Индокина - Виетнам, Камбоџа, Тајланд

Индокина - Виетнам, Камбоџа, Тајланд

цена од
2.199
EUR ,00
сега од
1.899
EUR ,00
траење
16 дена
Пријави се Барање
Барање

Ако сте одлучиле да тргнете на едно феноменално патување, тогаш тоа мора да биде токму ова! Во овој наш специјален аранжман не ги посетуваме само една, не две, туку дури три спектакуларни држави во Азија! 

Возбудата започнува во Бангкок, градот на ангелите и главен град на Тајланд, каде модерното и традиционалното се спојуваат на единствен начин. Тука ќе се впуштиме во возбудлива авантура низ уличните пазари, ќе ги посетиме импресивните храмови и ќе уживаме во пулсирачкиот ноќен живот на ова незаборавно место. Можностите се неограничени – што и да посакате да правите, сигурно ќе го најдете овде! Овој град секогаш остава силен впечаток кај сите наши патници!

Неизбежна станица на нашето патување е Сием Рип, домот на грандиозниот Ангкор Ват – светско чудо што остава без здив со својата убавина и историска важност. Тука ќе ги разгледаме древните храмови и ќе слушнеме многу приказни за минатото на ова фасцинантно место.

Патувањето продолжува до Хо Ши Мин, урбаното срце на Виетнам, каде животот се одвива во ритам на брзина и енергија. Ќе се запознаеме со турбулентната историја на ова место додека ги истражуваме тунелите Ку Чи, и секако, повторно ќе уживаме во автентичната кујна на локалните пазари.

Потоа следува одмор на прекрасниот остров Фу Куок, кој ќе ни донесе моменти на релаксација на белите песочни плажи. Мора да спомнеме и за богатиот подводен свет што нè чека да го истражиме заедно. Ќе уживаме во тиркизното море и прекрасните зајдисонца што никого не оставаат рамнодушен.

Ова патување низ Индокина ќе ви донесе искуства што ќе останат врежани во вашата меморија засекогаш. Поврзете се со културите, историјата и природните убавини на овие фасцинантни земји и доживејте незаборавна авантура на животот.


Рута
Скопје
Истанбул
Бангкок
Сиам Реп
Сием Рип
Хо Ши Мин
Phu Quoc
Хо Ши Мин
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Виетнам, Камбоџа, Тајланд
Код на патување
VKT3
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 7. 4. 202611. 6. 2026

Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред летот. Лет од Скопје за Бангкок со преседнување во Истанбул. Одиме на исток во пресрет на сонцето.

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Трансфер до аеродромот и лет кон престолнината – Бангкок. Пристигнување на аеродромот во Бангкок. Трансфер до сместувањето во центарот на Бангкок. Време е да се запознаме со урбаната џунгла. Бангкок – “Град на Анегелите“ - ви дава сосема нова димензија на постоење, нешто сосема различно од сè што сте доживеале досега. Град кој наликува на Њујорк, исполнет со источна филозофија, мириси и различна атмосфера. Вечерта ја поминуваме во еден од најпознатите облакодери со поглед на бескрајните светла на Бангкок. Забава и насмевки до раните утрински часови. Ноќевање.

Превоз

  • Истанбул - Бангкок (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Twin Towers Hotel 1 ноќ

Место

  • Бангкок

Авантурата започнува! Се запознаваме со урбаната џунгла. Бангкок или „Градот на ангелите“ кој нуди сосема нова димензија на постоење, нешто сосема различно од сè што сте доживеале досега. Град налик на Њујорк, спакуван во источна филозофија, мирис на зачини и различна атмосфера. Забава и насмевки до раните утрински часови. Започнуваме со факултативен излет и истражување на оваа фасцинантна престолнина. Ја посетуваме Кралската палата, чија изградба започнала во 1782-ра година, за време на владеењето на кралот Рама I, основач на династијата Чакри, која потоа станала резиденција на кралот. Во палатата е сместен и Храмот на Емералд Буда, најголемото светилиште на Тајланд, статуа на Буда која е врежана во зелен жад. Го посетуваме Храмот на Зората (Wat Arun), Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho) со огромна статуа во должина од 46 метри и висина 15 метри, која го претставува преминот на Буда во Нирвана.  Ноќевање.

