ИСЛАНД ЕКСПЕДИЦИЈА - ПАКЕТ ИЗЛЕТИ

1. Јужен Исланд
Јужен Исланд: Водопадот Seljalandsfoss, Skogafoss, Reynisfjara црната базалтна плажа и Вик. Го посетуваме водопадот Seljalandsfoss и Skogafoss - формација на некогашен морски гребен кој го одзема здивот, додека во далечината ги гледаме Eyjafjallajokul и Hekla - активни вулкани кои сеуште повремено исфрлаат дим, но и глечерот Solheimajokull. Ја посетуваме базалтната плажа Reynisfjara чија легенда вели дека настанала со скаменување на злобни тролови. Излетот трае околу 11 часа, а се поаѓа околу 8-9 часот наутро.
Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 130€
2. Golden Circle
Golden Circle: Националниот Парк Thingvellir, гејзерот и водопадот Gullfoss – геолошка подлога на која се одвојуваат масивните тектонски плочи на Америка и Европа и гејзeр, кој се наоѓа на листата на УНЕСКО на заштитени природни богатства. Ќе имаме прилика да сведочиме на ерупцијата на врел млаз вода на еден од најпознатите и најимпозантните гејзери на Исланд, но и во светот. Го посетуваме и Златниот водопад Гулфос, сместен на глацијалната река Хвита (времетраењето на излетот од поаѓањето до враќањето е 8 часа. Поаѓањето е околу 8 часот наутро).
Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 130€
3. Сината лагуна
По високите планини, пешачење и планинарење овој ден го посветуваме на душата и телото во оаза каде температурата на водата се движи од 36-39 целзиусови степени и велат дека има магични, подмладувачки својства. Уживаме во пејсажот одмарајќи се во изворите на топла вода. (Во цената е вклучена влезница во Сината лагуна и разгледување на полуостровот Reykjanes).
Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 150€