Индија Холи Фестивал

Индија Холи Фестивал

цена од
1.699
EUR ,00
сега од
1.299
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање

Кога мислиме на авантура дефинитивно мислиме на Индија (India)! Ве водиме на фестивалот на боите, љубовта и пролетта, одиме во Индија за време на Холи!!!

Искапете се во боите на виножитото и уживајте во шаренилото за време на Холи. Холи фестивалот е пролетен фестивал на боите кој се слави во хиндуистичките земји, а посветен е на богот Кришна. Секоја година, илјадници луѓе го слават почетокот на новото годишно време - пролет. Го посветуваат на добра жетва и плодна почва. Уживаме на улиците опкружени со шаренило, насмевки, мириси, уживаме во пролетта, обоени од глава до пети... Ја впиваме единствената енергија на Индија. Холи претставува еден од најголемите настани во индискиот календар. Па затоа ние го славиме на најдоброто место во Индија -- Пушкар!!!

Патувањето го започнуваме во Њу Делхи (New Delhi), а авантурата почнува во најголемата чаршија која нема да ве остави рамнодушни додека се запознаваме со секојвневието на локалците. Исполнета со мириси, вкусови, традиционалното ароматично кари, кокосово млеко, ѓумбир и други индиски зачини. Огномет, разиграни Индијци, сијалички на сите страни се само дел од она што ќе ви го привлече вниманието додека ги посетуваме храмот Лаксминрајан, еден од најголемите хиндуистички храмови во Делхи како и „Порта Индија“, гробот на Махатма Ганди и Храмот на лотусот. 

Оттука, патувањето го продолжуваме кон Пушкар (Pushkar), еден од најхипи градовите во светот кој што секој Хиндус барем еднаш во животот го посетува. Од Пушкар одиме во најголемата пустина во Индија, пустината Тар, каде што сте на вистинско сафари со камили. Чекориме по стапките на махараџите, посетуваме номадски села, а денот го завршуваме со логорски оган и традиционален индиски танц во бедуински камп, се смееме гласно, но и пееме уште погласно! А токму тука го славиме и Холи, ги понесуваме нашите телефони, купуваме боја и излегуваме на  улици на Пушкар! Спремни за искуство кое ќе го паметите доживотно?

Дали некогаш помисливте дека постои розов град во светот? Џајпур (Jaipur), во буквална смисла на зборот. Ве водиме во Раџастан, најголемата и најшарената држава во Индија, каде што не треба да ве зачуди ако на улица ве пресретне некоја камила или некој слон! Вистинска фантазија се случува додека сме во музејот Алберт Хол, но и кога се искачуваме до највисоките кровови за најдобриот поглед кон зајдисонце. Летаме змејови, баш како во детството и каде ако не во Џајпур, градот на ветровите! 

Ве носиме во Амбер Форт, фасцинантна килибарна тврдина како и во прочуената Водена Палата, но и во Палатата на ветрот таму каде што живееле девојките на махараџата кои никој никогаш не ги видел сем тој. Продолжуваме кон Jantar Mantra најдоброто место за астрономско набљудување, но и во Храмот на мајмуните, каде додека вие го гледате целиот град, тие ве гледаат токму вас! 

Таџ Махал (Taj Mahal)? Ви звучи познато?

Освојуваме уште едно светско чудо, можеби и најубавото! Симболот на Индија и љубовта! Таџ наутро е розевкаст, навечер е млечно бел, а златен е кога Месечината сјае ноќе. Ова не се замислува, ова се доживува! Одиме и во Агра (Agra), каде што започнуваме со посета на храмот Gurudwara Guru Ka Tall – најпрочуениот храм на Сиките изграден во 16-ти век, продолжуваме кон мавзолејот Itmad ud Daulah, могулска градба изградена од принцезата Nur Jahan кој се смета за нацрт на Таџ Махал, а локалците го викаат овој храм ,,Baby Taj".  

Се враќаме во Делхи каде што ве водиме на индиски шопинг!! Се ценкаме, мирисаме, гледаме бои, слушаме звукови, но и впиваме неверојатна енергија уживајќи со најдобрите момоси на светот! Го посетуваме храмот Akshardham изграден од злато, полудраги и драги камења кој од птијча преспектива налкува на лотус. Со сигурност Индијците за него велат дека е најголемата конкуренција на Таџ!

Се возиме и со локален индиски воз, дали некогаш мислевте дека сериите знаат да станат реалност?

Патување на животот за вистински авантуристи!


