Постојат патувања кои нè носат на нови места, а постојат и такви кои ни дозволуваат да доживееме нешто што се памети цел живот. Овој Велигден ве водиме во Етиопија - земја на древни цивилизации, мистични обичаи, неверојатни предели и традиции кои со векови се пренесуваат од генерација на генерација.
Нашата авантура започнува во Лалибела, едно од најсветите места во Африка и вистинско чудо на човечката историја. Градот познат по своите монументални цркви издлабени директно во карпа, каде каменот крие неверојатни приказни за верата, посветеноста и вековната традиција. Но, овојпат Лалибела ќе ја доживееме во едно посебно издание - за време на Етиопскиот православен Велигден!
Ќе бидеме дел од единствената атмосфера на Велики петок, ќе ги почувствуваме духовноста и тишината на древните цркви, а вечерта пред Велигден ќе присуствуваме на традиционалните молитви и церемонии осветлени од илјадници свеќи. Ќе го дочекаме Велигден во срцето на Лалибела, меѓу верниците, древните ритуали и звуците на етиопските молитви. Ќе ги запознаеме локалните велигденски обичаи, ќе уживаме во традиционална етиопска велигденска трпеза и, се разбира, во автентичната етиопска кафе-церемонија.
А кога ќе ги впиеме сите впечатоци од ова духовно патување, продолжуваме кон сосема поинакво лице на Етиопија - дивата и фасцинантна Долина Омо, дом на едни од најнеобичните етнички заедници во светот.
Ќе ги запознаеме жените на Мурси, препознатливи по традиционалните глинени дискови во нивните усни. Ќе го посетиме племето Хамар, каде древните ритуали на премин во зрелоста се дел од културниот идентитет, а жените ги носат своите традиционални украси и лузни како дел од вековните обичаи. Ќе ја откриеме културата на Дасанеч, ќе нè фасцинираат уникатните украси и телесни орнаменти на племето Каро, а ќе го запознаеме и народот Бена, со нивниот препознатлив начин на живот и традиции.
Нашата авантура продолжува кон Консо, регион познат по своите уникатни терасести полиња, традиционални села и посебен систем на општествено уредување - вистински пример за тоа како човекот и природата со векови живеат во хармонија.
За крај, се селиме во Арба Минч, еден од најживописните региони на Етиопија. Ќе пловиме по езерото Чамо, каде природата ни приредува средба со африканскиот животински свет, а доколку времето дозволи, ќе го посетиме и народот Дорзе, познат по своите необични куќи во форма на слонови глави, рачно изработените ткаенини и традиционалните танци.
И кога ќе помислиме дека сме ја запознале Етиопија од сите нејзини страни, повторно се враќаме во Адис Абеба - градот на мирисот на свежо мелено кафе, живописните улици и африканскиот ритам.
Ова не е само велигденско патување. Ова е можност да го доживееме Велигден на поинаков начин - во земја каде верата, историјата и древните традиции сè уште се жив дел од секојдневието.
Етиопија - Велигден кој ќе го паметиме засекогаш!
‼️‼️ СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ‼️‼️
Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Лет од Скопје со Turkish Airlines, со преседнување во Истанбул. Преседнување на лет за Адис Абеба. Авантурата може да започне!
Пристигнување во Адис Абаба во вечерните часови. Трансфер до хотелот и ноќевање.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Адис Абеба (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
По појадокот се упатуваме кон аеродромот и летаме кон Лалибела – еден од најсветите и најфасцинантните градови во Етиопија, познат по своите неверојатни цркви издлабени директно во карпа. По пристигнувањето се имаме трансфер до хотелот, а потоа започнуваме со истражување на ова уникатно место, кое со векови претставува важно духовно средиште на етиопските православни христијани.
Ќе посетиме дел од прочуените камени цркви и ќе ја почувствуваме посебната атмосфера на Велики петок – ден исполнет со молитви, верски обреди и длабока духовност. Ќе имаме можност одблиску да ги набљудуваме етиопските православни велигденски традиции и да доживееме поинаква, автентична страна на прославувањето на Велигден.
Ноќевање во Лалибела.
Превоз
Трансфер до аеродром
Локален лет на релација Адис Абаба - Лалибела во економска класа, со вклучен багаж од 20кг и рачен багаш од 7кг.
Денот го посветуваме на истражување на магичната Лалибела, градот кој често го нарекуваат „Новиот Ерусалим“ и кој е дом на едно од најголемите духовни и архитектонски богатства на Африка. Во придружба на локален водич ќе ги посетиме познатите цркви издлабени во карпа, кои се под заштита на УНЕСКО и претставуваат вистинско ремек-дело на средновековната архитектура.
