Мароко: All Inclusive

цена од
1.399
EUR ,00
сега од
1.199
EUR ,00
траење
9 дена
Барање
Барање

Откриј го магичното Мароко на најлесен и најбезгрижен начин – патување што совршено ги спојува ориенталната енергија на Маракеш и опуштената атмосфера на Агадир. Те очекуваат шарени пазари, мириси на зачини, динамични улици и златни зајдисонца над Атлантикот – во програма креирана да ти понуди максимум доживувања со минимум грижи.

Сè е веќе организирано однапред – од летови и сместување, до трансфери и внимателно испланирана програма – за ти да можеш целосно да се опуштиш и да уживаш во секој момент. Ова патување е балансирано така што ќе го доживееш најдоброто од Мароко, но и ќе имаш доволно време за свој ритам, плажа и сопствени откритија.

Без комплицирање, без дополнителен стрес – само чисто уживање, комфор и искуства што не се само за гледање, туку за вистинско доживување.


Рута
Скопје
Истанбул
Маракеш
Агадир
Маракеш
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Видови патувања
Далечни Патувања 🌍
Дестинации
Мароко
Код на патување
MA18
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Поаѓање од Скопје. Лет со Turkish Airlines со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Маракеш, трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Маракеш (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Riad Babouchta & Spa 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Маракеш

Овој ден ја доживуваме заедно магијата на Маракеш! Се потопуваме заедно во ритмичкото чукање на срцето на Маракеш додека го започнуваме денот со истражување на градот кој што не е само обична разгледница, тоа е целосна фиеста со живописни вибрации и неочекувани задоволства. Се одјавуваме од нашиот хотел и одиме да го истражиме Марак! Започнуваме со Мела (еврејскиот кварт), каде ја посетуваме најстарата синагога во градот. Посетуваме и две прекрасни палати -- палатата El Bahia, палатата El Badi и кралските гробници Saadi. Ветуваат моменти кои што ќе Ви направат да останете вчудоневидени и му пркосат во секоја смисла на времето и временската машина. Поминуваме заедно низ историската капија Bab Agnau каде минатото се среќава со сегашноста. Ја посетуваме и прекрасната џамија Кутубија, засолниште на спокојство среде раздвижениот град. Крешендото нѐ очекува во Jemaa el-Fna, сензорна експлозија на пазарен хаос, музика, шармери со змии и мајмуни, а во позадина на сето тоа се појавуваат величенствените планини Атлас. Одмараме со традиционални чаеви со нане и берберски специјалитети, уживаме во секој вкус посебно како дел од оваа авантура. Танцуваме во ритамот на Маракеш. По нашата авантура се упатуваме кон Агадир. Пристигнуваме во Агадир и се упатуваме кон нашето сместување. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од Маракеш до сместувањето во Агадир

Сместување

Riu Tikida Beach 1 ноќ

Место

  • Агадир

Храна

  • Континентален појадок × 1
  • All-Inclusive × 1

Факултативни излети

Слободен ден за уживање – плажа, релаксација или индивидуални активности.

Сместување

Riu Tikida Beach 1 ноќ

Место

  • Агадир

Храна

  • All-Inclusive × 1

Денот го започнуваме со авантура кон магичниот Paradise Valley една од најубавите природни оази во Мароко, сместена помеѓу планините на Атлас. По патот уживаме во прекрасни панорамски глетки, мали берберски села и бројни фото-стопови кои ќе ви овозможат да ја доловите вистинската убавина на овој предел. По пристигнувањето следува прошетка низ природата, опкружени со палми, карпи и тиркизни природни езера. Ќе имате можност да се освежите со капење во кристално чистите води на Paradise Valley и да уживате во мирната атмосфера на оваа скриена оаза. Во попладневните часови се упатуваме кон познатото сурферско место Taghazout Beach, каде можете да изберете помеѓу релаксација на плажа или уживање во сурфање на брановите на Атлантскиот Океан. За крај на денот нè очекува вистинско пустинско доживување – sandboarding на песочните дини и незаборавно зајдисонце над мароканскиот пејзаж. Совршен момент за фотографии, уживање и атмосфера која ќе ја паметите долго.