Рута
Скопје
Истанбул
Њу Делхи (New Delhi)
Пушкар (Pushkar)
Џајпур (Jaipur)
Агра
Њу Делхи (New Delhi)
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДООЕЛ Скопје, Македонија
Дестинации
Азија, Индија
Код на патување
IN18
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Состанок на патниците на Mеѓународниот Aеродом во Скопје два часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Конекција на лет за Њу Делхи, Индија. Авантурата може да започне! 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул - Њу Делхи (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.

Сместување

LE ROI EXPRESS Hotel New Delhi 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Пристигнуваме во Њу Делхи во раните утрински часови! Трансфер до нашето сместување. Во хотелот ја плаќаме и претходната ноќ, што значи дека веднаш по доаѓање во хотел, можеме да влеземе во собите. Одмараме, се освежуваме, појадуваме, па се сретнуваме со нашиот претставник и го одржуваме информативниот состанок. Нашиот претставник ни ја раскажува програмата и ни кажува технички работи кои би требале да ги знаеме на патувањето (каде да смениме пари, каде да пазариме, каде има најдобро јадење, каде и кога има добра забава итн.) Слободен ден за вистинско и единствено доживување на атмосферата на Њу Делхи! Авантурата ќе ја започнеме во најголемата чаршија, која нема да не остави рамнодушни додека се запознаваме со секојдневието на локалниот живот во Њу Делхи! Микс на луѓе, но и животни кои што слободно шетаат по улиците. Доживување исполнето со вкусови, звуци и мириси на незаменливата Индија...

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместувањето.

Сместување

LE ROI EXPRESS Hotel New Delhi 1 ноќ

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)

По појадокот го напуштаме сместувањето и продолжуваме со нашите авантури! Знаете дека Њу Делхи е главен град на Индија, меѓутоа дали знаевте и дека е еден од најинтензивните градови во светот? Ве водиме на некои од најпознатите и најважните атракции во овој град, меѓу кои храмот Лаксминарајан - прв, но и еден од најголемите хиндуистички храмови во Делхи, воениот споменик "Порта Индија", гробот на Махатма Ганди како и местото каде Ганди ги поминал неговите последни денови - Раж Гат, а ќе видите и зошто, Храмот на лотусот - храм кој наликува на лотус цвеќе и е добитник на многу архитектонски награди, гробот на Хумајун - претходникот на Таџ Махал, како и многу други споменици и атракции. Авантурата продолжува, вечерен трансфер до Пушкар.

Превоз

  • Трансфер од Њу Делхи до Пушкар

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Пристигнување во Пушкар во раните утрински часови. Слободен ден да го истражиме овој хипи град кој со сигурност ќе ви прошири мирна и лежерна атмосфера, неееописливо чувство.. Пушкар е еден од најстарите и најсветите градови во Индија. Град кој секој Хиндус го посетува барем еднаш во животот, град кој изобилува со автентични чил барови и кафулиња, безброј хиндуистички храмови наредени околу светото езеро, типична локална храна и безброј сувенири на кои што нема да можете да им останете рамнодушни. Продолжуваме да уживаме во мирисите и вкусовите на Индија!

Сместување

Moti Mahal Hotel, Pushkar 1 ноќ

Место

  • Пушкар (Pushkar)

Ден за вистинска авантура! Одиме на сафари со камили, каде ако не во пустината Тар. Најголемата пустина во Индија и 18-та по големина на цел свет! Чекориме по стапките на махараџите, посетуваме номадски села и се восхитуваме на зајдисонцето кое се прелева во стотици бои додека лежиме на топлиот пустински песок. Денот го завршуваме со логорски оган и традиционален индиски танц во бедуински камп! Ги ослободуваме мислите, ја чистиме душата.. Ги впиваме звуците и мирисите на пустината, се смееме гласно но и пееме уште погласно! Се препуштаме на танцување!

Сместување

Moti Mahal Hotel, Pushkar 1 ноќ

Место

  • Пушкар (Pushkar)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го славиме фестивалот на боите и љубовта, сите околу нас се насмеани, весели и шарени. Излегуваме на улиците на Пушкар опкружени со шаренило, насмевки, мириси, уживаме во пролетта, обоени од глава до пети. Се гаѓаме со бои, танцуваме на уличната музика, се дружиме со насмеаните и веселите локалци, на кратко ја впиваме единствената енергија на Индија. Уникатно искуство кое ќе се памети засекогаш. Ноќевање.