Ќе ги откриваме фасцинантните приказни за нивното настанување, ќе ги запознаеме вековните традиции и ќе ја почувствуваме посебната духовна атмосфера која ја прави Лалибела толку уникатна.
Вечерта нè очекува едно навистина посебно доживување! Ќе присуствуваме како набљудувачи на традиционалните велигденски молитви и религиозни церемонии, осветлени од трепетот на свеќите. Во оваа магична атмосфера, меѓу илјадници верници облечени во традиционални бели одежди, ќе ја доживееме етиопската православна Велигденска ноќ – искуство кое тешко може да се спореди со кое било друго патување.
Христос воскресе! Денес нè очекува еден од најпосебните денови на нашето патување – православниот Велигден во срцето на Етиопија! Ќе имаме можност да ја доживееме автентичната атмосфера на етиопската православна Велигденска прослава, во градот Лалибела, каде верата и традицијата се нераскинлив дел од секојдневниот живот.
Ќе ги набљудуваме традиционалните верски церемонии и обичаи, ќе ја почувствуваме радоста на празникот и ќе откриеме како локалното население го прославува Христовото воскресение. Овој ден е посебна можност да се запознаеме со културата и духовноста на Етиопија одблиску, низ празничната атмосфера, молитвите и обичаите кои со векови се пренесуваат од генерација на генерација.
Празничното доживување ќе го надополниме со традиционален етиопски велигденски ручек, а потоа ќе уживаме во автентичната етиопска кафе-церемонија – посебен ритуал на гостопримство, дружење и уживање во едно од најпознатите богатства на оваа земја.
Ден исполнет со вера, традиција, нови вкусови и незаборавни моменти!
По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон аеродромот. Нè очекува лет преку Адис Абеба кон Џинка – град сместен во јужниот дел на Етиопија, кој претставува наша порта кон фасцинантната Долина Омо, еден од најавтентичните и културно најбогатите региони на Африка.
По пристигнувањето започнува нашата нова африканска авантура! Ќе се упатиме низ пределите на Националниот парк Маго, каде ќе имаме можност да посетиме традиционално село на племето Мурси. Оваа етничка заедница е една од најпрепознатливите во Етиопија, особено по традицијата на жените кои носат глинени дискови во долната усна – обичај кој претставува дел од нивниот културен идентитет.
Ќе добиеме можност одблиску да се запознаеме со нивниот начин на живот, традициите и секојдневието, откривајќи една сосема поинаква страна на Африка.
Ноќевање во Џинка.
Превоз
Трансфер до аеродромот
Локален лет на релација Лалибела - Адис Абаба - Џинка, во економска класа, со вклучен багаж од 20кг и рачен багаж од 7кг.
По појадокот го напуштаме нашето сместување и продолжуваме кон Турми, населено место во срцето на Долината Омо, регион познат по своите шаренолики етнички заедници и зачуваните традиционални начини на живот.
На патот, доколку се совпадне со денот на одржување, ќе посетиме еден од локалните пазари – Кеј Афер или Димека, каде што се среќаваат припадници на различни племиња за да тргуваат, разменуваат производи и да се дружат. Ова е одлична можност да ја почувствуваме автентичната атмосфера на локалниот живот, да ги видиме традиционалните носии, рачно изработените предмети и шаренилото на африканскиот пазар.
По пристигнувањето во Турми, нè очекува средба со едно од најпознатите племиња во регионот – Хамар. Ќе посетиме традиционално село и ќе се запознаеме со нивната култура, обичаи, препознатливи фризури, накит и традиционална облека. Ќе дознаеме повеќе за нивниот секојдневен живот, семејните вредности и обредите кои со генерации се пренесуваат и претставуваат важен дел од нивниот идентитет.
Ден исполнет со нови средби, фасцинантни приказни и автентични африкански доживувања!
Денес продолжуваме со истражување на фасцинантната Долина Омо и нејзините уникатни етнички заедници. Нè очекува ден исполнет со автентични средби, неверојатни традиции и приказни кои сведочат за богатството на африканската културна разновидност.
Утрото се упатуваме кон регионот во кој живее племето Дасанеч, заедница која го населува подрачјето околу реката Омо и езерото Туркана. Ќе го запознаеме нивниот начин на живот, традиционалните живеалишта и секојдневните активности, кои во голема мера се поврзани со природата, сточарството и риболовот. Ќе откриеме како оваа заедница се приспособува на суровите климатски услови и како ги зачувува своите обичаи низ генерациите.
