Шри Ланка Експедиција

Шри Ланка Експедиција

цена од
1.549
EUR ,00
сега од
1.349
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање

Ве носиме на авантура во егзотична и посебна земја, која ја викаат и бисер на Индискиот океан - Шри Ланка (Sri Lanka)

Шри Ланка била позната од раните арапски трговци како „Serendib“, име од кое произлегува англискиот збор „serendipity“ – збор кој ја опишува среќата кога ќе наидеме на нешто вредно!

Незаборавна авантура на овој весел остров во Индискиот Океан, истражуваме неверојатни палати, антички градови и тврдини, живописни џунгли и прекрасни будистички храмови. Нашата авантура не носи низ градини на зачини и бујни плантажи на чај, каде можете да пробате оригинален Ceylon чај, а во меѓувреме внимаваме на слонови кои слободно се движат по улиците на овој магичен остров!

Шри Ланка се наоѓа во Индискиот океан, јужно од Индија (India), а богата со прекрасни плажи, неверојатна природа и долга традиција и култура. Ве носиме на дружење со љубезното локално население, на една незаборавна експедиција. Необично патување низ џунглите на централниот дел на островот, посета на познатите будистички храмови, локалитети под заштита на УНЕСКО, берење и дегустација на чај, хранење слонови, масажи на плажа на зајдисонце, сурфање. 

Нашата експедиција ја започнуваме во Негомбо во хотел на самата плажа. Потоа нашата авантура ја продолжуваме кон Пинавала -- во резерват за слонови каде имаме ретка прилика да се "дружиме" со овие прекрасни суштества. Па продолжуваме кон Сигирија -- каде ја посетуваме познатата лавовска карпа и тврдина до која треба да искачиме 1200 скали. Експедицијата не носи и во Дамбула каде ги посетуваме 5-те храма во пештера и Златниот Храм. Продолжуваме во Кенди, а попатно правиме тура низ плантажи со зачини и билки. Ја посетуваме најубавата ботаничка градина на Шри Ланка -- Пераденија и фабрики за обработка на скапоцени и полу-скапоцени камења. Потоа продолжуваме кон една од најуникатните градби на цел свет -- кулата Амбулувава, го посетуваме и храмот на Светиот Заб на Буда -- едно од најсветите места на Будистите на целсвет! Следниот ден ја посетуваме и најпознатата плантажа за чај, каде пробуваме и оригинален Ceylon чај. Се сместуваме и во Ела, планинско градче лоцирано на 1000 метри надморска кое е опколено со живописни џунгли, водопади и карпести формации. Потоа авантурата не носи на некои од најубавите плажи на цел остров во Хикадува, а го посетуваме и познатото рибарско село Велигама! Експедицијата продолжува во единствениот рудник за Moonstone на целсвет, а имаме ретка прилика да посетиме и фарма за желки! 

Остров за уживање, остров за восхитување.


Рута
Скопје
Истанбул
Коломбо (Colombo)
Негомбо
Сигирија
Кенди (Kandy)
Ела
Хикадува (Hikkaduwa)
Коломбо (Colombo)
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДООЕЛ Скопје, Македонија
Видови патувања
Експедиции, Зимски поаѓања 2024
Дестинации
Шри Ланка
Код на патување
LK12
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на патниците на Mеѓународниот Aеродом во Скопје два часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Конекција на лет за Коломбо (Colombo). 

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Лет од Дубаи за Коломбо, Шри Ланка. Пристигнуваме во Коломбо во утринските часови. Добредојдовте во земјата на вкусови, бивши Сејлон, денешна Шри Ланка, земјата на чаеви, скапоцени камења, насмеани луѓе и неверојатна природа, Будизам, слонови, уникатни места заштитени од УНЕСКО, свила итн. Tрансфер до хотелот во Негомбо кој е лоциран на сама плажа. Можност за ран check-in, согласно расположливост на соби во сместувањето. Слободно време за одмор и релаксација. Доцна попладне, кратка прошетка низ Негомбо и ручек/вечера во некој од локалните ресторани, каде воедно нашиот претставник ќе го одржи информативниот состанок, а групата ќе има можност да се запознае меѓу себе и припреми за неверојатна и незаборавна експедиција!