Сместување

Moti Mahal Hotel, Pushkar 1 ноќ

Место

  • Пушкар (Pushkar)

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадокот го напуштаме сместувањето и не очекува нова авантура! Спремни? Трансфер до Џаипур со воз! Дали знаевте дека постои розев град во светот? Тоа е Џајпур во буквална смисла на зборот!!! Главниот и најголемиот град во државата Раџастан. Пристигнуваме во сместувањето и со нертпение чекаме да започнеме да истражуваме!

Добредојдовте во најголемата и најшарената држава во Индија. Овој град претставува мешавина на древните традиции и на модерниот свет. Уживаме во богатата индиска кујна, нашите сетила се обземени од различните вкусови и мириси. Сретнуваме локалци облечени во традиционална индиска облека. Мажи со бркови облечени во чаршави со типични индиски чевли како и жени во живописни сарија, со тетоважи по целото тело, накитени со познатите индиски пирсови. Истражувајќи го овој розев град нека не ви биде чудно доколку ве пресретне некоја камила или по некој слон. Вистинска фантазија! Буквално како на филм! Пристигнуваме до прочуениот музеј - Алберт Хол, пиеме свеж сок од манго, посетуваме традиционални храмови, се качуваме на највисоките кровови за најдобриот поглед на зајдисонцето, летаме змејови бидејќи сме во градот на ветровите.

Превоз

  • Трансфер од Пушкар до Џаипур со воз

Сместување

Hotel Glitz, Jaipur 1 ноќ

Место

  • Џајпур (Jaipur)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Ја посетуваме највпечатливата и најубавата тврдина во Џајпур, а можеби и во Индија. Фасцинантната Килибарна тврдина чии ѕидини ги штителе Раџпутите од Могулите. Тврдината претставува совршена комбинација на арапска и хиндуистичката архитектура и култура. Ја посетуваме прочуената Водена палата (Jal Mahal) која е летната резиденција на Махараџата. Потоа и Палатата на ветрот (Hawa Mahal), изградена за харемот на Махараџата. Изградена е така што никој не може да ги види девојките освен очите на пребогатиот Махараџа, а тие можат да ги набљудуваат улиците на градот. Нашата авантура ја продолжуваме кон прочуеното место за астрономско набљудување Jantar Mantаra. Оваа опсерваторија е изградена од првиот крал на Џајпур во XVII век а која и денес може да мери астролошки појави со поголема прецизност во споредба со најмодерните опсерватории. Продолжуваме кон најимпресивното место во Џајпур, храмот на мајмуните Galata Ji!! Уживаме во восхитувачкиот поглед на целиот град од највисоката точка во Џајпур, додека некое од локалните мајмунчиња пак гледа директно во нас.

Сместување

Hotel Glitz, Jaipur 1 ноќ

Место

  • Џајпур (Jaipur)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Во раните утрински часови се упатуваме кон Агра, каде го посетуваме Таџ Махал (Taj Mahal) -  најспектакуларната градба на цел свет! Сега веќе со сигурност ви кажуваме дека освоивте уште едно светско чудо!!! Симболот на Индија и на љубовта. Симбол кој што рано наутро ја менува бојата прекршувајќи ја сончевата светлина кога Сонцето е во својот зенит и ноќе кога е полна Месечина. Таџ наутро е розевкаст, навечер е млечно бел, а златен е кога Месечина сјае ноќе. Ова не се замислува, ова се доживува! Потоа ја посетуваме Црвената тврдина (Red Fort) во попладневните часови, уште една восхитувачка градба во Раџапута. Одбрамбени тунели, егзотични канали, кралски одаи, се само дел од она што ќе го видиме таму. 

Превоз

  • Трансфер од Џаипур до Агра

Сместување

Maple Grand Hotel, Agra 1 ноќ

Место

  • Агра

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Во утринските часови по појадокот го напуштаме сместувањето и нашата авантура ја започнуваме со посета на храмот Gurudwara Guru Ka Tall - прочуениот храм на Сиките изграден во XVI век. Овој храм е отворен за посетители од сите религии, а има и огромна народна кујна која е отворена за сите 365 дена во годината. Продолжуваме кон Soami Bagh храм - впечатлива градба од бел мермер посветена на спиритуалниот лидер Radha Soami; градба која претставува соединување на сите индиски религии. Потоа го посетуваме мавзолејот Itmad ud Daulah - неверојатна могулска градба изградена од принцезата Nur Jahan за нејзиниот татко. Се смета дека овој мавзолеј претставува нацрт за Таџ Махал. Продолжуваме кон сега веќе омилениот Делхи! Пристигнување во попладневните часови и check in во сместувањето.