Во попладневните часови продолжуваме кон едно од најживописните села во регионот – селото на племето Каро. Познати по своите впечатливи украси на телото, традиционалните тетоважи и уметничкото цртање со природни пигменти, Каро се вистински мајстори на телесната декорација. Ќе имаме можност да ги запознаеме нивните традиции, да ги видиме карактеристичните орнаменти и да дознаеме повеќе за симболиката што се крие зад нивната уметност.
Уште еден ден во кој ќе откриеме дека Африка не е само континент на неверојатни пејзажи, туку и дом на култури и традиции какви што ретко се среќаваат на друго место.
По појадокот се поздравуваме со Турми и продолжуваме кон Арба Минч, низ живописните предели на јужна Етиопија. Денешниот ден повторно ни носи можност да запознаеме нови култури и да откриеме уште една поинаква страна на Долината Омо.
На патот, доколку дозволуваат локалните услови и организацијата, ќе застанеме за посета на заедницата Бана, уште едно од интересните етнички племиња во овој регион. Ќе имаме можност да се запознаеме со нивниот традиционален начин на живот, обичаите и секојдневието.
Продолжуваме кон регионот Консо, каде нè очекува посета на традиционално село на племето Консо. Овој народ е познат по својата уникатна култура, традиционалните камени тераси и импресивниот систем на земјоделство, со кој со векови успешно ја обработува својата земја. Ќе прошетаме низ традиционалното село, ќе ги откриеме карактеристичните камени огради, дрвените тотеми и архитектурата која го прави овој регион толку посебен. Културниот пејзаж на Консо е препознаен и заштитен од УНЕСКО како светско наследство.
По оваа културна авантура продолжуваме кон Арба Минч, град опкружен со прекрасни природни предели и сместен помеѓу езерата Чамо и Абaја. Време е за одмор и подготовка за последните доживувања од нашата етиопска авантура.
За последниот ден од нашата етиопска авантура нè очекува уште едно прекрасно природно доживување! Утрото го започнуваме со пловење по езерото Чамо, едно од најубавите езера во јужна Етиопија. За време на бродската тура ќе уживаме во прекрасните природни пејзажи и ќе имаме можност да ги набљудуваме познатите нилски крокодили, нилските коњи и бројните видови птици кои го населуваат ова езеро.
Доколку времето и организацијата дозволуваат, ќе го посетиме и селото на племето Дорзе, познато по своите необични куќи изградени од природни материјали, кои со својот изглед потсетуваат на слонови глави. Ќе се запознаеме со нивната традиционална архитектура, рачно изработените ткаенини и специфичниот начин на живот, кој ја прави оваа заедница една од најинтересните во Етиопија.
По последните впечатоци од африканската природа и култура, се упатуваме кон аеродромот и летаме назад кон Адис Абеба. Пристигнуваме на аеродромот и се упатуваме кон нашиот лет за враќањето кон Скопје.
Зад нас оставаме една неверојатна авантура – од духовната и магична Лалибела, преку велигденските традиции, до фасцинантните племиња и дивите предели на Долината Омо.
Превоз
Трансфер до аеродромот
Локален лет на реалција Арба Минч - Адис Абаба во економска класа, со вклучен багаж д 20кг и рачен багаж од 7кг.
Место
Арба Минч (Arba Minch)
Адис Абеба (Addis Ababa)
Храна
Континентален појадок ×
1
Лет до Скопје со преседнување во Истанбул. Пристинување во Скопје во утринските часови.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Адис Абаба - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Адис Абеба (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Трансфер од аеродромот до сместувањето
Трансфер до аеродром
Локален лет на релација Адис Абаба - Лалибела во економска класа, со вклучен багаж од 20кг и рачен багаш од 7кг.
Трансфер до хотелот
Трансфер до аеродромот
Локален лет на релација Лалибела - Адис Абаба - Џинка, во економска класа, со вклучен багаж од 20кг и рачен багаж од 7кг.
Трансфер до сместувањето
Организиран трансфер од Џинка до Турми
Органзииран трансфер до Консо и Арба Минч
Трансфер до аеродромот
Локален лет на реалција Арба Минч - Адис Абаба во економска класа, со вклучен багаж д 20кг и рачен багаж од 7кг.