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул - Коломбо (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето во Негомбо

Сместување

Hotel J Negombo 1 ноќ

Место

  • Коломбо (Colombo)
  • Негомбо

По појадокот имаме трансфер од Негомбо до Пинавала. Посета на резерват за слонови каде ќе уживате во дружењето со овие препаметни животни. Посетителите на ова село најчесто имаат прилика да ги хранат слоновите и да ги набљудуваат додека се капат во локалната река. Во Пинавала, постои можност, Вие самите да капете слон – прилика да направите неверојатни фотографии и спомени. Трансфер од Пинавала до Сигирија. Се сместуваме во нашиот хотел и имаме слободно време. Вечерта одиме во пре-кул ресторан и бар кој го чуваме како тајна уште од 2021 година, кога го откривме... :) Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер на релација Негомбо - Пинавала - Сигирија

Сместување

Flower Garden Eco Village 1 ноќ

Место

  • Негомбо
  • Сигирија

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Авантурата ја започнуваме рано наутро! Одиме со сафари џипови до Националниот парк Минерија - дом на голем број животински видови, елени, леопарди, мрзливци, бизони, крокодили, мечки, чакали и секако слонови! Ова место е познато по миграцијата на овие прекрасни, големи суштества, а во овој национален парк живеат дури 700 слонови! По сафарито, одиме во посета на локално село, ја запознаваме локалната култура и селскиот живот, додека уживаме во приказните прераскажани од локалното население и вкусовите на локалните специјалитети - кари, пржен ориз и нудли, чатни од манго, сос од кокос и многу повеќе. По денот исполнет со магични активности се враќаме во нашето сместување

Сместување

Flower Garden Eco Village 1 ноќ

Место

  • Сигирија

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот се упатуваме кон Сигирија – лавовската карпа, камена тврдина со неверојатно културно наследство од античкиот период која е под заштита на УНЕСКО, еден од highlight-ите на Шри Ланка и едно од најуникатните места на #ЦелСвет кои го одземаат здивот. Правиме одлични фотографии под карпата, а потоа, се качуваме на врвот на истата. Од доле до врвот има 1200 скали, а качувањето трае околу 2 часа, во зависност од вашата кондиција, возраст и гужва на самиот локалитет. Од Сигирија, продолжуваме за Дамбула, каде ги посетуваме 5-те храма во пештера и Златниот Храм. Авантурата продолжува до Кенди. На пат до Кенди, правиме тура низ плантажа (градина) со зачини и билки. Пристигнуваме во Кенди и се сместуваме во хотел. Вечерта, заедно со нашиот претставник правиме прошетка низ Кенди и седнуваме во некое ресторанче на вечера. Ноќевање.

Сместување

Blinkbonnie Inn 1 ноќ

Место

  • Сигирија
  • Кенди (Kandy)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Потенцијално се будиме од звуци на мајмуни кои се шеткаат на нашите тераси :) Кенди е град во самото срце на островот, опколен со џунгла, а еден од неговите главни жители се макаки мајмуните. Со овие познати “палавковци“ се дружиме скоро секој ден. По појадокот, одиме на обиколка низ Кенди – локалниот пазар, градскиот плоштад, прошетка околу езерото итн. По прошетката во градот, одиме во посета на ботаничката градина Пераденија која е впрочем и најубавата ботаничка градина во Шри Ланка. Посетуваме и фабрика (и музеј) за обработка на скапоцени и полу-скапоцени камења. Денот го продолжуваме кон кулата Амбулувава – уште еден highlight на Шри Ланка, каде правиме неверојатни спомени и фотографии. Oд билетарницата, до самата кула се возиме со тук-тукови, кои за време на експедицијата низ Шри Ланка ни станува регуларно превозно средство. Качување на кулата не се препорачува на луѓе кои се плашат од висина :) Се враќаме во Кенди. Вечерта го посетуваме Храмот на Светиот Заб на Буда – едно од најсветите места на Будистите во #ЦелСвет. Ноќевање.

