Се враќаме во времето и одиме на Куба

Минато време, но величествено, дотраено, но достоинствено, забавно, но фрустрирачко - Куба е земја на недефинирана магија.

Токму овие контрасти го прават патувањето овде да биде возбудливо. Заробена во времето и од економското ембарго кое трае повеќе од половина век, ова е земја во која можете да се збогувате со секојдневните претпоставки и да го очекувате неочекуваното.

Без модерното влијание, колонијалните градови на Куба не се променти многу од времето кога шпанскиот колонијализам владеел со Карибите. Атмосферата и архитектурата се особено возбудливи во Хавана каде грандиозните плоштади и улиците од калдрма раскажуваат некогашни приказни за раскош и интриги. Сепак, и покрај обидите за зачувување, многу згради сè уште лежат уништени и чекаат да блеснат во својата некогашна убавина. Благодарение на зголемените приватни инвестиции, многу од нив се веќе делумно реновирани, преобразувајќи се во спектакуларни приватни домови или ресторани со ретро стил кои гордо го покажуваат своето богато историско наследство.

Кубанската престолнина Хавана е преполна со стари автомобили, украсени плоштади од колонијалната ера и поморско шеталиште од осум километри познато како Малекон. Старите плоштади на Хавана Виеха не враќаат во колонијалната архитектура која го обликувала градот во 1700-тите и 1800-тите години, каде што некогашните дворци сега се музеи и хотели. Овој град е еден огромен музеј на отворено кој не враќа во минатото.

Еден од попривлечните аспекти на Хавана е да се види како се одвива секојдневниот живот во градот: среќни деца кои играат бејзбол на улица, улични свирачи и необичниот начин на кој луѓето од Хавана живеат пред сè, уживаат во животот. 

Разновидноста и бојата не се прикажани само преку уметноста и културата, бидејќи возниот парк во градот е еден од најимпресивните во светот. Стотици класични автомобили од различни епохи и стилови го прават овој подвижен парк еден од најиконските во светот. 

Главниот град на Куба воодушевува, со својот жив ноќен живот и музичка култура што тече од сите булевари. Животот во Хавана е спектакуларен, каде што сите музички стилови се претставени и нуди широк спектар на живи и импровизирани концерти, а на многу улици и плоштади секоја вечер каде има одлични локални уметници.

Сместувањето во куќи на кубанци ( Casa Particulares ) дава еден вистински поглед на секојдневниот кубански живот. Тука се столчињата на тремот, шишето рум на комодата, предната соба полна со семејни наследства и искрените разговори за појадок со домаќините кои секогаш изгледаат како да завршуваат со зборовите. „no es fácil“ (не е лесно). Овие искуства нудат нецензуриран поглед на Куба што ниту еден хотел не може да го понуди.