Сместување

Riu Tikida Beach 1 ноќ

Место

  • Агадир

Храна

  • All-Inclusive × 1

Факултативни излети

Овој ден е резервиран за откривање на автентичниот дух на Мароко со посета на Taroudant – град познат како „Малиот Маракеш“. Опкружен со импресивни црвени бедеми и традиционална архитектура, Тарудант нуди вистинско локално доживување далеку од масовниот туризам. По патот ќе имаме можност да ги видиме познатите марокански кози кои се качуваат по арганови дрвја – една од најинтересните и најфотографираните сцени во Мароко. Ќе посетиме и традиционална касба, препознатлива по својот автентичен изглед и атмосфера како од филмските приказни. Во Тарудант следува прошетка низ живописните и раздвижени сукови, каде ќе можете да откриете рачно изработени сувенири, традиционални марокански производи, зачини, накит и познатите локални теписи. Потоа се упатуваме кон прекрасната оаза Tiout Oasis – зелена палмова оаза која претставува вистински контраст на пустинскиот пејзаж. Тука ќе уживаме во традиционален домашно подготвен марокански ручек проследен со освежителен чај од нане. По ручекот ќе имате можност за релаксирачка прошетка низ палмовите насади или автентично магарешко јавање низ оазата, уживајќи во мирот, природата и локалната атмосфера.

Сместување

Riu Tikida Beach 1 ноќ

Место

  • Агадир

Храна

  • All-Inclusive × 1

Факултативни излети

Слободен ден за релаксација.

Сместување

Riu Tikida Beach 1 ноќ

Место

  • Агадир

Храна

  • All-Inclusive × 1

Факултативна екскурзија во Esauirа, прекрасен град покрај брегот на Атлантикот. Прошетка во Медината и посета на многубројните уметнички галерии, пристаништа со сини бродчиња и големи песочни плажи со сурфери. Пиеме кафе во тајни пролази, се ценкаме со локалнте продавачи за цените на сувенирите. Поминуваме и на локации каде што е снимана познатата серија  „Game of Thrones’’. Враќање во Маракеш.

Сместување

Riu Tikida Beach 1 ноќ

Место

  • Агадир

Храна

  • All-Inclusive × 1

Факултативни излети

По појадокот го напуштаме нашето сместување и се упатуваме кон аеродромот во Маракеш. Ни следува лет од Маракеш до Скопје со преседнување во Истанбул.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето во Агадир до аеродромот во Маракеш
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Маракеш- Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Агадир
  • Маракеш
  • Истанбул

Храна

  • Континентален појадок × 1

Лет од Истанбул до Скопје. Пристигнуваме во Скопје и крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник

Што е вклучено

Сместување

Riad Babouchta & Spa Пример 1 ноќ
Riu Tikida Beach Пример 6 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Маракеш (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од Маракеш до сместувањето во Агадир
  • Трансфер од сместувањето во Агадир до аеродромот во Маракеш
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Маракеш- Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

2 × Континентален појадок , 6 × All-Inclusive

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Мароко

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Маракеш City Tour

Маракеш City Tour
Цена: 35,00 EUR

Го започнуваме нашиот факултативен излет низ Маракеш наутро со прошетка низ Мел (еврејскиот кварт), во кој се сместени најстарата синагога во градот, како и еврејски гробишта. Ја посетуваме Ел Бахија, палата од 19 век која со децении, служела како резиденција на големите везири. Нејзината градина се смета за една од најубавите во целиот Мароко и градина на која сите везири биле особено горди. Ја посетуваме и палатата Ел Бади, односно Величенствената палата. Изградена е во времето на султанот Ахмед Ал Мансур во втората половина на шеснаесеттиот век. Тој бил современик и сојузник на кралицата Елизабета I на Англија. Влегол во историјата на светот како еден од најмоќните и најбогатите султани. Важел за голем дипломат, градител, освојувач и заштитник на уметноста. Вистинска ренесансна личност длабоко во подножјето на митската планина Атлас. Султанот Ахмед Ал Мансур потекнувал од династијата Саади, чии гробници се наоѓаат недалеку од самата палата. По палатата, истражувајќи влегуваме во улица, покриена од сонцето, преполнета со тезги и луѓе што брзаат некаде „како муви без глави“. Кој нема да прозборува тука арапски или берберски, исто како да не бил во Мароко. Стотици улични продавачи ги продаваат своите ракотворби. Жените со тетоважи ни ја покажуваат уметноста нацртана на рацете и на лицето, нудејќи ни ја нивната уметност, додека безброј скутери се обидуваат да се пробијат низ толпата луѓе. Шетајќи низ Казба, пред нас се појавува најубавата порта на градот - Баб Агнау. Таа е една од 19-те порти на Маракеш и е изградена во 12 век за време на династијата Алмохад.