Сместување

Blinkbonnie Inn 1 ноќ

Место

  • Кенди (Kandy)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот имаме трансфер од Кенди до Нувара Елија. По пат, застануваме и посетуваме плантажа и фабрика за чај – Damro Labookellie Tea Plantation. Неверојатни глетки. Во Нувара Елија ја посетуваме розевата пошта, која е заштитен знак на ова мало градче. Од Нувара Елија, се качуваме на воз и се упатуваме за Ела. Ова е една од најживописните линии со воз на #ЦелСвет која трае од 3.5 до 4 часа. Плантажи со чаеви, мали селца, џунгла, живописни мостови и тунели, водопади, планини... Авантура која никогаш нема да ја заборавите. Пристигнуваме во Ела. Градче лоцирано на 1000 метри надморска височина, опколено со планини, џунгла и водопади. Се сместуваме во нашиот хотел. Вечерта се симнуваме во центарот на градчето каде има неколку кул кафичи, а еден од нив, никогаш не затвара – работи 24/7. 

Сместување

Rawan Face Hotel 1 ноќ

Место

  • Кенди (Kandy)
  • Ела

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок одиме да планинариме до Малиот Адамов врв. Патеката воопшто не е тешка, а не води низ плантажи со чај, џунгла и преубава природа. Потоа, се спуштаме до мостот со 9 сводови – еден од најфотографираните местови на светот и нешто што може да се види на повеќето разгледници од Шри Ланка. Доколку стигнеме на време, ќе имаме шанса да го фотографираме мостот додека воз поминува по него. Патот го продолжуваме до водопадот Равана – преубав водопад кој го носи името по лошиот демон Равана кој по Рамајаната, во пештера позади овој водопад ја криел кралицата Сита. Враќање во сместувањето во Ела. Ноќевање.

Сместување

Rawan Face Hotel 1 ноќ

Место

  • Ела

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Трансфер од Ела до Хикадува. Сместување во хотел. Слободно време за плажа и активности поврзани со плажа (пр. Часови по сурфање). Ноќевање.

Сместување

Royal Beach Hotel 1 ноќ

Место

  • Ела
  • Хикадува (Hikkaduwa)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден резервиран за посета на јужниот и југозападниот брег на Шри Ланка. Првата станица ни е градот Гaл (Galle), кој го краси Холандска архитектура и безброј мали уметнички галерии и тивки кафичи. Од Гал, патот го продолжуваме кон Мириса, еднa од најубавите плажи на Шри Ланка. Во близина на плажата Мириса, го посетуваме и “Coconut Tree Hill” – уште еден highlight на Шри Ланка кој може да се види на многу разгледници од оваа држава. На крајот на денешната целодневна авантура го посетуваме и заштитниот знак на Шри Ланка – рибарите во селото Велигама, кои ловат роби седејќи на стапови, сред море. Враќање во Хикадува. Ноќевање.

Сместување

Royal Beach Hotel 1 ноќ

Место

  • Хикадува (Hikkaduwa)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Авантурата ја почнуваме во рани зори :). Одиме на возење со катамарани по зелената лагуна. Се восхитуваме на природата на ова место. Потоа, посетуваме познат Будистички храм кој е достапен само преку езерото. Од таму, се упатуваме кон рудник за скапоцениот камен Moonstone (месечев камен), по кој Шри Ланка е надалеку прочуена. Овој скапоцен камен може да се најде само на ова место, тоест, овој рудник е единствен природен извор на Moonstone на целиот свет. Во близина, посетуваме и фарма на желки која се наоѓа во близина на Хикадува. Средбата со овие преубави суштества сигурно ќе ве расположи. На враќањето ќе имаме шанса да го посетиме огромниот споменик кој Јапонија го има подигнато на местото каде што цунами има превртено воз пред неколку години, во кој се наоѓале преку 300 луѓе. Од таму, денот го завршуваме на уште една прекрасна плажа на Шри Ланка – Унаватуна. Уживаме во брановите и златното зајдионце. Враќање во Хикадува. Трансфер до аеродромот во Коломбо доцна навечер.