Сместување

Twin Towers Hotel 1 ноќ

Место

  • Бангкок

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден за факултативен излет – пловечкиот пазар и Train Market , кои се заштитен знак на Тајланд аде, во духот на старите тајландски обичаи, каде трговците пловат со чамци низ зелените води и полека се приближуваат со различни понуди. Ќе имаме уникатно искуство во посета на пазарот на воз, познат и како „Кишаран маркет“, пазар лоциран на шини за воз. Возот поминува низ пазарот неколку пати на ден и на секој сигнал на возот што влегува, продавачите брзо и хаотично саат си ги трхаат тезгите настрана за да го ослободат патот на возот што се движи по тие шини. Кога возот поминува, продавачите се враќаат и ги поставуваат своите тезги на шините. Враќање во Бангкок. Ноќевање.

Сместување

Twin Towers Hotel 1 ноќ

Место

  • Бангкок

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Поаѓање со автобус во раните утрински часови кон Siam Rep (Siem Reap), поранешен фрнацуски колониски град, кој во последните години стана бекпекерски центар на Азија. Пристигнуваме во Siam Rep, трансфер до сместувањето и вечерно истражување на необичната храна на Pub Street. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Бангкок - Сиам Реп, во економска класа со вклучен рачен багаж 8кг и чекиран багаж од 20кг
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Blanc Smith Hotel 1 ноќ

Место

  • Сиам Реп

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет во Ангкор (Angkor Wat), најголемиот комплекс на храмови во светот, во кој има над 1.000 верски објекти: храмови, молитвени куќи и скулптури. Овој познат комплекс е заштитен од УНЕСКО и се смета за најважниот археолошки локалитет во Југоисточна Азија. Тој е составен од уникатни и убави градби, остатоци од различните престолнини на империјата Кмер, сите изградени во рамките на овој комплекс. Самиот храм „Ангкор Ват“ е најголемиот и за многумина најубавиот објект. Целиот комплекс е опкружен со густа џунгла. По посетата на Angkor имаме слободното време во Siem Rep. Ноќна забава во клубовите и баровите. Ноќевање.

Сместување

Blanc Smith Hotel 1 ноќ

Место

  • Сиам Реп

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Тргнуваме кон традиционалното плутачко камбоџанско село Кампонг Плук (Kampong Phluk). Името на селото во превод значи „Пристаниште на слоновите китови“, бидејќи во минатото се трговало со слонови на тоа место. Во селото живеат локалци од кмерско потекло, кои ги изградиле своите сојници на 10 метри височина над езерото Тонле Сап, кое е опкружено со шума. Езерото е  најголемото слатководно езеро во Југоисточна Азија додека неговата хидрологија им овозможува на локалците мошне карактеристичен начин на живот. Тоа значи дека зависно од сезоната се менува начинот на животот на селаните. Жителите за време на врнежливата сезона живеат од риболов додека за време на сувата сезона се симнуваат доле во пољаните и се занимаваат со земјоделије. Се дружиме со локалното население и се запознаваме со нивниот начин на живот и обичаи. Ќе разговараме со мештаните на ова село и ќе уживаме во неверојатниот залез на сонцето. Навистина едно од најуникатните и најавтентичните исксутва во Камбоџа. Ноќевање.

Сместување

Blanc Smith Hotel 1 ноќ

Место

  • Сием Рип

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Пристигнување во Хо Ши Мин или Сајгон, град стар повеќе од 300 години и центар на културата, образованието и туризамот. Ова е всушност најголемиот град во Виетнам кој ја комбинира западната култура со ориентот, град познат како скапоцениот камен на Далечниот исток. Во градот има многу остатоци од колонијалниот период, како што се Катедралата Нотр Дам, поштата  Сајгон, старата американска амбасада итн. Трансфер до сместувањето и слободно време за одмор и слободни активности. Уживаме во вкусовите, мирисите и боите на Азија...Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Сиам Реп - Хо Ши Мин, во економска класа со вклучен рачен багаж 8кг и чекиран багаж од 20кг
  • Трансфер од аеродромот до сместувањето

