Храмот Goa Gajah, Канто Лампо Водопадите и Cretya Убуд
Нашата авантура ја започнуваме со Elephant Cave (Goa Gajah) храмот чиј влез е во облик на глава од слон, од каде што потекнува и неговото име. Се претпоставува дека влезот на храмот го симболизира влезот во подземниот свет. Почетоците на храмот датираат од XI век, а посветен е на божицата која се смета за заштитничка на децата, раѓањето и за исцелителка на жените. Се верува дека овој храм е ископан од хинду монсаи само со нивните раце, а неговите мистерии до ден денес ги фасцинираат историчарите. Чекориме во светот на античките чуда и ги истражуваме сложено врежаните пештери како и светите базени на овој храм. Сега сме веќе спремни да нурнеме во водопадот Канто Лампо, оаза на спокојство сместена среде бујните џунгли на Бали. Време е да се предадеме на симфонијата на каскадните води додека сме на ова патување на истражување и подмладување. Овие тивки базени опкружени со високи карпи кои се обвиткани со зеленило ќе ги паметите уште долго. Ииии.... дали сте спремни зa едно од најубавите искуства на Бали? Продолжуваме во најпознатиот денски клуб на #целсвет -- Cretya Ubud!! Буквално во Cretya има сѐ што ќе помислите за едно совршено искуство на Бали. Уживаме во неверојатниот поглед над зелените оризови полиња, а потоа и се шетаме низ нив. Го порачуваме нашиот омилен коктел (ние препорачуваме Arrack Attack) и пливаме во еден од трите базени на спрат!! А се разбира секое искуство на Бали не би било комплетно доколку не посетиме Bali Swing, a во Cretya има 4 - Angel Swing, Swing Bed, Extreme Swing и Super-extreme Swing. Kаде добивате впечаток дека летате над прашумите и оризовите полиња на Бали. Можеби сте фан на малку по-адреналински активности, за зависници од адреналин во Cretya има и 3 различни zip-lines. Кога претходно рековме дека во Cretya има сѐ, навистина мислевме сѐ! Еден совршен ден на Бали!!!!