Сместување

Royal Beach Hotel 1 ноќ

Место

  • Хикадува (Hikkaduwa)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Во раните утрински часови се одјавуваме од нашиот хотел и имаме трансфер до аеродромот во Коломбо. Лет од Коломбо за Скопје, со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Конекција на лет за Скопје. Пристигнување во Скопје. Крај на експедицијата на Шри Ланка.

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Коломбо - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Хикадува (Hikkaduwa)
  • Коломбо (Colombo)
  • Истанбул
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Hotel J Negombo Пример 1 ноќ
Flower Garden Eco Village Пример 2 ноќи
Blinkbonnie Inn Пример 2 ноќи
Rawan Face Hotel Пример 2 ноќи
Royal Beach Hotel Пример 3 ноќи

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул - Коломбо (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето во Негомбо
  • Трансфер на релација Негомбо - Пинавала - Сигирија
  • Авио билет со сите такси на релација Коломбо - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

10 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Шри Ланка која изнесува 50$

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Шри Ланка Експедиција Пакет Излети

Шри Ланка Експедиција Пакет Излети
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 220,00 EUR

Пакетот излети ги вклучува следните активности/излети:

  • Посета на Пинавала – резерватот (сиропиталиште) за слонови.
  • Посета на Сигирија – комплексот кај лавовската карпа (со локален водич)
  • Посета на 5-те пештерски храмови и златниот храм во Дамбула (со локален водич)
  • Посета на плантажа со зачини
  • Тура низ градот Кенди
  • Посета на Ботаничката градина Пераденија
  • Посета на кулата Амбулувава во Гампола (вклучено и возење со тук-тукови од/до влезот)
  • Посета на Храмот на Светиот Заб на Буда во Кенди, со локален водич
  • Посета на плантажи и фабрика за чај – Damro Labookellie Tea Plantations
  • Посета на розевата пошта во Нувара Елија
  • Воз од Нувара Елија до Ела
  • Качување на Малиот Адамов Врв
  • Посета на мостот со 9 сводови
  • Посета на Равана водопадите
  • Посета на градот Гал
  • Посета на плажата Мириса
  • Посета на рибарското село Велигама
  • Посета на Coconut Tree Hill
  • Возење со катамарани низ зелената лагуна
  • Посета на рудникот за Moonstone
  • Посета на споменикот на жртвите од цунами
  • Посета на плажата Унаватуна

Во цената е вклучено: Сите трансфери, влезници, претставник од нашата агенција, локален и лиценциран водич на локалитетите

Во цената не е вклучено: Бакшиш, храна и пијалоци и останати лични трошоци

Сместување

Hotel J Negombo

Hotel J Negombo
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel J e сместен на самата плажата во Негомбо. Хотелот располага со двокреветни соби. Собите се климатизирани и имаат бесплатен Wi-Fi. Секоја соба има сеф, телевизор со кабелска телевизија и сопствен тоалет.

Услугата е на база ноќевање со континентален појадок.

Вебсајт https://www.hotelj.lk/negombo/

Адреса No. 331/1
Lewis Place
11500 Negombo
Sri Lanka

Flower Garden Eco Village

Flower Garden Eco Village
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Flower Garden Eco Village е хотел со 3* (по локална категоризација). Хотелот е опкружен со егзотични и живописни шуми и пејсажи. Лоциран е на само 20 минути од познатата лавја карпа Сигирија. Хотелот располага со двокреветни соби со приватен тоалет, минибар и телевизор. Како и ресторан, бар, базен и бесплатен интернет.