Сместување

Happy Life Green Hotel 1 ноќ

Место

  • Хо Ши Мин

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен целодневен излет до реката Меконг и пловење со традиционални бротчиња низ густата вегетација и околу островчињата кои ја прават делтата на реката. Делтата Меконг е многу плодна со ориз, аргуми и тропско овошје. Посетуваме интересни занаетчиски села каде можете да најдете сè за опремување на домот, но направено од кокосово дрво. Шетајќи низ тивките селски патишта, наидуваме на богати локални овоштарници, каде јадеме вкусно свежо егзотично овошје, пиеме топол чај со мед и уживаме во локалната музика. Враќање во Хо Ши Мин. Ноќевање.

Сместување

Happy Life Green Hotel 1 ноќ

Место

  • Хо Ши Мин

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок имаме трансфер до аеродромот во Хо Ши Минг. Локален лет до островите Phu Qouc. Добредојдовте на најегзотичната тајна на Виетнам -- островот Phu Qouc. Тропски рај каде не разладуваат свежиот океански воздух и стотици палми. опк опкружен со палми и свеж океански воздух. Имаме трансфер од аеродромот до нашето сместување. Правиме check-in и имаме слободно време да уживаме во некои од стотиците плажи со бел песок, тиркизно море и корални гребени -- а замислете ова е само почетокот на нашата незаборавна авантура. Вечерта е резервирана за највкусната улична храна на некои од ноќните пазари или пак пијачка во некој од локалните барови! Ноќевање

Превоз

  • Трансфер од смествањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Хо Ши Мин - Фу Кок, во економска класа со вклучен рачен багаж 8кг и чекиран багаж од 20кг
  • Трансфер од аеродром до смествањето

Сместување

Gaia Hotel Phu Quoc 1 ноќ

Место

  • Phu Quoc

Храна

  • Континентален појадок × 1

Имаме слободен ден за уживање во тропскиот рај -- Phu Qouc. Островот е познат по долгите песочни плажи, а повеќе од половина остров е Национален Парк каде има планини, патеки за пешачење и густи тропски шуми. Ноќевање.

Сместување

Gaia Hotel Phu Quoc 1 ноќ

Место

  • Phu Quoc

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадок време е за целодневна тропска авантура! Со speedboat се упатуваме кон четири различни острови околу Phu Qouc, секој со своја уникатна убавина. Нуркаме во кристално чистото море, истражуваме корални гребени и се запознаваме со шарениот подводен свет. Замислете стотици палми, тиркизна вода и бел песок. Се плажираме и го бараме Немо :). По незаборавните подводни доживувања, ќе застанеме на нашиот последен остров, каде имаме време за релаксиран BBQ ручек на плажа – свежо приготвена храна, сонце и совршен поглед. Ова е вистински Island Getaway што не се заборава. Во попладневните часови се враќаме во нашето сместување и имаме слободно време да искочиме на пијачка во некој од локалните beach барови. Ноќевање

Сместување

Gaia Hotel Phu Quoc 1 ноќ

Место

  • Phu Quoc

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден за уживање на плажа со коктел во рака! Ноќевање.

Сместување

Gaia Hotel Phu Quoc 1 ноќ

Место

  • Phu Quoc

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадок правиме check-out од нашето сместување. Трансфер до аеродромот и лет за Хо Ши Мин. Пристигнуваме во Хо Ши Мин, правиме check-in во нашиот хотел и имаме слободно време да посетиме уште некој руфтоп бар или да јадеме превкусна улична храна. Ова е нашиот последен ден во Виетнам. Ноќевање

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Фу Кок - Хо Ши Мин, во економска класа со вклучен рачен багаж 8кг и чекиран багаж од 20кг
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Happy Life Green Hotel 1 ноќ

Место

  • Хо Ши Мин

Храна

  • Континентален појадок × 1

Правиме check-out од нашето сместување и имаме слободно време, во вечерните часови имаме трансфер до аеродром. Лет од Хо Ши Минг до Скопје, со преседнување во Истанбул.