Ја продолжуваме нашата авантура и ја посетуваме една од најубавите џамии во градот. Тоа е џамијата Кутуби која како светилник, посочува излез на сите оние што залутале по тесните улички на стариот град. На огромното плато околу џамијата, гледаме остатоци од еден стар храм и палати на владетели од династијата Алморавид, втората мароканска династија по ред и една од најмоќните африкански династии досега. Пред џамијата, туристите ги пречекуваат кочијаши со украсени кочии и моќни арапски коњи, но ние продолжуваме со лежерна прошетка низ Црвениот град. Кочијашите се сметаат за исклучително умешни преговарачи, а ние го имаме целиот ден за да го совладаме ценкањето во овој град кој никогаш не спие. Пригушениот звук се засилува додека се приближуваме кон јадрото, и на крајот ја гледаме заслепувачката светлина и срцето на стариот град. Огромниот плоштад на Џема ел Фна, симболот на Маракеш, се наоѓа точно пред нас. Поради неговата автентичност, самиот плоштад се наоѓа на списокот за светско наследство на УНЕСКО. Многу туристи се заљубиле во Маракеш поради плоштадот и се враќаат во него одново и одново. Смртните казни некогаш се изведувале овде, а плоштадот следејќи го тоа го исткајал својот дух. Денес има безброј тезги на местото на страшните џелати, каде ќе купиме свежо исцедени овошни сокови, кои се подготвени на лице место од насмеаните продавачи. Ќе навлегуваме подлабоко во суковите на медината. Во овие улички можеме да купиме скоро сè, од игла до локомотива. Искусните преговарачи можат да излезат со цела вреќа со сувенири за одлична цена. Уметноста на договарањето е исклучително тешка, а продавачите на Маракеш се дефинитивно господари на нивниот занает, затоа мора да бидеме упорни, непопустливи и храбри. На крајот, некој секогаш некој попушта, на обострано е задоволството. Враќање во сместувањето во попладневните часови. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • професионален лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз според планот и програмата
  • влез во палатата Ел Бахи

Во цената на излетот не е вклучено:

  • ручек

Paradise Valley

Paradise Valley
Цена: 50,00 EUR

Денот го започнуваме со авантура кон магичниот Paradise Valley една од најубавите природни оази во Мароко, сместена помеѓу планините на Атлас. По патот уживаме во прекрасни панорамски глетки, мали берберски села и бројни фото-стопови кои ќе ви овозможат да ја доловите вистинската убавина на овој предел. По пристигнувањето следува прошетка низ природата, опкружени со палми, карпи и тиркизни природни езера. Ќе имате можност да се освежите со капење во кристално чистите води на Paradise Valley и да уживате во мирната атмосфера на оваа скриена оаза. Во попладневните часови се упатуваме кон познатото сурферско место Taghazout Beach, каде можете да изберете помеѓу релаксација на плажа или уживање во сурфање на брановите на Атлантскиот Океан. За крај на денот нè очекува вистинско пустинско доживување – sandboarding на песочните дини и незаборавно зајдисонце над мароканскиот пејзаж. Совршен момент за фотографии, уживање и атмосфера која ќе ја паметите долго.