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт http://flowergardenecovillage.com/

Адреса 201/D
Thalkote Road
Ehelagala
Sigiriya
Sri Lanka
21120 Sigiriya
Sri Lanka

Blinkbonnie Inn

Blinkbonnie Inn
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Blinkbornnie Inn е сместувачки објект во Канди (Kandy) со *** (по локална категоризација). Хотелот располага со двокреветни соби. Секоја соба има сопствен тоалет, балкон, фрижидер и клима уред/вентилатор. Собите се чисти и едноставно уредени. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

Адреса 69 Rajapihilla Mawatha
20000 Kandy
Sri Lanka

Rawan Face Hotel

Rawan Face Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Rawan Face Hotel е хотел со 2* (по локална категоризација). Хотелот е опкржен со живописни шуми и пејсажи, а секоја соба има поглед кон Ella Gap. Се наоѓа на само неколку минути пешки од најпознатите кафулиња и барови во Ела. Хотелот располага со двокреветни соби со приватен тоалет, минибар, сеф, балкон и телевизор. Хотелот има и сопствен ресторан, кој служи разновидна храна (Кинеска, Француска, Италјанска и сл.) има сопствен бар, базен и бесплатен интернет!!

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://rawanface.com/

Адреса Medapathana
Kithalella
Ella 90090
Sri Lanka

Royal Beach Hotel

Royal Beach Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Royal Beach Hotel 3* е сместувачки објект, лоциран на самата плажа во Хикадува. Располага со двокреветни соби со сопствено купатило, клима или вентиилалатор, минибар. Хотелот располага и со приватна плажа со сопствени лежалки, ресторан и бар. Услугата е на база ноќевање со појадок. 

Адреса 582
Galle Road Narigama

80240 Hikkaduwa
Sri Lanka

Останати поаѓања за Шри Ланка

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА ЗЕМЈАТА
Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка e островска земја во Јужна Азија. Го опфаќа островот Шри Ланка (во минатото нарекуван Цејлон), и неколку помали острови во Индиски океан, југоисточно од Индиски полуостров. Поголемиот дел од земјата опфаќа низини и ридести подрачја.

Површина на земјата: 65.610km2, 119. по големина во светот;
Број на жители: 19.607.519
Главен град: Colombo
Националност: Две најчести заедници се Синхалези, во главно будисти (75%0 и Тамили чиј регион традиционално е хиндуистички (18%). На островот живее и значајна сунитска муслиманска заедница (7%) чии припадници зборуваат на тамислки јазик.
Службен јазик: сингалешки и тамилски

2. ВИЗА
За државјаните на Р. С. Македонија визата е задолжителна за Шри Ланка. Цената на визата е 50$ и се вади online пред заминување на пат. Пасошот за време на патувањето мора да важи уште минимум 6 месеци, а визата се одобрува во рок од 24 часа од поднесување на барањето. Затоа, за вадење на виза се доволни 2 седмици пред поаѓање, а сите потребни информации ќе ги добиете во агенцијата. Апликацијата се пополнува на следниот линк: https://eta.gov.lk/slvisa/visainfo/center.jsp?locale=en_US

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА
UTC + 5:30, што значи 3:30 часа во однос на С. Македонија.

4. КЛИМА
Климата е монсунска. Реките Mahawelli, Bala и Gelani изобилуваат со вода само во периодот на дождови во годината. Тропската вегетација е многу бујна, е пешачките брегови се обраснати со мангрови. Годишната количина на дождови во југоисточните краишта изнесува околу 5.000мм, а во северните 1.000мм. Просечна годишна температура на надморска висина од 1.000м е 24.5, а во приморската рамнина 27.3 целзиусови степени.

5. ХРАНА И ПИЈАЛОК
Шри Ланка е надалеку позната по добрата кујна, особено зачините и претставува мешавина на тајландска, кинеска и индиска кујна. Можно е да најдете и западна храна - пица, сендвичи, паста, салата. Важно е да се напомене дека за пиење се употребува исклучиво флаширана вода. Секако препорачуваме да уживате во традиционалната кујна и да испробате свежа риба, кари, роти и класичната азиска кујна која се базира на ориз, риба, пилешко, свежо овошје и зеленчук. Добро е да знаете дека речиси секаде ставаат шеќер, и во цедените сокови, и во овошните салати, дури и во омлетот па ако не сте љубители на слатко внимавајте и нарачајте без шеќер. Кујната на Шри Ланка во поголемиот дел е под индиско влијание. Во внатрешноста на земјата најдобро е да ги пробате специјалитетите како роди (полнето тесто) и коту (измешани јајца со зеленчук и зачини). Во крајбрежниот дел секако препорака е да пробате разни видови на најсвежа риба (туна, баракуда, зубатац и сл.) и морски плодови (ракчиња, лигњи и сл.) Сите овие специјалитети се навистина евтини на Шри Ланка. Од слатки јадења вреди да се проба специјалитет од кокос во палачинки со пченка. Шри Ланка има и своја ракија од кокос наречена арак. Од алкохол, најмногу се пие пиво, ледено ладен Lion, кој особео годи на високата стапка на влага која владее на Шри Ланка.

