Правила за доделување подароци
Travel Weekend со Turkish Airlines - Skopje City Mall
Во рамките на настанот „Travel Weekend со Turkish Airlines“ се доделуваат следните подароци:
- Jungle Tribe Macedonia доделува две патувања за Занзибар на двајца различни добитници.
- Во соработка со Turkish Airlines, се доделува едно патување за еден добитник, со можност за избор помеѓу Малдиви или Занзибар.
- Дополнително, на посетителите им се доделуваат подарок ваучери во вредност од 50 евра.
Услови за користење на подарочните ваучери:
- Подарок ваучер во вредност од 50 евра може да се искористи исклучиво при резервација на патување најдоцна до 15.04.2026 година.
- Изборот на дестинација и термин мора да се направи во истиот рок.
- Патувањето треба да се реализира во периодот од јуни до првата половина на септември 2026 година, во рамки на достапните летни поаѓања.
- Подарочниот ваучер важи за едно патување и не може да се комбинира со други промоции.
Ограничувања:
- Подарените патувања се фиксни и не можат да се заменат за друга дестинација.
- Подарочните ваучери и патувањата не може да се исплатат во парични средства.
- Подарочниот ваучер претставува попуст при резервација и не претставува парична вредност за исплата.
Начин на реализација:
За користење на подарок ваучерите во вредност од 50 евра, потребно е добитниците најдоцна до 15.04.2026 година:
- да дојдат лично во канцелариите на Jungle Tribe Macedonia и да изберат патување, или
- да се јават телефонски, при што нашите агенти ќе помогнат во изборот и резервацијата.
Контакт информации:
Адреса: Дебарца 15, 1000 Скопје
E-mail: kontakt@jungletribe.mk
Телефон: 02 317 5220
Мобилен: 076 566 666
Работно време:
Понеделник – Петок: 10:00 – 18:00