Taroudant

Taroudant
Цена: 50,00 EUR

Овој ден е резервиран за откривање на автентичниот дух на Мароко со посета на Taroudant – град познат како „Малиот Маракеш“. Опкружен со импресивни црвени бедеми и традиционална архитектура, Тарудант нуди вистинско локално доживување далеку од масовниот туризам. По патот ќе имаме можност да ги видиме познатите марокански кози кои се качуваат по арганови дрвја – една од најинтересните и најфотографираните сцени во Мароко. Ќе посетиме и традиционална касба, препознатлива по својот автентичен изглед и атмосфера како од филмските приказни. Во Тарудант следува прошетка низ живописните и раздвижени сукови, каде ќе можете да откриете рачно изработени сувенири, традиционални марокански производи, зачини, накит и познатите локални теписи. Потоа се упатуваме кон прекрасната оаза Tiout Oasis – зелена палмова оаза која претставува вистински контраст на пустинскиот пејзаж. Тука ќе уживаме во традиционален домашно подготвен марокански ручек проследен со освежителен чај од нане. По ручекот ќе имате можност за релаксирачка прошетка низ палмовите насади или автентично магарешко јавање низ оазата, уживајќи во мирот, природата и локалната атмосфера.

Есауира (Esauirа)

Есауира (Esauirа)
Цена: 55,00 EUR

Есауира, синиот град на брегот на Атлантикот, со уметнички продавнички, галеби, сини чамци и шарени пазари, е еден од градовите што задолжително мора да го посетиме. Ќе јадеме таџита и пиеме црн чај со две коцки шеќер, како вистински Мароканци. Во поранешниот Могадор, снимана е една од најпопуларните серии денес - Game of Thrones.

Ден за уживање и опуштање! На пат кон океанот, ќе сретнеме и кози, кои стоејќи мирно на дрво, им пркосат на законите на физиката. Потоа, доаѓаме до автентична работилница за производство на масло од арган, каде слушаме приказни за неговите својства и употреба и го гледаме целиот процес на изработка, како и слободно време за купување. Се возиме низ традиционалните и живописни пејзажи до Есаура. Магичната Есауира со прекрасни рустикални кули и sидини и исклучително убавата плажа, каде Мароканците шетаат и играат фудбал на песокот. Ќе прошетаме кратко по познатото пристаниште, каде локалците постојано доаѓаат со своите сини чамци, ја растовараат целата риба и ги поправаат нивните мрежи. Потоа, одиме низ sидините, уживајќи во приказната за местото каде е сниман Game of Thrones. Купуваме сувенири и свежо овошје на главната улица, а потоа одиме на уникатно гастрономско уживање - свежа морска храна уловена истото утро! Пред нашите очи, локалците чистат различни видови на вкусни морски плодови и риби и си бираме што сакаме да јадеме и ги гледаме како брзо ја приготвуваат храната. По пријатниот ручек имаме слободно време за прошетка и купување сувенири, по што се враќаме во сместување. 

Во цената на излетот е вклучено: билет за кулите Скала ду Порт, локален водич, претставник од агенција, организиран превоз според планот и програмата. 

Цената на излетот не е вклучено: каде што е снимана серијата „Game of Thrones“ (10MAD), ручек.

Сместување

Riad Babouchta & Spa

Riad Babouchta & Spa
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот Riad Babouchta & Spa е хотел со 4* по локална категоризација во Маракеш, Мароко. Хотелот располага со ресторан, амам и спа центар. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствен тоалет, ТВ, клима уред, пешкир и фен.

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://riad-babouchta.com/

Адреса 38 derb rouda
Medina
40000 Marrakech
Morocco

Riu Tikida Beach

Riu Tikida Beach
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот Riu Tikida Beach е хотел со 4* по локална категоризација. Лоциран на сама плажа во Агадир, хотелот располага со 3 базени, 3 ресторани, сопствена плажа, голф игралиште, тениско игралиште, бесплатен интернет, спа центар. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствен тоалет, фен, пешкири, клима уред.

Услугата е на база All-Inclusive!

Вебсајт https://www.riu.com/en/hotel/morocco/agadir/hotel-riu-tikida-beach?utm_source=google&utm_medium=organic&utm_campaign=my_business&utm_content=TBE

Адреса Chemin des Dunes B.P. 90
Founty
80000 Agadir
Morocco

Останати поаѓања за Мароко

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.