6. ЗДРАВЈЕ
Најдобро е сами да се обратите во Институт за јавно здравје, но од нашето досегашно искуство нема потреба од вакцинација. Во секој случај, одлуката е ваша. На патниците секогаш им препорачуваме на далечните патувања да понесат пробиотици, лекови за покачена телесна температура за секој случај. Исто така, понесете и некое средство против убоди од комарци (Аутан).

7. ОСИГУРУВАЊЕ
Не е задолжително но е секако препорачливо. Можете да го уплатите во која било осигурителна компанија или во нашата агенција најдоцна 5 дена пред поаѓање.

8. ОБЛЕКА
Што се однесува до гардеробата, понесете летна облека и спакувајте што е можно помалку во багажот. Понесете и нешто по долги ракави и долги панталони поради авионите и посета на храмовите. Исто така секогаш советуваме во рачниот багаж да понесете малку гардероба во случај на загубен багаж. Сеоветуваме торбите да ги завиткате во заштитна фолија на аеродромот во Белград. 
Во поголемиот дел од сместувањето постои можност за перење на алиштата која е евтина и ги пере сосема добро. Релативно се брзи, доколку им дадете денес, утре ќе биде подготвена за ново носење. Исто така можете и да купите се и сешто, од од кратки маици до костими за капење. Доколку се одлучите на потфатот качување на Адамов Врв (Шри Пада) тогаш неопходно е да имате и удобни патики за качување.
Во случај на евентуални дождови во текот н вашиот престој се препорачува да понесете чадор или кабаница.

9. ЛОКАЛНА ВАЛУТА
Можете да носите евра или долари. Односот е 1ЕУР = 347.25 рупии, а 1 долар изнесува околу 320 SLR. Постои можност За користење на платежни картички, пред се на банкоматите, но не треба премногу да се потпрете на тоа. Провизиите не се високи, но треба да проверите во матичната банка.
Доколку сепак одлучите да користите платежни картички, задолжително најавете заминување во странство во матичната банка, за да не дојде до блокирање на картичките.

10. КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи функционираат на Шри Ланка. Што се однесува до цената на роамингот, проверете на интернет страниците на Вашиот мобилен оператор. Можете да купите и локални картички кои не се скапи. Што се однесува до безжичниот интернет (wi-fi), конекцијата умее да биде побавна, но е сосема доволна за основна комуникација.

11. ТОПЛА ПРЕПОРАКА
Шри Ланка е сеуште неистражена туристичка мамка која секако се исплати да ја истражите. Позната е по зачините и зелениот чај. Препуштете се на авантура по поранешниот Цејлон, уживајте во насмеаното и срдечно население, опуштете се со најдобриот зелен чај на целиот свет и уживајте во природата која го одзема здивот. Со себе понесете мноштво зачини, од куркума и цимет до ванила, а на враќањето во Македонија оживејте ги мирисите на Шри Ланка во вашата кујна. Најчести сувенири од Шри Ланка се чаеви, зачини (пред се цимет), ајурведски природни лекови (креми, лосиони и сл.), фигури од мајмуни, Буда, слонови; регионот Негомба е познат по кожата (обувки, торби, колани), а во Хикадуви можете да најдете гардероба бидејќи постојат многубројни кројачки дуќани долж главните улици. Во Кенди можете да одите во шопинг на пазарите но и во стоковната куќа Одел.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.