Луксембург

Луксембург

Луксембург е минијатурна држава помеѓу Франција, Белгија и Германија, една од најбогатите во Европа. Луксуз и сјај, седиште на Евростат, Европската инвестициона банка и Европскиот суд на правдата, денес е мета на многу туристи ги поминуваат низ Бенелукс. Градот Луксембург се наоѓа на две нивоа. Градот е познат и под називот Северниот Гибралтар. Сместен е на устието на реките Алзет и Петрус, поврзан со мостовите Pont Adolphe и Pont Passerelle. Погледот на реките најдобро може да се види од шеталиштето Chemin de la Corniche. Катедралата Норт Дам, Gëlle Fra фигурата на жена во злато - симбол на слободата. Во старото јадро на градот, кое е најпозната пешачка и shopping зона, сместени се два големи плоштади: Place Guillaume II, пешачки плоштад на кој се наоѓа Градското собрание со два бронзени лавови на влезот и статуа на Виљем II, и Place d'Armes, главниот плоштад на кој, особено во лето, се шетаат толпа туристи благодарение на големиот број прилично скапи кафулња и ресторани на отворено, кои се активни и преку ден и навечер.