Превоз

  • Трансфер од смествањето до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Хо Ши Мин – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Хо Ши Мин

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Скопје. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Истанбул -- Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. По формирање на групата се доплаќа уште 300€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. Потребната документација за виза, потребно е да ја доставите најдоцна 1 месец пред патувањето. Доколку патниците не достават документација за виза во наведениот рок, должни се сами да си обебедат виза за патувањето. Доколку патниците си обезбедуваат виза сами, потребно е најдоцна 20 дена пред патувањето да достават копија од визата.

Што е вклучено

Сместување

Twin Towers Hotel Пример 3 ноќи
Blanc Smith Hotel Пример 3 ноќи
Happy Life Green Hotel Пример 3 ноќи
Gaia Hotel Phu Quoc Пример 4 ноќи

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Истанбул - Бангкок (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Бангкок - Сиам Реп, во економска класа со вклучен рачен багаж 8кг и чекиран багаж од 20кг
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Сиам Реп - Хо Ши Мин, во економска класа со вклучен рачен багаж 8кг и чекиран багаж од 20кг
  • Трансфер од аеродромот до сместувањето
  • Трансфер од смествањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Хо Ши Мин - Фу Кок, во економска класа со вклучен рачен багаж 8кг и чекиран багаж од 20кг
  • Трансфер од аеродром до смествањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Фу Кок - Хо Ши Мин, во економска класа со вклучен рачен багаж 8кг и чекиран багаж од 20кг
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од смествањето до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Хо Ши Мин – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Истанбул -- Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

13 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Тајланд и услуга за визирање
  • Виза за Виетнам
  • Виза за Камбоџа

Видео

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Bangkok City Тour

Bangkok City Тour
Цена: од 65,00 EUR до 70,00 EUR

На овој излет ќе имате прилика да ги видите сите најважни и најубави знаменитости на Бангкок и да се запознаете со оваа фасцинантна престолнина! Поаѓаме од хотелот во утринските часови и трансфер до Кралската палата (Grand Palace) и храмот на смарагдниот буда (Wat Phra Kaew). Кралската палата претставува најголема туристичка атракција во Бангкок. Кратка прошетка до следниот локалитет - Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho). Овој храм се наоѓа веднаш до Кралската палата, а е еден од најстарите и најголеми храмови во Бангкок со површина од 8 хектари. Во Wat Pho можете да видите преку 1000 прикажувања на Буда! Сепак, најголемата атракција е статуата “Лежечки Буда“ по која целиот комплекс го носи името. Статуата е долга 46 метри и висока 15 метри, а го претставува Буда во состојба на нирвана, на крајот на своите реинкарнации. Wat Pho е исто така познат по своето традиционално училиште за Тајландска масажа. Кратка прошетка до реката и преоѓање на другата страна со бротче, до Храмот на зорите (Wat Arun). Овој храм е еден од најпознатите симболи на целиот Тајланд. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • Влезници за Grand Palace и Wat Phra Kaew
  • Влезница за Wat Pho
  • Влезница за Wat Arun
  • Стручен лиценциран водич на англиски јазик за време на целиот излет
  • Организиран превоз по предвидениот план и програма

*За овој излет е потребно да понесете гардероба прикладна за влез и посета на будистички храм.

Пловечки пазар и Train Market

Пловечки пазар и Train Market
Цена: 45,00 EUR

Поаѓање во утринските часови. Пристигнуваме на Train market точно навреме да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите набрзина ги подигнуваат тендите и тргнуваат настрана сè што му попречува на возот. Сите со брз чекор ги ослободуваат шините за непречено поминување на возот. Се слуша гласна сирена како сигнал и сите возбудено стоиме и чекаме. Возот надоаѓа, им одмавнуваме со рака на патниците во возот, како и тие нам. Штом помине возот, го разгледуваме пазарот и купуваме!

Потоа одиме кон пловечкиот пазар “Damnoen Saduak“. Позади не толку познатиот назив “Damnoen Saduak“ стои еден од најпознатите обележја на Тајланд - пловечкиот пазар! На околу 100 км југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место пресечено со канали изградени уште во 18-от век. Во духот на старите тајландски земјоделци, тргнувајќи со чамци низ зеленкастата вода, полека се приближуваат трговци со разнолики понуди. Старици со сламени шешири со насмевка нудат најразлични јадења, десерти и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотина години. По пловењето со чамци ќе имаме малку слободно време да прошетаме и по копнениот дел на пазарот. Враќање назад во сместувањето во попладневните часови.

