Таџикистан

Таџикистан

Патувањето на животот мора да ве одведе во Таџикистан, спектакуларна земја лоцирана помеѓу Авганистан и Кина, покриена со сурови пустини, но и високи планини и глечери. На овие простори е родена легендата за славниот Јети, која се одржала и до денес. Јазикот што го зборуваат денес од мнозинството население е најсличен на персискиот. Со векови, овие нации биле познати по одгледување на најрасни коњи. За гурманите, ова е идеална дестинација, има многу храна, не е скапа и најмногу се јадат пекарски производи и овошје, додека кромидот и зачините се неопходен додаток за секое јадење. Земјата на боја и движење, ќе ве воодушеви, но не само со ова, туку и со неверојатната природа и луѓе. 

Главен град е Душанбе и населението на оваа млада земја е во голема мера муслиманско. 

Климата е апсолутно неверојатна и условена од навистина разновидна природа и бројни феномени. Во лето, земјата се претвора во изгорена топка, со пустински карактеристики, додека само неколку месеци подоцна, во високите планински места, температурата се спушта на -45C и сè е сосема поинакво. Сето ова е придружено со пустини, плодни полиња, памук, реки, планини идеални за пешачење, снежни наноси, но и прекрасни планински езера со чиста сина боја и кристално чиста вода! Храната е целосно иста приказна, мешавина од сè и целосно изобилство и вклучува јадења како што се manty, пилав, kovurma lagmon, леб кулча... Во кујната се користат многу зачини и кромид. Таџикистан е идеално место за љубителите на пекарски производи и сè што се прави од тесто. Тие јадат овошје во големи количини, особено грозје, јаболка и праска. Храната е исклучително ефтина - звучи добро, зарем не? 

Кога историјата, културата, климата, боите и мирисите на фантастична храна ќе Ве опијат, прошетајте низ чаршиите и уживајте во ракотворбите на Таџикистан, кои ви ја препорачуваат нивната традиционална облека и материјали, текстил, везени предмети, кожа, производи од глина, статуи на народот... Совршено место, завиткано во превезот на мистика на Патишта на свилата.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Таџикистан

Општи податоци: земја лоцирана помеѓу Авганистан и Кина, покриена со сурови пустини, но и високи планини и глечери. На овие простори е родена легендата за славниот Јети, која се одржала и до денес. Јазикот што го зборуваат денес од мнозинството население е најсличен на персискиот. Со векови, овие нации биле познати по одгледување на најрасни коњи.

Главен град: Душанбе

Површина: 144.100 km²

Број на жители: околу 8.5 милиони жители

Население: таџикистанци 84.3%, узбекистанци 13.8%, останати 2%

Јазик: таџикистански и руски

Вероисповед: муслимани 90%, останати 10%

Независност: 1991. година

Валута: Сомони TJS – 1 EUR=10.7 TJS

За трошење во Таџикистан морате секогаш со севе да имате локална валута.

Платежни картички и банкомати: Картички ретко каде можете да користите. Препорака е плаќање со готовина. За детали посоветувајте се со Вашата банка и задолжително пријавете заминување во странство, за да не дојде до блокирање на картичките.

Временска зона: GMT +5

Виза: За државјаните на Р. С. Македонија потребна е виза за влез на територија на Таџикистан. Надлежен козулат за Р. С. Македонија е амбасадата во Анкара.

Клима: Климата во Таџикистан е разновидна, во пониските предели е суптропска, во средните висини е умерена а на планините остра ладна планинска. Дождови и снег најмногу има во текот на зимата и на пролет додека во текот на летото и наесен дождот е вистински феномен. Во планинските предели од октомври до март паѓа снег и температурите достигнуваат до -45C, додека во рамните предели од октомври ги погодуваат песочни бури. Летото започнува во мај и е топло. Најдобро време за посета е во пролет или наесен, додека летото е погодно за планинарење.

Храна и пијалок: Традиционалната исхрана опфаќа јадења како што се manty, pilav, kovurma lagmon, леб kulcha... Во кујната се користат многу зачини и црн кромид. Таџикистан е идеално место за љубителите на пекарски производи и се што се прави од тесто. Јадат овошје во големи количини, пред се грозје, јаболка и праски. Храната е исклучително евтина (споредувајќи со европските цени).

Здравје: За влез на територија на Таџикистан, законски не е потребно да примате вакцини, но за тоа секако консултирајте се со вашиот лекар. Се препорачува конзумирање на флаширана вода. Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку ја примате, пробиотик, лекови за снижување на телесна температура, лекови против болки, односно лекови кои инаку ги носите со себе на патување.

Осигурување: Препорака е да имате здравствено осигурување.

Сигурност, безбедност и правила на однесување: Безбедносната состојба е стабилна. Можна е појава на ситни кражби. Водете сметка кога фотографирате, затоа што доколку сакате некого да го фотографирате, за тоа мора да прашате. Не е дозволено фотографирање на војската, полицијата, банките, на аеродромите. Пред храмовите или џамиите задолжително соблечете ги чевлите. Не е пожелно сами да се шетате по пусти улици. Забрането е изнесување на локалната валута од земјата.

Облека: Задолжително со себе понесете нешто по долги ракави пред се поради авионите но и за прошетките по градовите и влез во џамиите или другите светилишта. Понесете и чадор или кабаница, но и шешир, марама или капа. Покрај гардеробата која инаку ја пакувате, за патувањето во текот на пролетта или наесен потребно е да понесете удобни патики, дуксер или џемпер. Во пустинските и планинските подрачја температурните разлики помеѓу денот и ноќта се големи. За време на посетата на верските објекти, на жените им се препорачува поголемиот дел од рацете и нозете да бидат покриени, како и главата и косата. За време на влегувањето во верските објекти потребно е да ги соблечете чевлите. Од облека понесете нешто удобно и затворено.

Комуникација: Нашите мрежи во главно функционираат во Таџикистан но не на целата територија, имајќи во предвид дека се посетуваат и места кои се далеку од поголемите градови. Речиси сите сместувања, ресторани ил кафулиња имаат wi-fi.

Струја: Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како и кај нас и  не Ви се потребни адаптери.

Сувенири: Од сувенири препорачуваме традиционална облека и материјали, текстил, везени предмети, кожа, производи од глина, народни статуи...