографирате луѓе без прашање, бидејќи со тоа ризикувате да предизвикате голема навреда, посебно ако фотографирате дами. Локалната полиција може да реагира доколку пцуете или покажувате гестови на непочитување или наклонетост на јавни места. Казните за трговија, криумчарење и поседување дури и многу мали количини на дрога се исклучително високи (во некои случаи и со смртна казна). Во Оман не постои разлика измеѓу лесни и тешки дроги - се казнуваат со исти казни. Алкохол може да се набави во овластени хотели и ресторани. Пиење на алкохолни пијалоци во јавност и пијанство на јавно место е нелегално. Пушењето е забрането во кафулиња, ресторани, барови, трговски центри, канцеларии и други јавни простори - иако е обично дозволено на отворените тераси на баровите и рестораните.        

9. ОБЛЕКА

Се препорачување почитување на локалните традиции, обичаи, закони и религии и достоинствено однесување во јавност. Жените е потребно да носат скромна облека која ги покрива рацете и нозете. Освен на туристичките плажи или базен, носењето на костими за капење во јавност не е дозволено. Поради високите температуре се препорачува лесно памучна или ленена облека.

10. ЛОКАЛНА ВАЛУТА

Локалната валута е Оманскиот ријал. Парите лесно се менуваат во банки, менувачници и поголемите хотели.

1 €= 0.43 ОМР ; 1 УСД = 0.38 ОМР/

11. КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ И БАНКОМАТИ

Кредитните картички како што се American Express, Visa, MasterCard и Diners club може да се користат, но потребно е истото да го најавите во својата банка, за да немате проблеми со блокирање на картичките.

12. КОМУНИКАЦИЈА

Нашите мрежи работат на територијата на Оман. WiFi имате во сместувањата и рестораните, па на овој начин можете да одржувате контакт со фамилијата и пријателите.

Интернет домен: .om
Позивен број:  +968

13. СТРУЈА

Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како кај нас (стандарден напон 240 V, а фрекфенција 50 Hz), но е потребен адаптер за утичници тип G.

14. СУВЕНИРИ

Од сувенири препорачуваме традиционална облека и материјали, сребрен уникатен накит, кафе, керамика, оманска кама, темјан (frankincense)...