Во цената на излетот е вклучено: преставник од агенцијата, локален водич, организиран превоз по предвидената агенда, возење со чамец, влезници за сите локалитети.

Анкор Ват (Angkor Wat)

Анкор Ват (Angkor Wat)
Цена: од 90,00 EUR до 110,00 EUR

Нѐ очекува будистичка авантура во еден од најфасцинантните храмови на #целсвет. Го посетуваме древниот Анкор Ват -- најголемиот манастирски комплекс на светот, кој вклучува повеќе од 1.000 религиозни објекти, храмови и скулптури. Комплекс кој дефинтивно го имаме видено на некој холивудски блокбастер, a претставува бисер на древната историја на Камбоџа. Овој познат комплекс е под заштита на УНЕСКО и се смета за најважниот археолошки локалитет во Југоисточна Азија. Храм кој има повеќе од 1000 различни скулптури и објекти, изградени од различни кмерски кралови. Посетуваме неколку помали храмови кои се во склоп на овој комплекс, а јаготката на шлагот е главниот храм Анкор Ват. Овој светски познат храм некогаш би духовниот центар на многуте кралства кои се простирале на овие простори. Кралствата доаѓале и заминувале но храмот останал. Денес е најважниот симбол на државата Камбоџа. 

Кампонг Плук (Kampong Phluk)

Кампонг Плук (Kampong Phluk)
Цена: 55,00 EUR

Тргнуваме кон традиционалното плутачко камбоџанско село Кампонг Плук (Kampong Phluk). Името на селото во превод значи „Пристаниште на слоновите китови“, бидејќи во минатото се трговало со слонови на тоа место. Во селото живеат локалци од кмерско потекло, кои ги изградиле своите сојници на 10 метри височина над езерото Тонле Сап, кое е опкружено со шума. Езерото е  најголемото слатководно езеро во Југоисточна Азија додека неговата хидрологија им овозможува на локалците мошне карактеристичен начин на живот. Тоа значи дека зависно од сезоната се менува начинот на животот на селаните. Жителите за време на врнежливата сезона живеат од риболов додека за време на сувата сезона се симнуваат доле во пољаните и се занимаваат со земјоделије. Се дружиме со локалното население и се запознаваме со нивниот начин на живот и обичаи. Ќе разговараме со мештаните на ова село и ќе уживаме во неверојатниот залез на сонцето. Навистина едно од најуникатните и најавтентичните исксутва во Камбоџа. 

Меконг Делта (Mekong Delta)

Меконг Делта (Mekong Delta)
Цена: од 55,00 EUR до 60,00 EUR

Дали сте спремни да влезете во ремек делото на природата, Меконг Делтата. Место со најголем биодиверзитет на #ЦелСвет! Реката Меконг е најголемата река во Индокина која извира во Тибет, тече низ Бурма и Лаос, а се влева во Јужното кинеско море, во Виетнам. Реката, пред да се влее во морето, прави огромна делта со 9 краци, наречени и „Куу Лонг“ или „Девет ламји“. Делтата Меконг изобилува со густа џунгла и неверојатен биодиверзитет а плодната почва овозможува огромни плантажи со ориз, агруми и тропско овошје. Селата кои се наоѓаат по течението на реката практично живеат заедно со реката. При нивната посета ќе видиме дел од нивниот секојдневен живот и каде ќе најдеме секакви сувенири за дома изработени од кокосово дрво. Одејќи низ тивките селски патишта, наидуваме на богати локални овоштарници, каде јадеме вкусно свежо егзотично овошје, пиеме топол чај со мед и уживаме во локалната музика. Почнуваме незаборавна авантура низ самите речни краци. Пред нас е сцена од која нема да не остави рамнодушни. Мирот и тишината кои ги доживуваме тука ќе ги памтиме долго после нашето враќање. Одиме во традиционално виетнамско село за ручек, а по ручекот имаме можност да се дружиме со змии, крокодили и мајмуни. Кој сака, може да пешачи или да изнајми велосипед за да се вози низ селото. 