Превоз

  • Трансфер од Агра до Њу Делхи

Сместување

LE ROI EXPRESS Hotel New Delhi 1 ноќ

Место

  • Агра

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден за уживање, време за сите оние индиски доживувања кои не успеавте да ги насетите на почетокот во Њу Делхи! ова е ден за индиски шопинг - ценкање, мириси, бои, звукови и неверојатна енергија која ја впиваме додека пиеме чај на улица со локалците. Во попладневните часови имаме можност за посета на Akshardham. Најголемиот храм во реонот, кој е поветен на богот Bhagwan Swaminarayan. Отворен во 2005 година, овој храм е прилично нов додаток на постојано растечкиот број на храмови во Индија. Изграден од злато, полудраги и драги камења, а во него се вложени 30 милиони фунти.  Од птичја перспектива неговата градина наликува на лотус цвеќе. Изградбата на овој храм и неговата убавина, големина и импозантноста претставува сериозна конкуренција на Таџ Махал. Во вечерните часови уживаме на улиците во Делхи со најдобрите улични момоси на светот!

Сместување

LE ROI EXPRESS Hotel New Delhi 1 ноќ

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет од Њу Делхи за Скопје, со преседнување во Истанбул. Се враќаме од неверојатно патување, а во главата сѐ уште ни остануваат звуците, вкусовите, боите и магијата на Индија - се мислиме од каде ќе почнеме да раскажуваме за оваа незаборавна авантура! Крај на патувањето. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет на релација Њу Делхи - Истанбул - Скопје во економска класа со 20kg чекиран и 7kg рачен багаж.

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)
  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

LE ROI EXPRESS Hotel New Delhi Пример 4 ноќи
Moti Mahal Hotel, Pushkar Пример 3 ноќи
Hotel Glitz, Jaipur Пример 2 ноќи
Maple Grand Hotel, Agra Пример 1 ноќ

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул - Њу Делхи (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето.
  • Трансфер од Њу Делхи до Пушкар
  • Трансфер од Пушкар до Џаипур со воз
  • Трансфер од Џаипур до Агра
  • Трансфер од Агра до Њу Делхи
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет на релација Њу Делхи - Истанбул - Скопје во економска класа со 20kg чекиран и 7kg рачен багаж.

Храна

8 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Индија

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Њу Делхи City Tour

Њу Делхи City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 45,00 EUR

Главниот град на Индија и еден од најинтензивните градови во светот! Ќе посетиме некои од најпознатите атракции во овој град, а нашата авантура ја започнуваме со India Gate - изградена во 1931 година во спомен на индиските војници загинати во Првата светска војна. Спектакуларна порта која е често ставена на исто рамниште со Триумфалната капија во Париз. Потоа продолжуваме кон Храмот на Лотусот во Делхи - неспоредливо архитектонско уметничко дело и еден од најубавите храмови на цел свет. Храмот e изграден од бел мермер во форма на лотус цвеќе и е отворен за сите религии, нашето совршено место за медитација, мир и спокојство во бучниот Делхи. Го посетуваме и еден од најважните храмови кој благодарение на Ганди е отворен за сите касти и религии, а е посветен на божицата на успехот - Birla Mandir; Потоа ја посетуваме гробницата на Хумајун – прекрасен пример на архитектурата на Могулите - мавзолеј изграден во 16тиот век и e претходник на Таџ Махал. Нашата авантура продолжува кон местото каде Ганди ги поминал последните денови од својот живот и каде што денес се наоѓа неговиот меморијал и гробница - Raj Ghat. Со ова место раководи фондација која своите темели ги базира на филозофијата, идеалите, учењата, животот и службата на Ганди - „Таткото на Индија“. 

Цената на екскурзијата вклучува: трансфер до локацијата, влезници, услуги на локален водич на англиски јазик, претставник од агенција. 

Пустинско сафари со камили!

Пустинско сафари со камили!
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 35,00 EUR

Пред зајдисонце, тргнуваме полека на камилите, како вистинските Махараџа и Махарани, кон моќната пустина Тар. Расеани села низ пустината, поила за животните, вегетација, диви коњи се само дел од она што нè опкружува во оваа позната хипи заедница. А тогаш, по заоѓањето на сонцето, се пали оган во сред пустина и доаѓаат свирачи во придружба на најубавите Индијки кои хипнотизираат со својот танц и разнобојни носии, натоварени со накит, огледала, школки, пари, исцртани со к’на од нозете до вратот. Залезот на Сонцето се прелева во најубавите бои, лежиме на топлиот песок, ги впиваме звуците, мирисите... По зајдисонцето се враќаме во Пушкар. 