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Адис Абаба - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
8 ×
Континентален појадок
Останато
Факултативни излети и влезници за културно историски споменици
Не е вклучено
Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
Виза за Етиопија
Сместување
Хотел со 3/4*
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотел со 3*/4* по локална категоризација, е сместувачки објект кој располага со двокреветни и трикреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ:
Главен град: Адис Абеба
Површина: 1.104.300 km²
Број на жители: 107,534,882 (2015.)
Население: Оромо, Амхара и Тигриња
Јазик: амхарски
Вероисповед: Христијани 55%, муслимани 40%
Локално време: UTC + 3
Валута: етиопски бир
2. ВИЗИ:
За државјаните на Р. С. Македонија е потребна виза за престој во Етиопија. Визата се вади онлајн или при пристигнање во Етиопија (Visa on Arrival), истата чини $62.
3. ВРЕМЕНСКАТА ЗОНА e UTC+3, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Етиопија е 2 часа, а во текот на летното сметање е 3 часа, затоа што Етиопија не преминува на летно сметање на времето.
4. ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА:
Водата не е се пиење, се користи исклучиво флаширана вода и се избегнува лед. Флаширана вода се користи и за миење на забите како и за миење на овошје и зелнчук.
Што се однесува до лековите против маларија, не е неопходно да ги земате, но за ова консултирајте се со Вашиот лекар. Важно е да знаете дека лековите не штитат 100% од маларија и може да имаат несакани дејства.
Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку ја примате, пробиотик, лекови за снижување на телесната температура, лекови против болка, односно лекови кои генерално ги носите на патување. Задолжително понесете и крема за сончање и Аутан.
Препорака е да имате здравствено осигурување. Здравственото осигурување можете да го уплатите во агенцијата најдоцна 5 дена пред поаѓање. За цена на осигурувањето јавете се во агенцијата.
5. БЕЗБЕДНОСТ:
Етиопија е во главно безбедна земјам но потребно е да се придржувате до одредени правила. Не се препорачува движење во мрак и навечер, затоа што пред сé се станува збор за сиромашно и неразвиено подрачје, како и на места каде има голем метеж (локални пазари и сл.) и треба да се води сметка за џепароши. Исто така, не се препорачува да се движите со скапоцен накит.
6. КЛИМА
Климата во Етиопија е различна во зависност од тоа на кој дел од земјата се наоѓате. Надморската висина и географската должина одредуваат три климатски зони: ладна зона над 2400 метри каде температурата варира од близу 0 до 16 °C; умерена зона на висина од 1500 до 2400 метри со температури од 16 °C до 30 °C и топла зона, под 1500 метри со тропски и суви услови каде дневната температура варира од 27 °C до 45 °C.
7. ХРАНА:
Етиопската кујна комбинира арапски елементи и индиска кујна, така што храната е многу пикантна. Можете да најдете доста аргуми, банани, смокви, разноврсен зеленчук, говедско, јагнешко и јарешко месо, а популарно е и мекото сирење иаб, многу сличен на грчката фета, а се лади замотан со кора од банана.
8. ОБЛЕКА:
Етиопија е исклучително традиционална земја и е пожелно да се почитуваат нивните верувања и да се облекувате во склад со тоа.
За жените, идеална облека би била кошула или фустан кои ги покриваат рамењата и колениците. Панталоните се исто така добри (иако локалните жени ретко ги носат освен во Адис Абеба), но кратките панталони или маици без ракави не се многу прифатливи, особено во исламските подрачја и руралните средини. Мажите обично би требало да носат долги панталони и кошула или маица која ги покрива рамењата. Движење без маица или кошула е целосно неприфатливо, а кратките панталони се недостојна облека за возрасните мажи.
9. ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:
Валутата која е во оптег е етиопски бир - ETB.
Препорака е со себе да носите долари, но исклучиво испечатени во 2006та година или подоцна.
Платежните картички од нашите банки начелно е можно да ги користите. Меѓутоа, бројот на места каде што можете да ги користите е навистина мал и банкоматите се ретки, а многу често и се расипани, па затоа не се препорачува да се ослоните на ваков вид на плаќање и вадење на пари. За детали обратете се во Вашата банка и задолжително пријавете заминување во странство поради опасоност од блокирање на картичките.
Не е легално внесување или изнесување на повеќе од 1000 етиопски бира.
10. СТРУЈА, ИНТЕРНЕТ И КОМУНИКАЦИЈА:
Единствениот мобилен оператор (ETS) има договори за роаминг со некои европски компании, но во прашање е недоверлив давател на услуга, па така подобро е да користите локални отколку македонски картички. Тамошната prepaid SIM картичка чини околу 25 евра.
Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како и кај нас и нема да Ви се потребни адаптери.
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.