Ве водиме на дружење со љубезно и срдечно локално население во земјите кои први во светот го прифатиле христијанството како официјална религија. Посетуваме нерелеани манастирски и црковни комплекси, најстари на светот, исклесани во карпи, изградени на самиот брег на езера, вкопани во длабоки кањони и пустински висорамнини или подигнати на највисоките планински врвови.
Земји со најстарата култура во светот – Грузија и Ерменија.
Историја и традиција стари повеќе од 6000 години. Посетуваме зелени планински венци чии врвови се покриени со вечен снег, бескрајни лозја и прекрасни градови во кои се испреплетуваат традиционалните и модерните влијанија. Неодолива комбинација на традиција и модернизам, на величенствениот Кавказ, верата, вкусовите, обичаите, сфаќањата...
Пештерскиот град Upliscihe ќе не остави без здив, додека видиковците над езерото Sevan ќе ни подарат глетки кои што се за паметење.
Ве водиме на дружење со едни од најтоплите и љубезни локалци во земјите кои први во светот го прифатиле христијанството како официјална религија. Ќе ги посетиме и неверојатните манастирски и црковни комплекси – едни од најстарите во светот.
ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА:
Tibilisi City Tour
Mtskhet, Gori и Upliscihe пештерскиот град
Езерото Севан, долината на цвеќињата и Kecharis манастирскиот комплекс
Планот и програмата важи за следните поаѓања 28. 9. 2025
Состанок на патниците во Белград. Директен лет од Белград за Тбилиси со Air Serbia во 07:55, пристигнување во Тбилиси во 12:55. Слободно попладене. Ноќевање.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Белград -- Тбилиси (AirSerbia), во економска класа со вклучен багаж
По појадокот трнуваме на обиколка на Тбилиси каде што ќе се запознаеме со главниот град на Грузија и неговата богата историја. Ќе ја посетима Metekhi – црквата на крстот од XIII век изградена во традиционален грузиски стил. Продолжуваме низ Абанотубани, најстариот дел од градот со бањи сочувани од 17. и 18. век.Ce возиме со жичарницата до Нарикала, стари тврдини од каде што ќе уживаме во панорамскиот поглед на Тбилиси. Ќе ја посетиме и Сиони катедралата – една од најстарите во градот, дом на реликвија – Крстот на Света Нина. Шетајќи по авенијата Руставели, првата авенија во Тбилиси, ќе ја освојуваме архитектонската разновидност на градот. Преку оваа авенија ќе патуваме низ времето односно низ 19. И 20. век.Враќање во сместувањето во вечерните часови. Ноќевање.
По појадокот тргнуваме кон планината Казбеги. На патот дотаму ќе го посетиме замокот Ананури, кој доминира над прекрасното езеро Жинвали, го продолжуваме нашето патување кон Казбеги и кон црквата Света Троица која се наоѓа на врвот од ридот. Уживаме во преубавиот панорамски поглед. Враќање во сместувањето во вечерните часови. Ноќевање.
По појадокот се упатуваме кон местото Mtskhet, стар грузиски град со богата историја. Ќе бидеме воодушевени од убавината на црквата Svetitskhoveli која е дел од светското наследство на УНЕСКО. По посетата, продолжуваме кон градот Гори, родното место на Сталин. Таму го истражуваме музејот посветен на животот и делото на овој историски лидер, навлегувајќи длабоко во неговото минато и влијанието кое што го оставил врз светот. Продолжуваме кон пештерскиот град Уплише кој претставува фасцинантно археолошко наоѓалиште. Овој древен град врежан во карпите ни нуди редок увид во животот на античка Грузија, додека шетаме низ пештерите, црквите и улиците кои сведочат за богатата историја на ова подрачје. Враќање во сместувањето во вечерните часови. Ноќевање.
По појадокот тргнуваме по патот на Арарат – ова библиско планинско возвишение е особено убаво во утринските часови. Нашата прва станица за денот ќе биде најблиската точка до планината од ерменската страна – Манастирот Хор Вирап, од каде што започнува христијанството во Ерменија. Потоа правиме пауза на еден од најубавите видиковци, каде што ќе имаме можност да направиме прекрасни фотографии од Азатското езеро, опкружено со неверојатна природа. Следна дестинација ние единствениот пагански храм во Ерменија – Гарни. По посета на храмот, ќе присуствуваме на традиционалниот процес на печење лаваш – ерменски тенок леб, што преставува една од најубавите и најзачуваните традиции во Ерменија. За крај го оставивме величенствениот манастирски комплекс Гехард од 13. Век, делумно врежан во карпите и вклучен на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Враќање во сместувањето во попладневните часови. Ноќевање.
По појадокотзаминуваме кон езерото Севан – бисерот на оваа планинска земја и едно од најголемите слатководни езера лоцирано на една од највисоките точки во Евороазија. Ќе го посетим еи манастирскиот комплекс Севанаванк, сместен на полуостровот, од каде се отвора величествен поглед кон целото езеро. Потоа, патот не води кон Дилиџан познат како „ерменската Швајцарија“ поради своите прекрасни природни шуми. Градот е дел од Националниот парк Дилиџан. Застануваме и кај манастирот Хагарциун од 10. Век, кој неодамна беше обновен со донација од шеикот д-р Султан бин Мохамед Ал Касими, владетелот на Шарџа кој бил импресиониран од манастирот при негова посета. На крајот на турата следи посета на прекрасниот манастир Гошаванк, опкружен со зелени шуми. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
По појадокот, го напуштаме сместувањето и тргнуваме на обиколка на Ереван. За време на оваа фасцинантна тура низ ерменската престолнина, ќе го истражиме срцето и душата на градот. Ќе ги посетиме историски значајните локации, вклучувајќи го плоштадот на Републиката, каде што живее ритамот на градот и ќе ја откриеме привлечноста на стариот градски четврт. Ќе се запознаеме со богатата историја на ерванскиот плоштад и ќе се восхитуваме на архитектурата на величенствениот храм Свети Григориј Просветител. Исто така, ќе ја доживамееме локалната култура на пазарот Вернисаж и ќе вкусиме автентични специјалитети, уживајќи во шармот на овој живописен град. Попладне заминувама кон Тбилиси. Пристигнување во Тбилиси во вечерните часови. Ноќевање.
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Белград -- Тбилиси (AirSerbia), во економска класа со вклучен багаж
Трансфер од Грузија до Ерменија
Храна
8 ×
Континентален појадок
Не е вклучено
Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
Виза за Ерменија (се подигнува на граница)
Сместување
Хотел 3*
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Сместувачки објект по локална категоризација во Тбилиси кој располага со двокреветни и трикреветни соби. Хотелот се наоѓа во широкиот центар на градот. Собите се двокреветни и поседуваат сопствен тоалет. Во овој дел на светот постои можност некои од собите да немаат прозори или да имаат внатрешни прозори или прозори кои не можат да се отворат. Услугата е на база ноќевање. Точното име на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 2 седмици пред поаѓање.
Хотел 3*
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Сместувачки објект по локална категоризација во Ереван кој располага со двокреветни и трикреветни соби. Хотелот се наоѓа во широкиот центар на градот. Собите се двокреветни и поседуваат сопствен тоалет. Во овој дел на светот постои можност некои од собите да немаат прозори или да имаат внатрешни прозори како и прозори кои не можат да се отворат. Услугата е на база ноќевање. Точното име на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 2 седмици пред поаѓање.
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA стандардот.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.
Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:
А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај:
Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување: 1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и 2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување.
Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште.
Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.
(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)