Во цената на излетот е вклучено: локален водич за англиски јазик, јавање на камила, пијалок и танц, услуга на претставник на агенцијата. 

Џајпур City Tour

Џајпур City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 40,00 EUR

Нашата авантура не носи во Џајпур -- неверојатен град сместен во срцето на Раџастан, најшарената држава во Индија. Боите и енергијата кулминираат, сè е уште поживо, мустаќите се поголеми, потопло е, слоновите се околу нас дури и на улиците, кобрите се вртат на звуците на музичарите, а храната е уште повкусна! 

Турата ја започнуваме со посета на Amber Fort, величествена тврдина од исклучителна важност и уникатна архитектура, симбол на моќта и силата на некогашното индиско кралство. Изградена е кон крајот на XVI век и денес е под заштита на УНЕСКО. Се восхитуваме на луксузните простории, собата со огледала, градината, додека монументалните и уникатните порти, фонтани, мермерот и скапоцените и полускапоцените камења кои ја декорираат оваа тврдина ни го одземаат здивот! Потоа нашата авантура продолжува кон Палатата на водата -- Jal Mahal. Палатата е сместена сред езерото Man Sagar и претставува уште едно архитектонско чудо во Индија изградено во традиционален Раџастански стил. Денот го продолжуваме во центарот на Џајпур. Ја посетуваме градска палата (City Palace) во Џајпур. Оваа палата е изградена во XVIII век и дефинитивно ќе ве воодушеви со својата убавина! Во оваа палата до ден денес живеат потомците на махараџите. Поминуваме низ бројни порти, дворови, галерии сè до прочуените врати на Градската палата, кои се на насловните страници на повеќето книги и водичи за Индија, вистински уметнички ремек-дела. Секоја врата е со сопствен стил, посветен на различните хиндуистички божества. После тоа се упатуваме кон астрономската опсерваторијата Jantar Mantar. Среќаваме различни инструменти изградени главно во текот на XVIII век -- кои служеле за набљудување на ѕвездите. Локалниот водич ќе се обиде да го објасни значењето на секој од нив, но нашата имагинација ќе не доведе до конечните заклучоци. Турата ја завршуваме со поглед на Палатата на ветровите (Hava Mahal) сместена во центарот на розовиот град. Зградата која изгледа како црвена чипка и е направена од црвен песочник, камен и мермер со безброј прозорци. Намената на чипкастиот дизајн на оваа зграда е за да им дозволи на жените во харемот на Махараџата да го посматраат секојдневниот живот и прослави на луѓето во градот без да бидат видени од туѓите очи. 

*Имајќи ги предвид можните гужви и метежи на Џајпур, како и гужвите на самите локалитети, можно е да се промени редоследот на посета на локалитетите. 

Цената на екскурзијата вклучува: локален водич на англиски јазик, превоз, билети за Amber Fort, градската палата и Jantar Mantar, претставник од агенција.

Таџ Махал (Taj Mahal) и Црвената тврдина (Red Fort)

Таџ Махал (Taj Mahal) и Црвената тврдина (Red Fort)
Цена: 80,00 EUR

Посета на Таџ Махал, најспектакуларната градба на светот која сјае и ја рефлектира светлината кога Сонцето е во својот зенит или на полна Месечина. Симболот на Индија и симболот на љубовта. Приказната за Шахот Џахан и убавата Мумтаз започнува на познатиот пазар, на местото каде што е сега моќниот Таџ. Мумтаз продавала сол во кристали, а Џахан бил принц кој сакал да плати за кристалната сол како за дијаманти. Тоа било љубов на прв поглед која траела бесконечно, како во бајка. За 18-те години заеднички живот Мутаз му родила на својот принц 14 деца, но на последното породување починала. Споменикот на вечната љубов била нејзина желба. Изградбата на мермерната гробница, на која работеле 20.000 луѓе, илјадници слонови и камили, траела цели 22 години. Жад, корал, тиркиз, сафир, оникс, 28 видови на полудрагоцени и драгоцени камења се само дел од величественоста по која е познат Таџ. Овој подвиг го оставил Шахот Џахан без кралство како и без живот. Откако неговиот син го преземал престолот во 1685 година, го затворил својот татко во Црвената тврдина од која што Џахан можел да го гледа Таџ Махал како потсетник на вечната љубов, но и на банкротот на кралството. Последните денови од животот ги поминал таму се до неговата смрт. Red Fort (Црвената тврдина) во Агра е големо здание на припадниците на Раџпут (Rajput) - воена каста во Индија. Направена е за одбрана на кралството и до ден денес е во функција, но само 20% од зградата е отворена за јавноста и посетителите. Одбранбени тунели, натпреварувачки простории, кралски одаи, прв природно климатизиран простор и телефонија, најубавиот стар затвор на светот се само дел од она што ќе го видиме во Red Fort. Враќање во Делхи во вечерните часови. Пауза за појадок на патот кон Таџ Махал, а паузата за ручек е по посетата на двата локалитети или по првиот, во зависност од временските услови. 

Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, билети за Таџ Махал и Црвена тврдина, услуги од претставник на агенцијата. 

Агра City Tour

Агра City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 30,00 EUR

Агра бил најистакнатиот и главниот град на Могалската Империја. Покрај Таџ Махал, Агра крие уште многу искуства кои треба да се доживеат. Нашата авантура во Агра ја започнуваме со посета на Gurudwara Guru Ka Tall - прочуениот храм на Сиките изграден во XVI век. Овој храм е отворен за посетители од сите религии, а има и огромна народна кујна која е отворена за сите 365 дена во годината. Продолжуваме кон Soami Bagh храм - впечатлива градба од бел мермер посветена на спиритуалниот лидер Radha Soami; градба која претставува соединување на сите индиски религии. Потоа го посетуваме мавзолејот Itmad ud Daulah - неверојатна могулска градба изградена од принцезата Nur Jahan за нејзиниот татко. Се смета дека овој мавзолеј претставува нацрт за Таџ Махал, а и на многу места е спомнуван како "Baby Taj".

Сместување

LE ROI EXPRESS Hotel New Delhi

LE ROI EXPRESS Hotel New Delhi
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Le ROI Express е сместувачки објект во Њу Делхи со 3* (по локална категоризација) кој е одлично лоциран на само 20 минути пешки од центарот на градот. Хотелот располага со двокреветни или трокреветни соби со сопствено купатило, клима уред, телевизор, бесплатен интернет и мини-фрижидер!


Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.leroihotels.com/le-roi-delhi-hotel-paharganj/

Адреса Baoli chowk
672-676
Paharganj
Delhi 110055
India

Moti Mahal Hotel, Pushkar

Moti Mahal Hotel, Pushkar
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

MOTI MAHAL Hotel е сместувачки објект во Пушкар со 3* (по локална категоризација). Хотелот располага со двокреветни или трокреветни соби со сопствено купатило, телевизор, клима уред, и електричен kettle. Хотелот располага и со базен, сопствен ресторан и голема руфтоп тераса.

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт http://www.motimahalpushkar.com/

Адреса lake High Bridge
near Pushkar
Pushkar
Rajasthan 305022
India

Hotel Glitz, Jaipur

Hotel Glitz, Jaipur
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Glitz Hotel е сместувачки објект со 3* (по локална категоризација). Хотелот се наоѓа во срцето на Џаипур. Собите се уредени во едноставно традиционален индиски стил и располагаат со телевизија, клима уред, минерална вода, апарат за чај/кафе и сопствено купатило. Хотелот располага со сопствен ресторан кој служи индиска и интернационална храна. 

Вебсајт http://www.hotelglitzjaipur.com/

Адреса Amer Road Sitarampuri
Near Brampuri Police Station
Jaipur 302002 India

Maple Grand Hotel, Agra

Maple Grand Hotel, Agra
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Maple Grand е сместувачки објект со 3* (по локална категоризација) кој се наоѓа во срцето на градот Агра, град кој е познат како домот на светското чудо Таџ Махал. Имено, хотелот се наоѓа на одлична локација само 1.7km од Таџ Махал. Располага со двокреветни соби со мини-фрижидер, клима уред, ТВ и сопствено купатило. Дополнително хотелот располага со ресторан (кој служи индиска или интернационална храна) и сопствена градина.

Вебсајт https://www.maplegrand.com/

Адреса HOTEL MAPLE GRAND
A-15
Tajganj
Agra
Basai
Uttar Pradesh 282001
India

Останати поаѓања за Индија

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.