Четири Острови (Four Islands)

Четири Острови (Four Islands)
Цена: од 55,00 EUR до 60,00 EUR

Подгответе се за целодневна тропска авантура! Со speedboat се упатуваме кон четири различни острови околу Phu Qouc, секој со своја уникатна убавина. Нуркаме во кристално чистото море, истражуваме корални гребени и се запознаваме со шарениот подводен свет. Започнуваме со нашиот прв остров Kim Quy, попознат како островот на златната желка. Замислете стотици палми, тиркизна вода и бел песок. Попатно застануваме на нашиот прв корален гребен. Оттука продолжуваме кон островот May Rut Ngoại -- вистински тропски рај, имаме време за плажирање и уживање во тиркизното море. Оттука продолжуваме кон островот Buom -- каде ќе се запознаеме со стотици шарени немо рипчиња. По незаборавните подводни доживувања, ќе застанеме на нашиот последен остров, каде имаме време за релаксиран BBQ ручек на плажа – свежо приготвена храна, сонце и совршен поглед. Ова е вистински Island Getaway што не се заборава.

Сместување

Happy Life Green Hotel

Happy Life Green Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Happy Life Green Hotel е модерен хотел со 4* (по локална категоризација), на одлична локација. Во срцето на централниот бизнис дистрикт на градот, на само неколку минути пешки до Бен Тан пазарот, Плоштадот Сајгон и познатата палата на обединетоста. Хотелот располага со сопствен ресторан кој служи вегетарјански, европска и виетнамска храна, надворешен базен, фитнес и спа центар. Се сместуваме во двокреветни/трокреветни соби со клима уред, минибар, фен, сеф и телевизор. 

Услугата е на база на ноќевање со појадок.

Вебсајт https://happylifeenterprise.com/contact.html

Адреса 102-104-106 Le Thi Hong Gam
Nguyen Thai Binh ward
District 1
Ho Chi Minh
Việt Nam

Gaia Hotel Phu Quoc

Gaia Hotel Phu Quoc
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Gaia Hotel Phu Qouc е хотел со 4* (по локална категоризација) на Phu Quoc, Виетнам. Хотелот се наоѓа на одлична локација на островот -- во Duong Dong квартот, каде се наоѓаат многу ресторани, продавници и барови и на само 5 минути пешки до плажата (Long Beach). Хотелот располага со сопствен ресторан, надворешен базен со лежалки и фитнес центар. Се сместуваме во двокреветни/трокреветни соби со клима уред, телевизор, бесплатен WiFi интернет, минибар, електричен kettle и фен за коса. 

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://gaiaphuquoc.com/

Адреса 71 Đường Trần Hưng Đạo
Dương Đông
Phú Quốc
Kiên Giang
Vietnam

Blanc Smith Hotel

Blanc Smith Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Blanc Smith Hotel е хотелско сместување со 4 ѕвезди по локална категоризација. Сместен во Сием Реп, на 200 метри од King's Road Angkor, Blanc Smith Residence нуди сместување со надворешен базен, бесплатен приватен паркинг и заедничка надворешна тераса. Гостите имаат на располагање 24-часовна рецепција, перална, доктор, спа, бар, трансфер до аеродромот, room service и бесплатен WiFi низ целиот објект. Собите на хотелот располагаат со климатизација, гардеробер, електричен чајник, фрижидер, сеф, сателитска телевизија и двокреветни соби со сопствен тоалет.

Вебсајт https://www.blancsmithhotel.com/

Адреса Sok San Road
Sangkat Svay Dongkum
Siem Reap
Cambodia

Twin Towers Hotel

Twin Towers Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Twin Towers Hotel е хотел со 3* (по локална категоризација) во Бангкок, Тајланд. Twin Towers Hotel е лоциран на еден од најинтересните и најдинамичните делови на Бангкок. Познат по својот ноќен живот со забавни хипи барови, ресторани, кафулиња. Хотелот располага со двокреветни или трокреветни соби. Секоја соба има сеф, клима уред, телевизор, интернет и сопствен тоалет. 

Вебсајт https://www.thetwintowershotel.com/

Адреса 88 Rama VI Rd
Rong Muang
Pathum Wan
Bangkok 10330
Thailand

Останати поаѓања за Камбоџа

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.